ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/02 стр. 2-7
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 14 октомври
  • Седмица што почнува од 21 октомври
  • Седмица што почнува од 28 октомври
  • Седмица што почнува од 4 ноември
Нашата служба за Царството 2002
km 10/02 стр. 2-7

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 14 октомври

Песна 130

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Охрабри ги сите да прочитаат Броеви поглавје 25 и Увид, том 2, стр. 419, пасуси 3—5, и потоа да ја гледаат видеокасетата Предупредувачки примери за нашево време како подготовка за дискусијата на состанокот за служба од седмицата од 28 октомври. Иако оваа видеокасета сѐ уште не е достапна на македонски јазик, тоа што ќе ја гледаме на некој друг достапен јазик и ќе се потсетиме на драмата што беше прикажана на програмата на обласниот конгрес во 2000, ќе ни биде од корист на сите. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има приказ за тоа како да се презентира Стражарска кула од 15 октомври. Нека се прикаже како да се одговори на приговорот: „Веќе сум добро запознаен со вашето дело“. (види ја книгата Расправљање, 20. страница.)

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Како собраниските надгледници на студија на книга покажуваат личен интерес.“ Дискусија со прашања и одговори што треба да ја изнесе собранискиот надгледник за студија на книга. Во воведните коментари, накратко објасни како почнала подготовката за студија на книга (jv-E 237 пас. 4). Договори однапред двајца или тројца објавители да коментираат за тоа како тие извлекле корист од личниот интерес што им бил покажан преку собраниската студија на книга.

Песна 143 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 октомври

Песна 204

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

35 мин: „Извлекуваме целосна корист од програмата на обласниот конгрес ‚Ревносни објавители на Царството.‘ “ Да го одржи водителот на студија на Стражарска кула. По едноминутниот вовед, води дискусија со присутните за програмата на обласниот конгрес, користејќи ги прашањата што се дадени во статијата. Внимателно распореди го своето време. Може да бидат вклучени кратки коментари за да ги потсетиш присутните на клучните точки. Кога е прикладно, прашај ги присутните како тие го применуваат она што го научиле и кои користи ги добиваат од тоа.

Песна 70 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 октомври

Песна 174

8 мин: Локални известувања. Охрабри ги сите да ги разгледаат своите белешки од програмата на минатиот Ден на посебен собир како подготовка за дискусијата за состанокот за служба наредната седмица. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за октомври. Користејќи ги предлозите на 8. страница, една сестра нека прикаже како да се презентира Стражарска кула од 1 ноември, а еден брат нека покаже како да се презентира Разбудете се! од 8 ноември. По секој приказ, кратко нагласи го позитивниот аспект на презентацијата.

12 мин: Локални искуства. Покани го собранието да раскаже некои искуства во кои уживале додека патувале до и од обласниот конгрес, за време на конгресот или додека сведочеле неформално на работа, на училиште, кога пазарувале итн.

25 мин: „Срдечен повик да внимаваме на Предупредувачки примери за нашево време.“ Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута, потоа веднаш премини на дискусија со присутните за секое прашање што е дадено во статијата.

Песна 27 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 4 ноември

Песна 3

10 мин: Локални известувања. Разгледај накратко неколку предлози од додатокот од Наша служба за Царството од јануари 2002 за да се презентира брошурата Бара и книгата Спознание. Прикажи една од презентациите.

13 мин: Не се срамиме од добрата вест. (Рим. 1:16). Еден младинец му пристапува на таткото со проблем. Младичот е колеблив во врска со тоа да биде идентификуван како Јеховин сведок зашто се плаши да не биде исмеан од своите врсници. Таткото му се заблагодарува на младинецот што бил искрен. Тој раскажува како Петар реагирал еднаш поради притисокот од другите (Мат. 26:69—74). Таткото го дава следниов совет: Никогаш не треба да се срамиме од тоа кои сме како христијани (Мар. 8:38). На училиште е предност да се идентификуваш себеси како Сведок. Кога се информирани, многу наставници ќе ги почитуваат твоите верувања и нема да се обидуваат да те вовлечат во активности што за тебе се неприфатливи. Помалку веројатно е дека неверните младинци ќе се обидат да те наговорат на погрешно однесување. Другите соученици поспремно ќе разберат зошто избираш да не се состануваш со некого, да не учествуваш во воншколски спортови или активности. Колку што дозволува времето, таткото и младинецот дискутираат за точките од поднасловот „Јавно објавување на твоето пријателство со Бог“ од книгата Младите прашуваат, страници 315—318. Тинејџерот ја изразува својата благодарност за добриот совет.

22 мин: Подложете му се на Бог — спротивставете му се на Ѓаволот. (Јак. 4:7). Користејќи ги прашањата дадени овде, еден старешина води жива дискусија со присутните за програмата на денот на специјален собир што беше одржан во текот на минатата службена година. Побарај некои од собранието да раскажат како можеле да го применат она што го научиле. (Однапред можат да се доделат делови.) Нагласи ги следниве делови од програмата: 1) „Подложност на Бог во поробен свет“. Зошто мораме да бидеме будни за да ги избегнуваме замките на светот? 2) „Покажување побожна подложност како членови на семејството“. Зошто во склоп на Јеховината организација има итна потреба да се зајакнат семејните врски? Како можеме да го направиме тоа? 3) „Помогни им на новите ученици да стојат цврсто на Јеховина страна“. Како можеме да им помогнеме на новите да ги надминат пречките што ја ставаат на испит нивната вера? 4) „Што значи тоа да му се спротивставиш на Ѓаволот“. Кој е клучот за успешно да стоиме против Ѓаволот? Како може да нѐ заштити духовниот оклоп опишан во Ефешаните 6:11—18? (w 15.5.92 21—23). 5) „Млади кои успешно му се спротивставуваат на злобниот“ и „Млади кои извлекуваат корист од побожната подложност“. Кои се некои од Сатановите изуми од коишто младите луѓе мораат да се пазат? На кој начин младите се благословени со тоа што се подложуваат на Јехова? (w 1.12.90 11, 12, пас. 15—17). 6) „Да се извлече корист од побожната подложност“. Објасни како христијаните покажуваат подложност кон владините авторитети, световните работодавачи, во семејниот круг и во христијанското собрание. Кои особини ќе ни помогнат да го правиме тоа?

Песна 217 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели