Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 29 август 2005. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 4 јули до 29 август 2005.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Додека им ја пренесуваме нашата надеж на другите како може нашата ‚разумност да им биде позната на сите луѓе‘ и зошто е тоа важно? (Фил. 4:5; Јак. 3:17) [be стр. 251 пас. 1-3, рамка].
2. На кој начин тоа што знаеме кога да попуштиме, ќе ни помогне успешно да постапуваме со другите? [be стр. 253 пас. 1-2].
3. Зошто е важно вешто да се користат прашања кога им помагаме на другите да резонираат за некоја тема? [be стр. 253 пас. 3-4].
4. Кои фактори треба да се разгледаат за една презентација да биде убедлива? [be стр. 255 пас. 1-4, рамка; стр. 256 пас. 1, рамка].
5. Што треба да имаме на ум ако одлучиме да користиме дополнителни докази да ја поддржиме разумноста на Писмото? [be стр. 256 пас. 3-5, рамка].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Кој јасен доказ сведочи за историското постоење на Исус? [w 15.6.03 стр. 4-7].
7. На кој начин ‚праведните ги избавува нивната уста‘ и како домот на праведните „останува“? (Посл. 12:6, 7) [w 15.01.03 стр. 30 пас. 1-3].
8. Затоа што Библијата не е напишана како некој список за тоа што смееш, а што не смееш, како можеме да „согледуваме која е Јеховината волја“? (Ефеш. 5:17) [w 1.12.03, стр. 21 пас. 2—стр. 22 пас. 3].
9. Кои библиски начела, кога ќе се применат, можат да помогнат некому да излезе на крај со сиромаштијата или тешките економски услови? [w 1.8.03 стр. 5 пас. 2-5].
10. Како треба да влијае на нас примерот од Јехова кој бесплатно дава? (Мат. 10:8) [w 1.8.03 стр. 20-22].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Што е симболизирано со двата столба наречени Јахин и Воас, пред тремот на светилиштето изграден од Соломон? (1. Цар. 7:15-22).
12. Дали тоа што Соломон му подарил 20 градови од Галилеја на царот Хирам од Тир било во склад со Мојсеевиот закон? (1. Цар. 9:10–13).
13. Каква лекција можеме да научиме од непослушноста на еден „Божји човек“? (1. Цар. 13:1-25).
14. На кој начин царот Аса од Јуда покажал храброст и што можеме ние да научиме од неговиот пример? (1. Цар. 15:11-13).
15. На кој начин инцидентот во кој биле вклучени царот Ахав и Навутеј ја илустрира опасноста од самосожалувањето? (1. Цар. 21:1–16).