Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 8 јануари
7 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
13 мин: „Нека свети вашата светлина“.a Вклучи и коментари од Стражарска кула од 1 јуни 1997, 15. страница, пасуси 12 и 13. Охрабри ги сите да ја искористат секоја прилика за сведочење.
25 мин: Подготовки полни со љубов за нашата здравствена заштита. Говор на еден квалификуван старешина. Нагласи дека најдобрата можна законска заштита од несакана трансфузија се добива со пополнување на картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување. После овој состанок, крстените објавители ќе можат да го добијат овој документ, но НЕ треба да го пополнуваат вечерва. Собранието треба да има доволно картички за да се поделат. Потпишувањето, посведочувањето и ставањето датум на картичките ќе се направи после следната Собраниска студија на книга, ако е потребно со помош на водителот на студијата на книга. Оние кои се потпишуваат како сведоци треба да гледаат додека поединецот го потпишува документот. Водителите на студијата на книга треба да се погрижат сите што се доделени во нивната група да ја добијат потребната помош за да ја пополнат картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување. Откако ќе заврши состанокот, родителите можат да добијат Легитимации за децата. Некрстените објавители можат да напишат своја директива што ќе ја користат за себе и за своите деца со тоа што ќе го усогласат јазикот од овој документ кон своите околности и уверувања.
Песна 33 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 15 јануари
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Дали секојдневно го испитуваш Писмото? Говор и интервјуа. Разгледај ја Стражарска кула од 15 декември 1996, страници 17, 18, пасуси 12—14, истакнувајќи колку е мудро да се води секојдневна дискусија за дневниот стих како семејство. Интервјуирај членови на едно семејство, при што секој се потсетува на некоја неодамнешна дискусија за дневниот стих која се покажала особено корисна и нека каже зошто. Нагласи дека ова треба да биде дел од една редовна програма на семејна студија, наменета да ги зајакне нашите домаќинства и семејства да останат активни во службата.
Песна 67 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 22 јануари
7 мин: Локални известувања.
18 мин: Како да се подготвуваат уводи. Говор и прикази. Разгледај ги клучните мисли од книгата Расудување, 9. страница. Покажи како можеме да избереме уводи кои најмногу одговараат на нашиот стил, личност и подрачје. Разгледај некои уводи кои можат да се користат со брошурата Бара и нека има приказ на еден или два од нив. (Види Наша служба за Царството од април 1997, 8. страница.) Охрабри ги сите добро да ги користат во својата служба предлозите што се дадени во книгата Расудување и во Наша служба за Царството.
20 мин: „Биди добар слушател“. Говор и дискусија со присутните. Разгледај мисли од Vodič, 27. страница, пасуси 15—17. Најдобра проверка на нашите навики на слушање е тоа на колку работи можеме да се сетиме. Замоли ги присутните да се потсетат на некои истакнати мисли што ги изнесоа учесниците на вечерашнава Теократска школа за служба.
Песна 62 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 29 јануари
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за јануари. Спомни ја понудата на литература за февруари, истакнувајќи кои книги собранието ги има во резерва.
15 мин: Подобро запознај го Творецот. Говор на темел на Стражарска кула од 15 јуни 1999, страници 24—26, кој ќе создаде исчекување за собраниската студија на книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Охрабри ги младите да учествуваат во седмичните дискусии на студијата на книга. Сите ќе сакаат редовно да присуствуваат, желни да научат колку што е можно повеќе за нашиот Голем Творец.
20 мин: „Родители — всадете корисни навики во своите деца“. Говор и интервју со родители чии деца добро напредуваат духовно. Родителите размислуваат за позитивните работи што ги направиле за да ги вклучат децата во службата на теренот. Ако дозволува времето, внеси предлози од книгата Семејна среќа, страници 55—59.
Песна 127 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 5 февруари
10 мин: Локални известувања.
15 мин: „Биди среќен извршител“.b Покажи што ја зголемува нашата радост во Божјата служба, како што е изнесено во книгата Insight (Увид), том 2, 120. страница, пасуси 6—8.
20 мин: Можеш да најдеш здрава забава. Едно семејство дискутира за советите што се дадени во Разбудете се! од 8 септември 1997. Таткото е загрижен заради рекреативните активности на своето семејство. Откако накратко ја разгледуваат статијата „Што се случило со забавата?“, (страници 4—7), тие се сосредоточуваат на облиците на забава кои можат да бидат здрави и корисни. Разгледај го материјалот од книгата Наша служба, страници 131 и 132, под „Рекреација“ и страници 134 и 135 под „Сето тоа правете го за слава Божја“. Нагласи ја улогата на родителите во преземањето водство и потребата членовите на семејството да соработуваат во корист на целото домаќинство.
Песна 190 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.