ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/04 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 10 мај
  • Седмица што почнува од 17 мај
  • Седмица што почнува од 24 мај
  • Седмица што почнува од 31 мај
  • Седмица што почнува од 7 јуни
Нашата служба за Царството 2004
km 5/04 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 10 мај

Песна 193

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот на 4. страница одговара на подрачјето на твоето собрание, користи го за да покажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 мај. Може да се користат и други презентации. Во презентацијата прикажи како да се одговори на приговорот „Имам своја религија“. (Види ја книгата Расправљање, страници 17 и 18.)

15 мин: Му се обрати ли на својот работодавец? Говор на еден старешина и дискусија со присутните темелена на статијата „Дали ти ќе бидеш таму?“ од Наша служба за Царството од јануари 2000, 1. страница. Вклучи коментари од книгата Школа за служба, 67. страница.

20 мин: „Раширете се.“a Вклучи коментари од книгата Обожавај го Бог, 150. страница, 14. пасус.

Песна 18 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 мај

Песна 188

10 мин: Локални известувања.

15 мин: „Покажи ја својата благодарност.“b Доколку дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови. Кога дискутираш за 3. пасус, еден или двајца што неодамна служеле како помошни пионери нека коментираат за благословите што ги доживеале од тоа.

20 мин: Се грижиме еден за друг (1. Кор. 12:25, 26). Говор и дискусија со присутните темелени на книгата Наша служба, страници 156—158, под поднасловот „Меѓусебна грижа“. Иако Јеховиниот народ живее во сите делови на земјата, ние сме тесно обединети. Сите ние треба секој ден да се молиме за нашите браќа. Исто така, кога ќе се појави некоја итна потреба веднаш сме спремни да дадеме материјална помош. Прочитај ги и дискутирај за клучните стихови и вклучи едно или две искуства од наши публикации.

Песна 100 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 мај

Песна 128

12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Прикажи како да се презентира Стражарска кула од 1 јуни и Разбудете се! од 8 јуни. Приспособи ја секоја од презентациите така што ќе му биде привлечна на некој што припаѓа на некоја од локалните религии.

15 мин: „Музика што освежува.“ Говор и дискусија со присутните. Вклучи коментари од Годишникот за 2002, 175. страница и од Стражарска кула од 1. февруари 1997, 27. страница, пасуси 1, 2.

18 мин: Биди подготвен да сведочиш неформално. Говор и дискусија со присутните темелен на Наша служба за Царството од јуни 2003, 3. страница. Договори однапред неколкумина да раскажат искуства што ги имале додека сведочеле неформално. Прикажи накратко како можат да се користат трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? и џебната брошура Добра вест за сите нации кога се сведочи неформално.

Песна 211 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 31 мај

Песна 26

8 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот за мај.

17 мин: Животот — дар што треба да се цени. Дискусија со присутните темелена на книгата Расправљање, страници 25, 26. Вклучи коментари од англиското издание на Разбудете се! од 22 мај 1993, страници 10, 11. Како би му го објаснил Јеховиното гледиште за абортусот на некој што смета дека една жена има право самата да одлучува за работи што се однесуваат на нејзиното тело? Раскажи го искуството од Стражарска кула од 1 јануари 2000, 4. страница, пасуси 4, 5.

20 мин: „Како да се понуди Учи од Големиот Учител.“ Во текот на јуни ќе ја нудиме оваа публикација. Истакни ги обележјата на книгата што се опишани на 7. страница, пасуси 1—3. Замоли ги присутните да коментираат за тоа што ним им се допаѓа во книгата. Разгледај ги предложените презентации. Истакни како да се презентираат сликите кога се нуди книгата. Еден младинец нека ја изнесе првата презентација, а некој возрасен една од другите две. Доколку на локалното подрачје би бил поделотворен поинаков пристап, може да се дискутира околу тоа и да се прикаже тој наместо една од последните две презентации.

Песна 24 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 7 јуни

Песна 136

10 мин: Локални известувања. Дискутирај за главните мисли од „Средство да им се помогне“. Наведи некои од јазиците што се среќаваат на локалното подрачје.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Користи делотворни илустрации во своето поучување. Говор и дискусија со присутните темелени на Стражарска кула од 1 септември 2002, страници 22—24. Кои четири фактори прават една илустрација делотворна? Зошто е корисно илустрацијата да биде едноставна? Каде можеме да најдеме добри илустрации? Разгледај некои од примерите дадени во рамката на 23. страница и дискутирај што е она што ја прави секоја илустрација делотворна.

Песна 133 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели