Распоред за Теократска школа за служба за 2007
УПАТСТВА
Во текот на 2007 година ќе важат следниве упатства за водење на Теократската школа за служба:
ИЗВОР НА МАТЕРИЈАЛОТ: Свето Писмо — Превод Нов свет [bi12], Стражарска кула [w], „Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба“ [be], „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“ [si] и Расправљање на темељу Писма [rs].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со срдечен поздрав, песна и молитва, а потоа да продолжи како што е наведено подолу. По секој дел, надгледникот на школата ќе го најави следниот дел.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО: 5 минути. Надгледникот на школата, помошниот советник или друг способен старешина ќе дискутира за една метода во говорништвото што се темели на учебникот Школа за служба. (Во собранијата со ограничен број старешини, овој говор може да го изнесе и способен слуга помошник.)
ЗАДАЧА БР. 1: 10 минути. Оваа задача треба да ја одржи способен старешина или слуга помошник. Таа ќе се темели на Стражарска кула, „Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба“ или „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“. Оваа задача треба да се изнесе како 10-минутен поучен говор. Целта не треба да биде само да се помине материјалот, туку да се сосредоточи вниманието на практичната вредност на информациите за кои се дискутира, така што ќе биде истакнато она што е од најголема корист за собранието. Треба да се користи наведената тема. Се очекува браќата на кои им е доделен овој говор да го одржат во предвиденото време. Ако е потребно, може да им се даде совет насамо.
ИЗБРАНИ СТИХОВИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 10 минути. Првите пет минути еден способен старешина или слуга помошник треба да ја објасни практичната примена на материјалот на локалните потреби. Може да коментира за кој и да било дел што е доделен за читање на Библијата за таа седмица. Ова не треба да биде само резиме на доделеното читање. Главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите им користат ним. Говорникот треба да внимава да не ги пречекори предвидените пет минути, колку што има на располагање за своето излагање, за да им даде можност на присутните во следните пет минути да коментираат за материјалот. Присутните ќе бидат замолени да дадат кратки коментари (30 секунди или помалку) за оние мисли што им биле интересни од читањето на Библијата и за тоа како им користеле. Потоа надгледникот на школата ќе ги замоли учениците, кои се предвидени за тоа, да одат во помошната просторија.
ЗАДАЧА БР. 2: 4 минути или помалку. Ова е читање што ќе го изнесе еден брат. Ученикот треба да го прочита доделениот материјал без да даде увод или заклучок. Надгледникот на школата особено ќе биде заинтересиран да им помогне на учениците да читаат со разбирање, течно, со исправно смисловно нагласување, модулација, соодветно правење паузи и природно.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Ќе биде доделена на сестра. Ако рамката не им биде одредена однапред, тогаш ученичките сами ќе си изберат некоја рамка од списокот што се наоѓа на 82. страница во учебникот Школа за служба. Ученичката треба да ја користи доделената тема и на реалистичен и практичен начин да ја примени на некоја ситуација од службата на проповедање која е вообичаена за вашето подрачје. Кога во задачата не е наведен извор на материјалот, ученичката ќе треба да најде материјал за оваа точка така што ќе истражува во нашите публикации. На поновите ученички треба да им бидат доделени задачи за кои се наведени извори на материјалот. Надгледникот на школата ќе обрне особено внимание на тоа како ученичката го обработува доделениот материјал и на кој начин му помага на станарот да размислува за библиските стихови и да ги разбере клучните мисли од разговорот. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник.
ЗАДАЧА БР. 4: 5 минути. Ученикот треба да ја обработи доделената тема. Кога во задачата не е наведен извор на материјалот, ученикот ќе треба сам да најде материјал така што ќе истражува во нашите публикации. Кога се доделува на брат, оваа точка може да ја изнесе како говор, имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството. Кога оваа точка се доделува на сестра, секогаш треба да се изнесе на ист начин како задача бр. 3. Надгледникот на школата може да ја додели задача бр. 4 на брат секогаш кога смета дека тоа одговара. Те молиме, имај на ум дека темите со ѕвездичка секогаш треба да се доделат на браќа и да се изнесат како говори.
СОВЕТ: 1 минута. Надгледникот на школата нема однапред да најави на кои методи работат учениците. По задачите бр. 2, бр. 3 и бр. 4, надгледникот на школата ќе даде некои позитивни забелешки за некој аспект на говорот кој заслужува пофалба. Неговата цел не е само да рече ‚Беше добро‘, туку треба и да го сврти вниманието на конкретни причини зошто тој аспект на говорот бил делотворен. По состанокот или во некое друго време, според потребите на ученикот може насамо да му биде даден дополнителен изградувачки совет за она на што би требал да работи.
ВРЕМЕ: Секој говор треба да заврши навреме, а и за советите треба да се потроши онолку време колку што е предвидено. Задачите од бр. 2 до бр. 4 треба тактично да се прекинат кога ќе истече времето. Ако браќата што ги изнесуваат уводниот говор за методи во говорништвото, задачата бр. 1 или избраните стихови од читањето на Библијата го пречекорат времето, треба насамо да им се даде совет. Сите треба да внимаваат на зададеното време. Состанокот трае 45 минути, без песна и молитва.
ФОРМУЛАР ЗА СОВЕТИ: Се наоѓа во учебникот.
ПОМОШЕН СОВЕТНИК: Ако во собранието освен надгледникот на школата има некој друг способен старешина, тогаш старешинството може да го избере како помошен советник. Ако има повеќе такви старешини во собранието, тогаш тие можат секоја година да се менуваат за оваа задача. Задачата на помошниот советник е, кога тоа ќе биде потребно, насамо да им даде совет на браќата што ги изнесуваат задача бр. 1 и избраните стихови од Библијата. Не е потребно по секој таков говор да им даде совет на другите старешини или слуги помошници.
УСНО ПОВТОРУВАЊЕ: 30 минути. Надгледникот на школата ќе води усно повторување секои два месеца. Пред тоа ќе се разгледува една метода во говорништвото и избрани стихови од читањето на Библијата, како што е изложено погоре. Усното повторување ќе се темели на материјалот што се разгледувал во школата во текот на претходните два месеца, вклучувајќи ја и тековната седмица. Ако вашето собрание има покраински собир, тогаш усното повторување (и остатокот од седмичниот распоред) треба да се одложат за една седмица, а следниот седмичен распоред треба да се користи во седмицата на покраинскиот собир. Ако имате посета од покраинскиот надгледник во седмицата кога е усното повторување, тогаш песната, методите во говорништвото и избраните стихови од Библијата треба да се изнесат според распоредот. Поучниот говор (кој се одржува по методите во говорништвото) треба да биде од наредната седмица. Теократската школа за служба за следната седмица ќе продолжи според распоредот со говорот за методите во говорништвото и избраните стихови од Библијата, по што ќе следи усното повторување.
РАСПОРЕД
1 јан. Читање на Библијата: Исаија 24 — 28 Песна 33
Методи во говорништвото: Практична примена на материјалот (be стр. 158 пас. 2-4)
Бр. 1: Подготвување ученички задачи за школата (be стр. 43 пас. 1 до стр. 44 пас. 3)
Бр. 2: Исаија 26:1-18
Бр. 3: Абортус — зошто е забранет? (rs стр. 25 до стр. 26 пас.4)
Бр. 4: Како можеме ‚да се облечеме во Господарот Исус Христос‘? (Рим. 13:14)
8 јан. Читање на Библијата: Исаија 29 — 33 Песна 42
Методи во говорништвото: Помогни им на другите да ја сфатат поентата (be стр. 159 пас. 1-4)
Бр. 1: Работење со тема и рамка (be стр. 44 пас. 4 до стр. 46 пас. 1)
Бр. 2: Исаија 30:1-14
Бр. 3: a Како да му се одговори на некого кој ќе рече: „Јас имам право да одлучувам за прашања кои се однесуваат на моето тело“ (rs стр. 26 пас. 5)
Бр. 4: Од каде знаеме дека Јехова Бог ги сака децата
15 јан. Читање на Библијата: Исаија 34 — 37 Песна 222
Методи во говорништвото: Избор на зборови (be стр. 160 пас. 1-3)
Бр. 1: Да го имаме Исусовото гледиште за доброто и лошото (w 1.1.05 стр. 9, 10 пас. 11-15)
Бр. 2: Исаија 34:1-15
Бр. 3: Како можеме да развиеме вистинска љубов
Бр. 4: Адам и Ева — вистински историски личности? (rs стр. 27, 28)
22 јан. Читање на Библијата: Исаија 38 — 42 Песна 61
Методи во говорништвото: Лесно разбирлив јазик (be стр. 161 пас. 1-4)
Бр. 1: Немој да се плашиш од противењето (w 1.1.05 стр. 15 пас. 16-18)
Бр. 2: Исаија 38:9-22
Бр. 3: b Како да се одговори кога некој ќе рече: ‚Гревот на Адам бил Божја волја‘ (rs стр. 29 пас. 1, 2)
Бр. 4: Зошто не треба да им припишуваме лоши мотиви на другите
29 јан. Читање на Библијата: Исаија 43 — 46 Песна 113
Методи во говорништвото: Разновидност и точност во изразот (be стр. 161 пас. 5 до стр. 162 пас. 4)
Бр. 1: Зошто да ги прифатиме Јеховините одлуки (w 1.2.05 стр. 23, 24 пас. 4-9)
Бр. 2: Исаија 45:1-14
Бр. 3: Зошто е бескорисно обожавањето на предците? (rs стр. 255 пас. 1 до стр. 256 пас. 3)
Бр. 4: c Зошто христијаните не се споредуваат со другите со цел да се натпреваруваат
5 фев. Читање на Библијата: Исаија 47 — 51 Песна 79
Методи во говорништвото: Зборови што пренесуваат живост, чувство, сликовитост (be стр. 163 пас. 1 до стр. 164 пас. 2)
Бр. 1: Јеховината реч ни помага да останеме чисти и да бидеме верни (w 15.4.05 стр. 11, 12 пас. 5-11)
Бр. 2: Исаија 50:1-11
Бр. 3: Зошто Јехова Бог не го одобрува обожавањето на предците (rs стр. 256 пас. 4 до стр. 257 пас. 2)
Бр. 4: Дали Библијата го осудува давањето подароци?
12 фев. Читање на Библијата: Исаија 52 — 57 Песна 139
Методи во говорништвото: Говорот да биде во согласност со граматичките правила (be стр. 164 пас. 3 до стр. 165 пас. 1)
Бр. 1: Јеховината реч ни дава храброст (w 15.4.05 стр. 12, 13 пас. 12-14)
Бр. 2: Исаија 55:1-13
Бр. 3: Вреди да се биде самопожртвуван
Бр. 4: Кои се антихристи? (rs стр. 29-31)
19 фев. Читање на Библијата: Исаија 58 — 62 Песна 189
Методи во говорништвото: Користење нацрт (be стр. 166 пас. 1 до стр. 167 пас. 2)
Бр. 1: Исаија — зошто е корисна (si стр. 123 пас. 34-39)
Бр. 2: Исаија 60:1-14
Бр. 3: Зошто робувањето за Бог ни причинува задоволство?
Бр. 4: d Како да ги препознаеме отпадниците (rs стр. 268 пас. 2 до стр. 270 пас. 1)
26 фев. Читање на Библијата: Исаија 63 — 66 Песна 141
Методи во говорништвото: Организирај си ги мислите (be стр. 167 пас. 3 до стр. 168 пас. 2)
Усно повторување
5 март Читање на Библијата: Еремија 1 — 4 Песна 70
Методи во говорништвото: Имај едноставен говорен нацрт (be стр. 168 пас. 3 до стр. 169 пас. 5)
Бр. 1: Вовед во Еремија (si стр. 124 пас. 1-5)
Бр. 2: Еремија 3:1-13
Бр. 3: Од што зависи вистинската среќа?
Бр. 4: e Каков став треба да имаме кон отпадниците (rs стр. 270 пас. 2 до стр. 271 пас. 3)
12 март Читање на Библијата: Еремија 5 — 7 Песна 159
Методи во говорништвото: Логичен развој на материјалот (be стр. 170 пас. 1 до стр. 171 пас. 2)
Бр. 1: Подготвување говори за собранието (be стр. 47 пас. 1 до стр. 49 пас. 1)
Бр. 2: Еремија 5:1-14
Бр. 3: Христос не ја изградил црквата врз Петар (rs стр. 31 пас. 5 до стр. 33 пас. 3)
Бр. 4: Како може денес да се примени поуката од 2. Мојсеева 14:11
19 март Читање на Библијата: Еремија 8 — 11 Песна 182
Методи во говорништвото: Презентирање на информациите на логичен начин (be стр. 171 пас. 3 до стр. 173 пас. 1)
Бр. 1: Подготвување точки за Состанокот за нашата служба и други говори (be стр. 49 пас. 2 до стр. 51 пас. 1)
Бр. 2: Еремија 10:1-16
Бр. 3: Од каде знаеме дека Авраам, Јов и Даниел верувале во воскресение?
Бр. 4: Што се клучевите што ги употребил Петар (rs стр. 33 пас. 4 до стр. 35 пас. 5)
26 март Читање на Библијата: Еремија 12 — 16 Песна 205
Методи во говорништвото: Користење само битен материјал (be стр. 173 пас. 2-5)
Бр. 1: Откупнината ја велича Божјата праведност
(w 1.11.05 стр. 13, 14)
Бр. 2: Еремија 12:1-13
Бр. 3: „Апостолските наследници“ не се вистински христијани (rs стр. 36 пас. 1 до стр. 38 пас. 3)
Бр. 4: Во која смисла христијаните треба да бидат горди?
2 апр. Читање на Библијата: Еремија 17 — 21 Песна 30
Методи во говорништвото: Спонтано изнесување (be стр. 174 пас. 1 до стр. 175 пас. 5)
Бр. 1: Подготвување предавања за јавност (be стр. 52 пас. 1 до стр. 54 пас. 1)
Бр. 2: Еремија 20:1-13
Бр. 3: Каде ќе се води војната Армагедон? (rs стр. 38 пас. 4 до стр. 40 пас. 3)
Бр. 4: f Како треба да гледаме на советот?
9 апр. Читање на Библијата: Еремија 22 — 24 Песна 184
Методи во говорништвото: Избегнувај ги стапиците на спонтаното изнесување (be стр. 175 пас. 6 до стр. 177 пас. 1)
Бр. 1: Одлуки на говорникот (be стр. 54 пас. 2-4; стр. 55, рамка)
Бр. 2: Еремија 23:1-14
Бр. 3: Зошто учеството во службата на проповедање ни носи радост
Бр. 4: Кој и што ќе биде уништено во Армагедон? (rs стр. 40 пас. 4 до стр. 41 пас. 2)
16 апр. Читање на Библијата: Еремија 25 — 28 Песна 27
Методи во говорништвото: Кога другите бараат објаснување (be стр. 177 пас. 2 до стр. 178 пас. 2)
Бр. 1: Развивај способност на учител (be стр. 56 пас. 1 до стр. 57 пас. 2)
Бр. 2: Еремија 26:1-15
Бр. 3: Кој ќе го преживее Армагедон (rs стр. 41 пас. 3-8)
Бр. 4: Во која смисла Земјата била проколната? (1. Мој. 3:17)
23 апр. Читање на Библијата: Еремија 29 — 31 Песна 148
Методи во говорништвото: Разговорен стил (be стр. 179, 180)
Бр. 1: ‚Разликувај‘ (be стр. 57 пас. 3 до стр. 58 пас. 2)
Бр. 2: Еремија 31:1-14
Бр. 3: Зошто Јеховиното Величие нема граници?
Бр. 4: Армагедон не претставува нарушување на Божјата љубов (rs стр. 42 пас. 1-3)
30 апр. Читање на Библијата: Еремија 32 — 34 Песна 100
Методи во говорништвото: Квалитет на гласот (be стр. 181 пас. 1-4)
Усно повторување
7 мај Читање на Библијата: Еремија 35 — 38 Песна 165
Методи во говорништвото: Правилно контролирај го дишењето (be стр. 181 пас. 5 до стр. 184 пас. 1; стр. 182, рамка)
Бр. 1: Охрабри ги слушателите да размислуваат (be стр. 58 пас. 3 до стр. 59 пас. 3)
Бр. 2: Еремија 36:1-13
Бр. 3: Во Армагедон не е можно да се заземе неутрален став (rs стр. 42 пас. 4-7)
Бр. 4: Како можат христијаните да се справат со несигурноста?
14 мај Читање на Библијата: Еремија 39 — 43 Песна 56
Методи во говорништвото: Опушти ги напнатите мускули (be стр. 184 пас. 2 до стр. 185 пас. 2; стр. 184, рамка)
Бр. 1: Покажи ја примената и дај добар пример (be стр. 60 пас. 1 до стр. 61 пас. 3)
Бр. 2: Еремија 39:1-14
Бр. 3: Чие влијание ги турка нациите кон ситуацијата која ќе доведе до Армагедон? (rs стр. 42 пас. 8, 9)
Бр. 4: g Зошто вистинските христијани сакаат при запознавањето пред бракот да останат морално чисти
21 мај Читање на Библијата: Еремија 44 — 48 Песна 122
Методи во говорништвото: Да се покаже интерес за другиот (be стр. 186 пас. 1-4)
Бр. 1: Како да ги подобриш вештините за разговор (be стр. 62 пас. 1 до стр. 64 пас. 1)
Бр. 2: Еремија 46:1-17
Бр. 3: Што е самоизмама и како можеме да се чуваме од неа?
