Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 11 јули
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот од 4. страница одговара за вашето подрачје, употреби го за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 јули. Може да се користи и друга практична презентација. Во презентацијата нека биде прикажано како да се одговори на приговорот: „Имам работа/ Немам време“. (Види во книгата Расправљање, страници 19-20.)
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Да се достигнат што повеќе луѓе.“a Кога ќе се дискутира за 5. пасус, разгледај ги предлозите на 8. страница од Наша служба за Царството од јуни 2005, што се корисни за вашето подрачје.
Песна 88 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 18 јули
10 мин: Локални известувања. Накратко разгледај ја 32. страница од Стражарска кула од 15 август 2005. Нагласи зошто е корисно да продолжиме да ја читаме Библијата секој ден, дури и кога сме на одмор или, пак, кога се наоѓаме надвор од нашата секојдневна рутина.
15 мин: „Водење напредни библиски студии—дел 11.“b Еден водител на студија нека прикаже како му помага на новиот објавител да се подготви за повторна посета. Тие ги разгледуваат белешките од првата посета и одбираат една соодветна мисла што ќе ја употребат на повторната посета. Исто така подготвуваат едноставен увод и прашање кое ќе го постават на крајот од посетата. Приказот го завршуваат спремни да ја вежбаат презентацијата што ја подготвиле.
20 мин: Помогни им на другите да ја ценат Библијата. Нека има дискусија со прашања и одговори на темел на книгата Обожавај го Бог, страници 24-25, пасуси 3-6. Употреби ги прашањата за проучување од книгата. Вклучи ги коментарите од брошурата Книга за сите луѓе на 32. страница.
Песна 10 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 25 јули
15 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Ако предлозите од 4. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 1 август и Разбудете се! од 8 август. Може да се користат и други практични презентации. Во една од презентациите прикажи како да се понуди списанието неформално на пазар или на друго соодветно јавно место.
10 мин: Всади ја вистината во срцето на твоето дете (Втор. 6:7, NW). Говор на еден старешина што се темели на Стражарска кула од 15 август 2002, страници 30-31. Спомни ги начелата од Библијата што ќе им помогнат на родителите кои имаат брачен партнер што не е Сведок, како да ги поучуваат своите деца.
20 мин: „Долг што го имаме кон другите.“c Вклучи некои мисли од Стражарска кула од 1 јули 2000, 11. страница, 13. пасус.
Песна 82 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 1 август
15 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за јули. Замоли ги присутните да отворат на 70. страница од книгата Школа за служба и со дискусија со присутните разгледај ги пасусите 1-2 и рамката „Како да коментираме на состаноците“.
15 мин: „Помогни им на твоите деца да напредуваат во службата.“ Говор и дискусија со присутните. Нека се прикаже како еден родител и неговото дете користат една едноставна презентација. Родителот нека ја заврши презентацијата, со тоа што ќе објасни како се финансира делото со доброволни прилози.
15 мин: Дали си пробал еден флексибилен пристап? Говор и дискусија на темел на Наша служба за Царството од јануари 2005, 6. страница. Разгледај ги дадените предлози и покажи некој флексибилен пристап кој може да се употреби кога ќе се нуди литературата за август. Нека се прикажат една или две презентации.
Песна 218 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.