Распоред за Теократска школа за служба за 2002
Упатства
Во текот на 2002 година ќе важат следниве подготовки за водење на Теократската школа за служба:
УЧЕБНИЦИ: Задачите ќе се темелат на Библијата, Стражарска кула [w], „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“ [si-SB] и Расудување на темел на Писмото [rs-SB].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со песна, молитва и кратки изрази на добредојде. Нема потреба да се дава преглед на она што е на програмата. Кога надгледникот на школата ќе го воведува секој следен дел, ќе ја спомне темата што ќе се разгледува. Нека продолжи на следниов начин:
ЗАДАЧА БР. 1: 15 минути. Треба да ја одржи старешина или слуга помошник, а ќе се темели на Стражарска кула или „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“. Кога ќе се темели на Стражарска кула, оваа задача треба да се изнесе како 15-минутен поучен говор без усно повторување; кога ќе се темели на книгата „Сето Писмо“, треба да се изнесе како 10 до 12-минутен говор по кој ќе следат 3 до 5 минути усно повторување со помош на отпечатените прашања од публикацијата. Целта не треба да биде само да се обработи материјалот туку да се сосредоточи вниманието на практичната вредност на информациите за кои се дискутира, истакнувајќи го она што ќе биде од најголема корист за собранието. Треба да се користи наведената тема.
Браќата на кои им е доделен овој говор треба да внимаваат да се држат во рамките на определеното време. Може да им се даде приватен совет ако е потребно или ако тоа го бара говорникот.
ВРВНИ ТОЧКИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 6 минути. Треба да ги изнесе некој старешина или слуга помошник што делотворно ќе го примени материјалот на локалните потреби. Не е потребно да има тема. Ова не треба да биде само резиме на доделеното читање. Може да се вклучи 30 до 60 секунди општ преглед на доделените поглавја. Меѓутоа, главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите ни користат нам. Потоа, надгледникот на школата ќе ги распореди учениците во различни простории.
ЗАДАЧА БР. 2: 5 минути. Ова е читање на доделениот материјал од Библијата што ќе го одржи еден брат. Ова ќе важи како за главната школа така и за помошните школи. Доделбите за читање обично се доволно кратки за да им дадат можност на учениците да изнесат кратки објасненија во уводните и во заклучните забелешки. Може да се вклучи историската заднина, пророчкото или доктринарното значење, како и примената на начелата. Сите доделени стихови треба да се прочитаат без прекин. Се разбира, кога стиховите што треба да се читаат не се еден по друг, ученикот може да го наведе стихот онаму каде што продолжува читањето.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Ќе биде доделена на сестра. Темата на оваа презентација ќе биде земена од Расудување на темел на Писмото. Може да се користи секоја рамка што одговара за вашето подрачје, а учесничките може да седат или да стојат. Надгледникот на школата треба да биде особено заинтересиран за начинот на кој ученичката ја обработува доделената тема и му помага на станарот да резонира за библиските стихови. Ученичката на која ѝ е доделен овој дел треба да знае да чита. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник, но може да се користи и додатен помошник. Првенствено внимание треба да се обрне на делотворното користење на Библијата, а не на рамката.
ЗАДАЧА БР. 4: 5 минути. Темата на оваа задача ќе биде земена од Расудување на темел на Писмото. Задачата бр. 4 може да се додели на брат или на сестра. Кога се доделува на брат, оваа задача треба секогаш да се изнесе во вид на говор. Кога се доделува на сестра, материјалот треба да се изнесе онака како што е изложено во задача бр. 3.
РАСПОРЕД ЗА ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА: Сите во собранието се охрабрени да го следат распоредот за седмично читање на Библијата, според кој треба да се прочита околу една страница на ден.
ЗАБЕЛЕШКА: За додатни информации и упатство во поглед на советот, времетраењето, писменото повторување и подготовката за задачите, ве молиме видете во Наша служба за Царството од октомври 1996, на 3. страница.
РАСПОРЕД
7 јан. Читање на Библијата: Проповедник 1—6
Бр. 1: Увод во Проповедник (si стр. 112, 113 пас. 1—8)
Бр. 2: Проповедник 4:1—16
Бр. 3: a‚Дали верувате во лекување?‘ (rs стр. 208 пас. 1, 2)
Бр. 4: Дали сите сме постоеле во духовното подрачје пред да се родиме како луѓе? (rs стр. 233 пас. 2 до стр. 234 пас. 4)
14 јан. Читање на Библијата: Проповедник 7—12
Бр. 1: Проповедник — зошто е корисна (si стр. 114 пас. 15—19)
Бр. 2: Проповедник 8:1—17
Бр. 3: Да не згрешел Адам, дали би отишол на небо? (rs стр. 234 пас. 5, 6)
Бр. 4: Мора ли човек да отиде на небо за да има навистина среќна иднина? (rs стр. 235 пас. 1—3)
21 јан. Читање на Библијата: Песна над песни 1—8
Бр. 1: Увод во Песна над песни и зошто е корисна (si стр. 115, 117 пас. 1—4, 16—18)
Бр. 2: Песна над песни 5:1—16
Бр. 3: Какво е значењето на 1. Петрово 3:19, 20? (rs стр. 235 пас. 4)
Бр. 4: Какво е значењето на 1. Петрово 4:6? (rs стр. 236 пас. 1)
28 јан. Читање на Библијата: Исаија 1—6
Бр. 1: Увод во Исаија (si стр. 118, 119 пас. 1—8)
Бр. 2: Исаија 2:1—17
Бр. 3: Дали сите христијани имаат надеж за небесен живот? (rs стр. 236 пас. 2 до стр. 237 пас. 1)
Бр. 4: Што вели „Новиот завет“ за вечниот живот на Земјата? (rs стр. 237 пас. 2 до стр. 238 пас. 3)
4 фев. Читање на Библијата: Исаија 7—11
Бр. 1: Нам ни е потребна Јеховината организација (w 1.1.00 стр. 30, 31)
Бр. 2: Исаија 8:1—22
Бр. 3: Според Библијата, колку луѓе имаат надеж за небесен живот? (rs стр. 238 пас. 4, 5)
Бр. 4: Дали оние 144.000 се само природни Евреи? (rs стр. 238 пас. 6 до стр. 239 пас. 3)
11 фев. Читање на Библијата: Исаија 12—19
Бр. 1: Како гледаш на себеси? (w 15.1.00 стр. 20—22)
Бр. 2: Исаија 17:1—14
Бр. 3: Каква е библиската надеж за ‚големото мноштво‘? (rs стр. 239 пас. 4 до стр. 240 пас. 1)
Бр. 4: Што ќе прават на небото оние што ќе одат таму? (rs стр. 240 пас. 2—6)
18 фев. Читање на Библијата: Исаија 20—26
Бр. 1: Негувај присност со Јехова (w 15.1.00 стр. 23—26)
Бр. 2: Исаија 22:1—19
Бр. 3: Дали Библијата вели дека душата ја преживува смртта на телото? (rs стр. 275 пас. 4 до стр. 276 пас. 4)
Бр. 4: Кои луѓе одат во библискиот пекол? (rs стр. 276 пас. 5 до стр. 277 пас. 1)
25 фев. Читање на Библијата: Исаија 27—31
Бр. 1: Прогонителот гледа голема светлина (w 15.1.00 стр. 27—29)
Бр. 2: Исаија 29:1—14
Бр. 3: Дали некогаш некој ќе излезе од библискиот пекол? (rs стр. 277 пас. 2—4)
Бр. 4: Постои ли вечна казна за злобните? (rs стр. 278 пас. 1—3)
4 март Читање на Библијата: Исаија 32—37
Бр. 1: Успех преку истрајност (w 1.2.00 стр. 4—6)
Бр. 2: Исаија 33:1—16
Бр. 3: Што значи ‚вечното мачење‘ што се спомнува во Откровение? (rs стр. 278 пас. 4 до стр. 279 пас. 1)
Бр. 4: Што е ‚огнената Геена‘ за која зборувал Исус? (rs стр. 279 пас. 2 до стр. 280 пас. 1)
