ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/03 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 8 септември
  • Седмица што почнува од 15 септември
  • Седмица што почнува од 22 септември
  • Седмица што почнува од 29 септември
  • Седмица што почнува од 6 октомври
Нашата служба за Царството 2003
km 9/03 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 8 септември

Песна 10

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Охрабри ги сите да си ги разгледаат забелешките од програмата на покраинскиот собир од минатата службена година како подготовка за Состанокот за служба за следната седмица. Користејќи ги предлозите на 4. страница нека има еден реалистичен приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 септември. Во презентацијата прикажи ученик или родител што му сведочи на учител.

10 мин: Писмо од Заедницата. Дискусија помеѓу еден долгогодишен објавител, по можност старешина, и еден помлад објавител. Помладиот објавител го прашува постариот објавител дали го видел писмото од Заедницата во Наша служба за Царството. Искусниот објавител објаснува дека писмата од Заедницата биле карактеристика на Наша служба за Царството во текот на 1960-те и 1970-те. Потоа дискутираат за писмото од прва страница, нагласувајќи ги главните точки.

25 мин: „Млади — градете извонреден темел за иднината.“a Да го одржи старешина, користејќи ги дадените прашања. Кога дискутираш за 5. пасус, истакни ги радоста и благословите од полновремената служба.

Песна 170 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 15 септември

Песна 199

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

10 мин: „Проучување на книгата Обожавај го Бог.“ Говор од еден надгледник на студија на книга. Сврти внимание на распоредот за проучување. Кога дискутираш за четвртиот пасус, вклучи коментари од книгата Школа за служба, 28. страница, 1. пасус и 70. страница.

25 мин: „Надевај се на Господа и прави добро“ (Псал. 37:3). Дискусија со присутните темелена на следниве прашањата што следат и кои ги истакнуваат клучните точки од програмата на покраинскиот собир минатата службена година. Покани ги присутните да вклучат коментари за тоа како можеле да ги применат клучните точки лично или како семејство. Истакни ги овие точки од програмата: 1) „Да се покажува доверба во Јехова.“ Зошто е важно да се покажува доверба во Јехова во секој аспект од животот? (it-2 стр. 521). Како може да ни помогне Индексот на публикации на Watch Tower? 2) „Чувај се од суетните работи во животот“ (Проп. 2:4—8, 11). Од кои суетни работи мораме да се чуваме, и како можеме да го правиме тоа? 3) „Отстранувајте се од злото — бидете добротворци.“ Зошто е важно да се придржуваме за мерилата на Јехова? (Иса. 5:20). Со кои добри дела треба да бидеме зафатени? 4) „Да ја задржиме нашата доверба во Јехова.“ Што ќе ни помогне да стоиме цврсти и покрај испитите и искушенијата? Зошто можеби ќе треба да оставиме некои работи во Јеховини раце? 5) „Ќе се најдеш ли достоен за Божјето Царство?“ (Кол. 1:10). Кои библиски примери нѐ поттикнуваат да продолжиме да одиме достојно на Јехова? 6) „Имај доверба во Јеховините ветувања.“ Како ќе влијае тоа на нашиот живот?

Песна 58 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 22 септември

Песна 7

10 мин: Локални известувања. Користејќи ги предлозите на 4. страница, нека има два посебни приказа како да се презентира Стражарска кула од 1 октомври и Разбудете се! од 8 октомври. Прикажи еден старешина и еден болен објавител како сведочат по телефон.

15 мин: Што постигнавме минатата година? Надгледникот за служба разгледува врвни точки од извештајот на собранието за 2003 службена година. Пофали го собранието за добрите работи што биле постигнати. Вклучи соодветни точки од последниот извештај на покраинскиот надгледник. Спомни една или две цели што се достижни за годината пред нас.

20 мин: Дали сите религии се прифатливи за Бог? Дискусија со присутните темелена на книгата Расправљање. Дискутирај за тоа како да резонираш со некој во врска со ова (rs стр. 326, 327). Истакни некои од начините на кои може да се препознае вистинската религија (rs стр. 332, 333). Нашата служба им помага на другите да го изберат обликот на обожавање што му е прифатлив на Бог (Кол. 1:9, 10).

Песна 39 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 29 септември

Песна 194

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите од служба на теренот за септември. Спомни ја понудата на литература за октомври. Нека има краток приказ како да се започне библиска студија со брошурата Бара.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Облечете се во понизност.“b Замоли за коментари од присутните во врска со тоа како можат да се применат стиховите.

Песна 224 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 6 октомври

Песна 170

10 мин: Локални известувања. Овој месец вложуваме посебни напори да започнеме библиски студии. Разгледај ја накратко Наша служба за Царството од мај 2002, 1. страница, 1. пасус.

15 мин: „Погрижи се да ги ставаш важните работи на прво место!“ Говор и дискусија со присутните темелена на статијата од Стражарска кула од 1 септември 1998, страници 19—21. Спомни ги датумите со теократски настани што се на распоред за следните неколку месеци и охрабри ги сите да си ги забележат овие датуми на своите календари. Покани ги присутните да коментираат за тоа што прават тие за да не ги пропуштаат духовните подготовки.

20 мин: Спротивстави се на притисокот од врсниците. Интервјуирај старешина или слуга помошник што бил подигнат во христијанско семејство. Осврни се на избрани точки од Стражарска кула од 15 февруари 2003. Со каков притисок се соочил братот на училиште? (стр. 24, пас. 3; стр. 25, пас. 4, 5.) Дали се соочил со некакво негативно влијание од другите? (стр. 26, пас. 4—6.) Дали сѐ уште се соочува со таков притисок и сега, како возрасен? Што му помогнало да се спротивстави на притисокот да се приспособи? Во краток заклучен говор темелен на Стражарска кула од 1 август 1999, страници 24, 25, нагласи ги користите од тоа да се има здраво друштво.

Песна 26 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели