Да се објавува Јеховиното име по целата земја
1 Кога Исус им дал налог на своите ученици да бидат сведоци „до најоддалечениот дел од земјата“, тој веќе имал поставено пример кој требало да го следат (Дела 1:8, NW). Секогаш и секаде каде што ќе најдел луѓе, зборувал за Божјата намера за човештвото. Имитирајќи го Христос, класата на верниот роб користи најразлични начини за да се објави Јеховиното име „по целата земја“ (Иса. 12:4, 5).
2 Што било направено во минатото: Во изминатите години во весниците биле издадени проповеди; била режирана „Фотодрамата за создавањето“ и им била прикажана на милиони; се користеле автомобили со звучници; нашироко се користел фонографот а некое време и радиото — само за да се проповеда добрата вест. Се разбира, првенствен нагласок секогаш се ставал на стапувањето во личен контакт со луѓето за да може да се негува пронајдениот интерес. Според тоа, службата од куќа до куќа се покажа како многу делотворен начин за да се објавува насекаде Јеховиното име (Дела 5:42).
3 Што се прави денес: Времињата се променливи и светот се движи со забрзано темпо и на многу места луѓето ретко се наоѓаат дома. Малкумина се склони да одвојат време да читаат и медитираат за духовните работи. Затоа, мораме соодветно на тоа да ја прилагодиме нашата служба. Освен тоа што редовно ќе го обработуваме подрачјето од куќа до куќа, охрабрени сме да одиме секаде каде што има луѓе и да бидеме „секогаш подготвени“ да дадеме одбрана на надежта што е во нас (1. Пет. 3:15). Тоа значи да настојуваме да им проповедаме на колегите, на соучениците, на луѓето на улица и во парковите или на паркиралиштата, од продавница до продавница и секаде каде што има луѓе. Со поддршка од Јехова, нашите напори ќе наидат на голем успех. Дали и ти учествуваш во достигнувањето на луѓето насекаде ?
4 Никој од нас нека не пропушти да вложува напори кога станува збор за објавувањето на Јеховиното име на нашето подрачје. Можеме да најдеме големо задоволство во потполното извршување на нашата служба, додека се ослонуваме на Јехова да ги привлече оние кои се со праведни срца (Јован 6:44).