ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/00 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 10 јануари
  • Седмица што почнува од 17 јануари
  • Седмица што почнува од 24 јануари
  • Седмица што почнува од 31 јануари
  • Седмица што почнува од 7 февруари
Нашата служба за Царството 2000
km 1/00 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 10 јануари

Песна 107

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Да се објавува Јеховиното име по целата земја“. Дискусија со прашања и одговори. Вклучи коментари за неформалното сведочење од книгата Наша служба, страници 93, 94.

20 мин: Да се направи легален избор за бескрвно лекување и здравствена нега (Дела 15:28, 29). Говор на квалификуван старешина. После овој состанок, крстените Сведоци можат да добијат нова картичка Однапред дадена медицинска директива/ослободување, а оние кои имаат некрстени малолетни деца можат да добијат Легитимација за секое дете. Овие картички не треба да се пополнат вечерва. Тие треба внимателно да се пополнат дома, но да НЕ се потпишуваат. Потпишувањето, посведочувањето и ставањето датум на сите картички ќе се направи после следната Собраниска студија на книга, ако е потребно со помош на водителот на студијата на книга. Пред да потпишеш, провери дали картичката е целосно пополнета. Оние кои потпишуваат како сведоци, треба да гледаат додека лицето го потпишува документот. Некрстените објавители можат да напишат своја директива што ќе ја користат за себе и за своите деца со тоа што ќе го прилагодат јазикот од оваа картичка кон своите околности и уверувања. Водителите на Собраниската студија на книга треба да се уверат дали сите кои се доделени на нивната група ја имаат потребната помош за да ја пополнат картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување.

Песна 155 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 јануари

Песна 127

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Користи трактати за да започнуваш разговори“. Разгледај кои и да било четири трактати кои обично се користат на подрачјето. Постави прашање кое е одговорено во секој трактат. Побарај од присутните да предложат како може да се употреби прашањето за да се започне разговор и евентуално да се воспостави библиска студија. Покажи како може да се направи тоа со два од тие трактати.

Песна 57 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 јануари

Песна 67

10 мин: Локални известувања и искуства од службата на теренот.

15 мин: „Секој ден разгледувај ја Јеховината реч!“ Говор и дискусија со присутните. Охрабри ги сите добро да го користат Секојдневно разгледување на Писмото за 2000. Вклучи коментари од предговорот на страници 3 и 4. Побарај од објавителите да раскажат како вложуваат посебни напори да го разгледуваат стихот и коментарите секој ден.

20 мин: „Дали ти ќе бидеш таму?“ Говор и искуства што ги води старешина. Големите собири играле водечка улога во зајакнувањето на Божјиот народ уште од библиските времиња па сѐ до нашево време. (Види ја книгата Објавители, страница 254, пасуси 1—3, и Увид, том 1, страница 821, пасус 5.) Охрабри ги сите сега да почнат да прават подготовки за да бидат присутни сите три дена на годинашниов обласен конгрес. Повикај ги присутните да раскажат искуства кои покажуваат дека во минатото нивните трудољубиви напори да бидат присутни биле духовно наградени.

Песна 157 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 31 јануари

Песна 114

12 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба на теренот за јануари. Спомни ја понудата на литература за февруари: книгата Семејната среќа. Прикажи како трите прашања во рамката на страница 12 од книгата можат да се искористат за да се вклучи некого во разговор.

15 мин: Одговор на прашањето за ‚означувањето‘. Говор на старешина, темелен на Стражарска кула од 15 јули 1999, страници 29—31.

18 мин: Како да им се помогне на другите да ја идентификуваат вистинската религија. Дискусија помеѓу квалификуван слуга помошник и двајца или тројца способни објавители во врска со тоа дека луѓето можат да бидат импресионирани од Јеховините сведоци, но не ја сфаќаат јасно разликата помеѓу другите религии и нашата религија. Разгледај ги десетте точки обработени на страница 20 во Разбудете се! од октомври—декември 1995. Објасни како познавањето на овие фактори може да му помогне на искреното лице да ја увиди разликата помеѓу вистинското и лажното обожавање и потребата да учи од Јеховиниот народ и да се поврзе со нас.

Песна 77 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 7 февруари

Песна 113

8 мин: Локални известувања.

17 мин: Разгледување на книгата Даниеловото пророштво. Говор и дискусија со присутните. Разгледај ги врвните точки од новата книга: впечатливи наслови на поглавјата, живи илустрации, рамки со длабоки испитувачки прашања на крајот на секоја дискусија, мапи и табели кои ги разјаснуваат деталите. Разгледај ги охрабрувачките објаснувања за тоа како Михаел ќе „застане“ на еден посебен начин (страници 288—290). Дискутирај за важноста да истраеме како учители на Божјата реч (страници 311, 312). Сите треба внимателно да ја прочитаме книгата и да ги поттикнеме и заинтересираните да го сторат истото.

20 мин: Тие направиле мудар избор. Говор темелен на Стражарска кула од 15 октомври 1997, страници 19—21, пасуси 3—16. Раскажи ги изјавите на некои пионери, кои покажуваат зошто тие сметаат дека животот го користат на најнаградувачки, корисен начин. Охрабри ги сите присутни да ги проценат своите изгледи да пионерат.

Песна 193 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели