Известувања
◼ Февруари: Приближи му се на Јехова. Ако оваа публикација не е на располагање, како алтернативна понуда може да се користи книгата Создавање. Март: Спознание кое води во вечен живот. Ќе се направи посебен напор да се започнат домашни библиски студии. Ако луѓето веќе ја имаат оваа публикација, може да се понуди Обрни внимание на Даниеловото пророштво! Април и мај: Ќе се нудат поединечни примероци и на Стражарска кула и на Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, вклучи ги и оние што присуствувале на Меморијалот или на некои други теократски настани, но кои не се активно поврзани со организацијата. Сосредоточи се на тоа да ја дадеш книгата Обожавај го Бог. Треба да се вложи сиот потребен напор за да се започне домашна библиска студија, особено ако некои поединци веќе ги проучувале книгата Спознание и брошурата Бара.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 март или колку што е можно побрзо после тоа. Кога тоа ќе биде сторено, дајте известување пред собранието откако ќе биде прочитан следниот сметководен извештај. Прочитајте ги сите потврди за прилозите што ги дало собранието за светското дело или за кој и да било друг фонд што е поддржан од организацијата.
◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако на некои од нив им е тешко да го исполнат барањето во часови, старешините треба да направат подготовки да им се помогне. За предлози, разгледај ги годишните писма од Заедницата (S-201).
◼ Темата на специјалното јавно предавање за сезоната на Меморијалот за 2004 ќе биде „Биди храбар и имај доверба во Јехова“. За известување поврзано со ова види во Наша служба за Царството од септември 2003.