11 март Читање на Библијата: Исаија 38—42
Бр. 1: Мудар мајчински совет (w 1.2.00 стр. 30, 31)
Бр. 2: Исаија 42:1—16
Бр. 3: Каква е казната за гревот? (rs стр. 280 пас. 2—5)
Бр. 4: Дали Исус учел дека злобните ќе бидат мачени по смртта? (rs стр. 281 пас. 1)
18 март Читање на Библијата: Исаија 43—47
Бр. 1: Остани надвор од опасната зона (w 15.2.00 стр. 4—7)
Бр. 2: Исаија 44:6—20
Бр. 3: Што значи споредбата за богаташот и Лазар? (rs стр. 281 пас. 2 до стр. 282 пас. 1)
Бр. 4: Дали Божиќ е празник што се темели на Библијата? (rs стр. 307 пас. 1—4)
25 март Читање на Библијата: Исаија 48—52
Бр. 1: Моќта на молитвата (w 1.3.00 стр. 3, 4)
Бр. 2: Исаија 49:1—13
Бр. 3: Кои биле мудреците, односно магите, кои ѕвездата ги одвела кај Исус? (rs стр. 308 пас. 1—3)
Бр. 4: Што треба да земеме предвид кога ги испитуваме божиќните традиции? (rs стр. 308 пас. 4 до стр. 309 пас. 2)
1 апр. Читање на Библијата: Исаија 53—59
Бр. 1: Да се бара Јехова со подготвено срце (w 1.3.00 стр. 29—31)
Бр. 2: Исаија 54:1—17
Бр. 3: Кои начела треба да нѐ водат во врска со прославите? (rs стр. 309 пас. 3 до стр. 310 пас. 2)
Бр. 4: Што треба да знаеме за Велигден и за новогодишните прослави? (rs стр. 310 пас. 3 до стр. 311 пас. 3)
8 апр. Читање на Библијата: Исаија 60—66
Бр. 1: Исаија — зошто е корисна (si стр. 123 пас. 34—39)
Бр. 2: Исаија 61:1—11
Бр. 3: Што стои зад празниците во сеќавање на „духовите на умрените“? (rs стр. 311 пас. 4 стр. 312 пас. 3)
Бр. 4: Што знаеме за Св. Валентин, Денот на мајката и државните празници? (rs стр. 313 пас. 1—6)
15 апр. Читање на Библијата: Еремија 1—4
Бр. 1: Увод во Еремија (si стр. 124 пас. 1—5)
Бр. 2: Еремија 2:4—19
Бр. 3: Што вели Библијата за ликовите како предмет на обожавање? (rs стр. 209 пас. 1—4)
Бр. 4: Можат ли ликовите да се користат само како помош во обожавањето на вистинскиот Бог? (rs стр. 209 пас. 5 до стр. 210 пас. 4)
22 апр. Читање на Библијата: Еремија 5—8
Бр. 1: Зошто на човештвото му е потребен помошник (w 15.3.00 стр. 3, 4)
Бр. 2: Еремија 7:1—20
Бр. 3: Треба ли да ги обожаваме „светците“ како посредници до Бог? (rs стр. 210 пас. 5 до стр. 211 пас. 2)
Бр. 4: Како гледа Бог на ликовите што се предмет на обожавање? (rs стр. 211 пас. 3 до стр. 212 пас. 2)
29 апр. Писмено повторување. Читање на Библијата: Еремија 9—13
6 мај Читање на Библијата: Еремија 14—18
Бр. 1: Како може да ни помогне Исус Христос (w 15.3.00 стр. 5—9)
Бр. 2: Еремија 17:1—18
Бр. 3: Што треба да мислиме за ликовите што некогаш сме ги обожавале? (rs стр. 212 пас. 3—5)
Бр. 4: Како може употребата на ликови во обожавање да влијае врз нашата иднина? (rs стр. 212 пас. 6 до стр. 213 пас. 3)
13 мај Читање на Библијата: Еремија 19—23
Бр. 1: Скромност — особина која унапредува мир (w 15.3.00 стр. 21—24)
Бр. 2: Еремија 19:1—15
Бр. 3: Кога луѓето ќе ги отфрлат библиските мерила, дали навистина стекнуваат слобода? (rs стр. 241 пас. 1—3)
Бр. 4: Што ни советува Библијата за материјалистичките цели и прекумерното консумирање алкохол? (rs стр. 241 пас. 4, 5)
20 мај Читање на Библијата: Еремија 24—28
Бр. 1: Примерен човек кој прифатил исправање (w 15.3.00 стр. 25—28)
Бр. 2: Еремија 25:1—14
Бр. 3: Чувај го својот однос со Јехова и избегнувај лошо друштво (rs стр. 242 пас. 2)
Бр. 4: Кој ги потстрекнал луѓето да ги игнорираат Божјите заповеди? (rs стр. 242 пас. 3 до стр. 243 пас. 1)
27 мај Читање на Библијата: Еремија 29—31
Бр. 1: Како Божјиот дух дејствува денес? (w 1.4.00 стр. 8—11)
Бр. 2: Еремија 30:1—16
Бр. 3: Какви ставови треба да избегнуваме? (rs стр. 243 пас. 2 до стр. 244 пас. 1)
Бр. 4: Кога независноста ќе наведе некого да го имитира светот, под чија контрола доаѓа тој? (rs стр. 244 пас. 2, 3)
3 јуни Читање на Библијата: Еремија 32—35
Бр. 1: Утеши се во Јеховината сила (w 15.4.00 стр. 4—7)
Бр. 2: Еремија 34:1—16
Бр. 3: Каде се наоѓа Божјето име во библиските преводи што најчесто се употребуваат денес? (rs стр. 158 пас. 3 до стр. 160 пас. 2)
Бр. 4: Зошто многу библиски преводи не го користат Божјето лично име? (rs стр. 160 пас. 3 до стр. 161 пас. 3)
10 јуни Читање на Библијата: Еремија 36—40
Бр. 1: Дали гледаш на насилниците онака како што гледа Бог? (w 15.4.00 стр. 26—29)
Бр. 2: Еремија 37:1—17
Бр. 3: Кој облик на божественото име е исправен — Јехова или Јахве? (rs стр. 162 пас. 1 до стр. 164 пас. 5)
Бр. 4: Дали Јехова од „Стариот завет“ е Исус Христос од „Новиот завет“? (rs стр. 164 пас. 6 до стр. 165 пас. 1)
17 јуни Читање на Библијата: Еремија 41—45
Бр. 1: „Чувај го срцето свое“ (w 15.5.00 стр. 20—24)
Бр. 2: Еремија 41:1—15
Бр. 3: Како може некој да го сака Јехова кога треба и да се плаши од него? (rs стр. 165 пас. 2, 3)
Бр. 4: По кои верувања Јеховините сведоци се разликуваат од останатите религии? (rs стр. 166 пас. 1 до стр. 167 пас. 4)
24 јуни Читање на Библијата: Еремија 46—49
Бр. 1: Совршен живот — не е само сон! (w 15.6.00 стр. 5—7)
Бр. 2: Еремија 49:1—13
Бр. 3: Дали Јеховините сведоци се американска религија? (rs стр. 167 пас. 5 до стр. 168 пас. 4)
Бр. 4: Дали Јеховините сведоци се некоја секта или култ? (rs стр. 168 пас. 5 до стр. 170 пас. 1)
1 јули Читање на Библијата: Еремија 50—52
Бр. 1: Еремија — зошто е корисна (si стр. 129 пас. 36—39)
Бр. 2: Еремија 50:1—16
Бр. 3: Дали Јеховините сведоци веруваат дека само нивната религија е исправна? (rs стр. 170 пас. 2, 3)
Бр. 4: Вистинската религија се придржува за Библијата (rs стр. 170 пас. 4)
8 јули Читање на Библијата: Плач Еремиин 1, 2
Бр. 1: Увод во Плач Еремиин (si стр. 130 пас. 1—7)
Бр. 2: Плач Еремиин 1:1—14
Бр. 3: Како Јеховините сведоци дошле до нивното објаснување на Библијата? (rs стр. 171 пас. 1 до стр. 172 пас. 2)
Бр. 4: Зошто имало промени во учењата на Јеховините сведоци? (rs стр. 172 пас. 3)
15 јули Читање на Библијата: Плач Еремиин 3—5
Бр. 1: Плач Еремиин — зошто е корисна (si стр. 132 пас. 13—15)
Бр. 2: Плач Еремиин 3:1—30
Бр. 3: Зошто Јеховините сведоци проповедаат од куќа до куќа? (rs стр. 172 пас. 4 до стр. 173 пас. 3)
Бр. 4: Зошто Јеховините сведоци се прогонувани? (rs стр. 173 пас. 5 до стр. 174 пас. 1)
22 јули Читање на Библијата: Езекиел 1—6
Бр. 1: Увод во Езекиел (si стр. 132, 133 пас. 1—6)
Бр. 2: Езекиел 4:1—17
Бр. 3: b‚Зошто не се ангажирате во нешто што ќе придонесе светот да биде поубаво место за живот?‘ (rs стр. 174 пас. 2 до стр. 175 пас. 2)
Бр. 4: c‚Христијаните треба да бидат сведоци за Исус, а не за Јехова‘ (rs стр. 175 пас. 3)
29 јули Читање на Библијата: Езекиел 7—12
Бр. 1: Извлечи корист од добрите примери (w 1.7.00 стр. 19—21)
Бр. 2: Езекиел 10:1—19
Бр. 3: Дали Исус Христос бил вистинска личност? (rs стр. 142 пас. 1 до стр. 143 пас. 1)
Бр. 4: Дали Исус Христос бил само добар човек? (rs стр. 143 пас. 2)
5 авг. Читање на Библијата: Езекиел 13—16
Бр. 1: Можеш да останеш чист во неморален свет (w 15.7.00 стр. 28—31)
Бр. 2: Езекиел 13:1—16
Бр. 3: Дали Исус бил верски водач како и другите? (rs стр. 143 пас. 3)
Бр. 4: Зошто Евреите, општо земено, не го прифатиле Исус? (rs стр. 144 пас. 1, 2)
12 авг. Читање на Библијата: Езекиел 17—20
Бр. 1: Зошто да се почитува авторитетот? (w 1.8.00 стр. 4—7)
Бр. 2: Езекиел 17:1—18
Бр. 3: Дали Исус Христос е Бог? (rs стр. 145 пас. 1, 2)
Бр. 4: Дали Јован 1:1 докажува дека Исус е Бог? (rs стр. 145 пас. 4—6)
19 авг. Читање на Библијата: Езекиел 21—23
Бр. 1: Како се справуваш со несогласувањата? (w 15.8.00 стр. 23—25)
Бр. 2: Езекиел 22:1—16
Бр. 3: Дали извикот на Тома во Јован 20:28 е доказ дека Исус навистина е Бог? (rs стр. 146 пас. 1—3)
Бр. 4: Дали Матеј 1:23 покажува дека Исус бил Бог додека бил на Земјата? (rs стр. 147 пас. 1—3)
26 авг. Писмено повторување. Читање на Библијата: Езекиел 24—28
2 септ. Читање на Библијата: Езекиел 29—32
Бр. 1: Зошто да се биде самопожртвуван? (w 15.9.00 стр. 21—24)
Бр. 2: Езекиел 30:1—19
Бр. 3: Какво е значењето на Јован 5:18? (rs стр. 147 пас. 4, 5)
Бр. 4: Дали фактот што се врши обожавање на Исус докажува дека тој е Бог? (rs стр. 147 пас. 6 до стр. 148 пас. 2)
9 септ. Читање на Библијата: Езекиел 33—36
Бр. 1: Како можеш да му се приближиш на Бог (w 15.10.00 стр. 4—7)
Бр. 2: Езекиел 33:1—16
Бр. 3: Дали чудата што ги правел Исус докажуваат дека тој е Бог? (rs стр. 148 пас. 3 до стр. 149 пас. 1)
