Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 23 февруари 2004. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 5 јануари до 23 февруари 2004.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Што можеме да направиме за да бидеме сигурни дека практичната вредност на материјалот што се изнесува им е јасна на присутните и навистина им користи? [be стр. 158, пас. 2—4].
2. Зошто треба внимателно да ги избираме зборовите? [be стр. 160 пас. 1 и втората рамка].
3. Кое основно барање за добар говор е нагласено во 1. Коринќаните 14:9, и како можеме да го примениме ова начело во нашето поучување? [be стр. 161, пас. 1—4].
4. Како што се гледа од Матеј 5:3—12 и Марко 10:17—21, која е една извонредна особина на Исусовото поучување што можеме да ја имитираме? [be стр. 162, пас. 4].
5. Зошто во службата или кога коментираме на состаноците треба да бидеме заинтересирани да користиме зборови што пренесуваат живост, чувства и сликовитост? (Мат. 23:37, 38) [be стр. 163, пас. 3 до стр. 164, пас. 1].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Што е тема на еден говор, и како може ова делотворно да се користи кога бираме и организираме материјал за некој говор? [be стр. 39, пас. 6 до стр. 40, пас. 1].
7. а) Што значи да се биде духовно чист, и зошто може духовната чистота да се смета за најважна чистота воопшто? б) Како можат христијаните да ја избегнат моралната нечистота што е вообичаена во светот? [w 1.2.02 стр. 5, 6].
8. Од сите принципи што ги содржи Библијата, кои имаат поголема важност? [w 15.2.02 стр. 5, пас. 1, 4, 6].
9. Што е соживување, и како ја покажал Исус оваа особина? [w 15.4.02 стр. 25, пас. 4, 5].
10. Како се применува Пословици 11:11 на собранието на Јеховиниот народ? [w 15.5.02 стр. 27, пас. 1—3].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Што е претставено со „дрвото на животот“ спомнато во Битие 2:9?
12. Зошто жената на Лот го изгубила животот? (Бит. 19:26) [w 1.8.90 стр. 27, пас. 10].
13. Во пророчката драма од Битие 24. поглавје, кој е претставен со а) Авраам, б) Исак, в) слугата на Авраам, Елиезер, г) десетте камили и д) Ревека?
14. Дали Бог ги предодредил Јаков и Исав? (Бит. 25:23).
15. На кој начин примерот на Рахила е добар пример за личност што вложила сериозен напор што бил благословен од Јехова? (Бит. 30:1—8) [w 1.8.02 стр. 29, 30].