Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 11 септември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
15 мин: „Јеховиниот благослов нѐ збогатува“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. (Види Insight [Увид], том 2, страница 804, пасуси 6, 7.)
20 мин: „Користи ги тековните настани за да подбудиш интерес“. Дискусија со присутните и прикази. Спомни неколку тековни настани кои го покренале интересот локално. Каква загриженост за иднината предизвикале тие? Користејќи ја книгата Расправљање, страница 14, дај некои предлози за тоа како да се подготви увод кој ќе води до библиска дискусија. Нека има два практични, добро подготвени прикази.
Песна 107 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 18 септември
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Што постигнавме минатата година? Говор на надгледникот за служба. Разгледај врвни точки од собранискиот извештај за 2000 службена година. Дај пофалба за добрите работи што се постигнати. Истакни некои подрачја на кои можеби ќе треба да се направи подобрување. Сосредоточи се на тоа што постигнало собранието во поглед на присутноста на состаноците, започнувањето и водењето библиски студии и редовноста во службата на теренот. Истакни практични цели за претстојната година.
20 мин: „Во прашање се животи!“ Дискусија со присутните. Нагласи ги стиховите што се наведени во статијата.
Песна 35 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 25 септември
15 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за септември. Разгледај ја рубриката прашања.
15 мин: Локални потреби.
15 мин: Нашите списанија не ја губат својата вредност. Што правиш кога ќе ти се соберат постари изданија на Стражарска кула и Разбудете се! Некои објавители ги фрлаат, мислејќи дека темите повеќе не се актуелни. Наместо тоа, Наша служба за Царството од септември 1993, страница 3, нѐ поттикна да носиме некои постари изданија и да ги нудиме кога ќе биде соодветно. Можеш да избереш навремени статии кои можат да ги интересираат мажи, жени, лица од различни професии, постари и тинејџери; потоа списанијата нека ти бидат при рака за да ги нудиш кога ќе се укаже прилика. Прикажи како можат да се изберат некои статии и истите да се презентираат. Раскажи успешни искуства што ги имале објавителите во нудењето постари списанија.
Песна 32 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 2 октомври
15 мин: Локални известувања. Информирај го собранието во врска со специјалната дистрибуција што е планирана за Веста за Царството бр. 36, која ќе започне во понеделник, 16 октомври, и ќе трае до петок, 17 ноември. Поттикни ги сите, вклучувајќи ги и младите и поновите, да се потрудат да имаат целосно учество. Водителите на студијата на книга треба уште сега да почнат да ги охрабруваат и да ги организираат сите што се во нивната група да учествуваат колку што е можно поревносно. Вклучи изградувачки искуства од последната дистрибуција на Веста за Царството.
15 мин: „Треба ли да се преселам?“ Говор на старешина. Објасни зошто е потребно да се покажува проникливост кога се донесува одлука за преселба на некое друго место. Дискутирај за тоа како да се примени советот што се наоѓа во Пословици 22:3. Вклучи и коментари за претпазливоста, кои се наоѓаат во Стражарска кула од 1 јануари 1989, страница 30.
15 мин: Искуства од започнувањето разговори. Во програмата за Состанокот за служба за седмицата од 11 септември беше препорачано да смислуваме уводи во врска со тековни настани за да подбудиме интерес и да започнуваме разговори во службата. Замоли ги присутните да раскажат какви добри резултати имале досега кога ги применувале овие предлози.
Песна 190 и заклучна молитва.