Бр. 4: Дали верувањето во Исус Христос е сѐ што е потребно за спасение? (rs стр. 149 пас. 3)
16 септ. Читање на Библијата: Езекиел 37—40
Бр. 1: По што го мериш успехот? (w 1.11.00 стр. 18—21)
Бр. 2: Езекиел 39:1—16
Бр. 3: Дали Исус живеел на небото пред да стане човек? (rs стр. 149 пас. 4 до стр. 150 пас. 1)
Бр. 4: Дали Исус е на небото со своето физичко тело? (rs стр. 150 пас. 2—5)
23 септ. Читање на Библијата: Езекиел 41—45
Бр. 1: Служи му на Бог со спремен дух (w 15.11.00 стр. 21—23)
Бр. 2: Езекиел 42:1—20
Бр. 3: Дали Исус Христос е истата личност како архангел Михаел? (rs стр. 151 пас. 1—3)
Бр. 4: d‚Вие не верувате во Исус‘ (rs стр. 152 пас. 1—3)
30 септ. Читање на Библијата: Езекиел 46—48
Бр. 1: Езекиел — зошто е корисна (si стр. 137 пас. 29—33)
Бр. 2: Езекиел 46:1—15
Бр. 3: e‚Дали го прифаќате Исус како свој личен Спасител?‘ (rs стр. 152 пас. 4, 5)
Бр. 4: f‚Јас сум го прифатил Исус како мој личен Спасител‘ (rs стр. 153 пас. 1)
7 окт. Читање на Библијата: Даниел 1—4
Бр. 1: Увод во Даниел (si стр. 138, 139 пас. 1—6)
Бр. 2: Даниел 1:1—17
Бр. 3: Дали природните Евреи денес се Божји избран народ? (rs стр. 153 пас. 2 до стр. 154 пас. 4)
Бр. 4: Дали сите Евреи ќе се обратат на верата во Христос? (rs стр. 155 пас. 1, 2)
14 окт. Читање на Библијата: Даниел 5—8
Бр. 1: Мора ли секогаш да веруваш во она што го велат „мудрите“ луѓе? (w 1.12.00 стр. 29—31)
Бр. 2: Даниел 5:1—16
Бр. 3: Мораат ли Евреите да положат вера во Исус за да бидат спасени? (rs стр. 155 пас. 3 до стр. 156 пас. 1)
Бр. 4: Дали она што се случува во Израел денес е исполнување на библиско пророштво? (rs стр. 156 пас. 2 до стр. 157 пас. 2)
21 окт. Читање на Библијата: Даниел 9—12
Бр. 1: Даниел — зошто е корисна (si стр. 141, 142 пас. 19—23)
Бр. 2: Даниел 10:1—21
Бр. 3: Дали пророштвата за обнова на Израел имаат исполнување денес? (rs стр. 157 пас. 3 до стр. 158 пас. 2)
Бр. 4: Дали Божјето Царство е вистинска влада? (rs стр. 176 пас. 1, 2)
28 окт. Читање на Библијата: Осија 1—14
Бр. 1: Увод во Осија и зошто е корисна (si стр. 143—145 пас. 1—8, 14—17)
Бр. 2: Осија 4:1—19
Бр. 3: Кои се владетелите во Царството? (rs стр. 176 пас. 3 до стр. 177 пас. 1)
Бр. 4: Како ќе влијае Божјето Царство врз човечките влади? (rs стр. 177 пас. 2, 3)
4 ноем. Читање на Библијата: Јоил 1—3
Бр. 1: Увод во Јоил и зошто е корисна (si стр. 146—148 пас. 1—5, 12—14)
Бр. 2: Јоил 1:1—20
Бр. 3: Божјето Царство ќе го посвети Јеховиното име (rs стр. 177 пас. 4 до стр. 178 пас. 1)
Бр. 4: Божјето Царство ќе го обедини целото творештво во чисто обожавање (rs стр. 178 пас. 2, 3)
11 ноем. Читање на Библијата: Амос 1—9
Бр. 1: Увод во Амос и зошто е корисна (si стр. 148—150 пас. 1—6, 13—17)
Бр. 2: Амос 1:1—15
Бр. 3: Божјето Царство ќе ги отстрани војните и корупцијата (rs стр. 179 пас. 1—4)
Бр. 4: Божјето Царство ќе обезбеди храна за сите и ќе ја отстрани болеста (rs стр. 179 пас. 5—7)
18 ноем. Читање на Библијата: Авдија 1-21 — Јона 1-4
Бр. 1: Увод во Авдија и Јона и зошто се корисни (si стр. 151, 152 пас. 1—5, 10—14; стр. 153, 154 пас. 1—4, 9—12)
Бр. 2: Авдија 1:1—16
Бр. 3: Божјето Царство ќе обезбеди дом, вработување и сигурност за сите (rs стр. 180 пас. 1—4)
Бр. 4: Под Божјето Царство ќе преовладуваат праведност и правда (rs стр. 180 пас. 5—7)
25 ноем. Читање на Библијата: Михеј 1—7
Бр. 1: Увод во Михеј и зошто е корисна (si стр. 155—158 пас. 1—8, 16—19)
Бр. 2: Михеј 1:1—16
Бр. 3: Под Божјето Царство ќе воскреснат мртвите (rs стр. 181 пас. 1—4)
Бр. 4: Божјето Царство ќе оствари свет на љубов и хармонија (rs стр. 181 пас. 5 до стр. 182 пас. 1)
2 дек. Читање на Библијата: Наум 1-3 — Хабакук 1-3
Бр. 1: Увод во Наум и Хабакук и зошто се корисни (si стр. 158—160 пас. 1—7, 11, 12; стр. 161—163 пас. 1—5, 12—14)
Бр. 2: Наум 3:1—19
Бр. 3: Божјето Царство ќе ја претвори Земјата во рај (rs стр. 182 пас. 2—4)
Бр. 4: Дали Божјето Царство почнало да владее во првиот век? (rs стр. 182 пас. 5 до стр. 183 пас. 1)
9 дек. Читање на Библијата: Софонија 1-3 — Агеј 1-2
Бр. 1: Увод во Софонија и Агеј и зошто се корисни (si стр. 163—166 пас. 1—6, 10—12; стр. 166—168 пас. 1—7, 13—16)
Бр. 2: Софонија 2:1—15
Бр. 3: Мора ли доаѓањето на Божјето Царство да чека светот да се преобрати? (rs стр. 183 пас. 2, 3)
Бр. 4: g‚Божјето Царство нема да дојде додека сум жив јас‘ (rs стр. 184 пас. 1, 2)
16 дек. Читање на Библијата: Захарија 1—8
Бр. 1: Увод во Захарија (si стр. 168, 169 пас. 1—7)
Бр. 2: Захарија 6:1—15
Бр. 3: Што покажува дека живееме во последните денови? (rs стр. 298 пас. 1)
Бр. 4: Како војните и недостигот на храна се дел од „знакот“? (rs стр. 298 пас. 2 до стр. 299 пас. 3)
23 дек. Читање на Библијата: Захарија 9—14
Бр. 1: Захарија — зошто е корисна (si стр. 171, 172 пас. 23—27)
Бр. 2: Захарија 9:1—17
Бр. 3: Како се исполнува Лука 21:11 од 1914? (rs стр. 299 пас. 4 до стр. 300 пас. 2)
Бр. 4: Што покажува порастот на беззаконието? (rs стр. 300 пас. 3, 4)
30 дек. Писмено повторување. Читање на Библијата: Малахија 1—4
[Фусноти]
a Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
b Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
c Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
d Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
e Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
f Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.
g Ако допушта времето, разгледај ги одговорите за тврдењата, приговорите итн. што најмногу ќе одговараат на потребите на подрачјето.