Бр. 4: Да се идентификува кој е Вавилон од Откровение (rs стр. 65 пас. 1, 2)
28 мај Читање на Библијата: Еремија 49, 50 Песна 95
Методи во говорништвото: Слушај внимателно (be стр. 187 пас. 1-5)
Бр. 1: Како да го продолжиш разговорот (be стр. 64 пас. 2 до стр. 65 пас. 4)
Бр. 2: Еремија 49:14-27
Бр. 3: По што бил познат древниот Вавилон? (rs стр. 65 пас. 3 до стр. 67 пас. 4)
Бр. 4: Зошто родителите треба да им читаат на своите деца
4 јуни Читање на Библијата: Еремија 51, 52 Песна 166
Методи во говорништвото: Помогни им на другите да напредуваат (be стр. 187 пас. 6 до стр. 188 пас. 3)
Бр. 1: Еремија — зошто е корисна (si стр. 129 пас. 36-39)
Бр. 2: Еремија 52:1-16
Бр. 3: Глупаво е да се биде независен од Бог
Бр. 4: Зошто религиите што тврдат дека се христијански се дел од Големиот Вавилон (rs стр. 67 пас. 5 до стр. 68 пас. 4)
11 јуни Читање на Библијата: Плач Еремиин 1, 2 Песна 129
Методи во говорништвото: Помогни им практично (be стр. 188 пас. 4 до стр. 189 пас. 4)
Бр. 1: Вовед во Плач Еремиин (si стр. 130 пас. 1-7)
Бр. 2: Плач 2:1-10
Бр. 3: Зошто е итно да се излезе од Големиот Вавилон (rs стр. 69 пас. 1-6)
Бр. 4: Зошто вистинската љубезност не е слабост
18 јуни Читање на Библијата: Плач Еремиин 3 — 5 Песна 140
Методи во говорништвото: Да се покаже почит кон другите (be стр. 190 пас. 1-4)
Бр. 1: Плач Еремиин — зошто е корисна (si стр. 132 пас. 13-15)
Бр. 2: Плач 4:1-13
Бр. 3: Што е крштавањето и зошто верниците се крштаваат (rs стр. 195 пас. 1-4)
Бр. 4: h Зошто вистинските христијани не учествуваат во политика
25 јуни Читање на Библијата: Езекиел 1 — 5 Песна 1
Методи во говорништвото: Учтиво признание (be стр. 191 пас. 1 до стр. 192 пас. 1)
Усно повторување
2 јули Читање на Библијата: Езекиел 6 — 10 Песна 26
Методи во говорништвото: Учтиво изнесување (be стр. 192 пас. 2 до стр. 193 пас. 2)
Бр. 1: Вовед во Езекиел (si стр. 132, 133 пас. 1-6)
Бр. 2: Езекиел 7:1-13
Бр. 3: Што е потребно за да му се приближиме на Јехова (Јак. 4:8).
Бр. 4: Христијанското крштавање — не со попрскување, не за деца (rs стр. 195 пас. 5-10)
9 јули Читање на Библијата: Езекиел 11 — 14 Песна 112
Методи во говорништвото: Да се изрази со увереност (be стр. 194 пас. 1 до стр. 195 пас. 2)
Бр. 1: Не откажувај се да го правиш она што е добро (w 1.6.05 стр. 29, 30)
Бр. 2: Езекиел 11:1-13
Бр. 3: Дали со крштавањето во вода се простуваат гревовите? (rs стр. 196 пас. 1-4)
Бр. 4: Како треба да го разбереме Откровение 17:9-11?
16 јули Читање на Библијата: Езекиел 15 — 17 Песна 29
Методи во говорништвото: Како се покажува увереност (be стр. 195 пас. 3 до стр. 196 пас. 4)
Бр. 1: Не подлегнувај на неисправното размислување! (w 15.9.05 стр. 26-28)
Бр. 2: Езекиел 16:1-13
Бр. 3: Што значи да се биде паметен (Изр. 13:16)
Бр. 4: Кој е крстен со светиот дух? (rs стр. 196 пас. 5 до стр. 198 пас. 2)
23 јули Читање на Библијата: Езекиел 18 — 20 Песна 193
Методи во говорништвото: Тактично, а сепак цврсто (be стр. 197 пас. 1-3)
Бр. 1: Проникни во гледиштето на оној што прашува (be стр. 66 пас. 1 до стр. 68 пас. 1)
Бр. 2: Езекиел 18:19-29
Бр. 3: Крштавањето со оган не е исто што и крштавањето со свет дух (rs стр. 198 пас. 3-7)
Бр. 4: Доказ дека Божјето Царство е реалност
30 јули Читање на Библијата: Езекиел 21 — 23 Песна 35
Методи во говорништвото: Тактични кога сведочиме (be стр. 197 пас. 4 до стр. 198 пас. 4)
Бр. 1: Знај како да одговориш (be стр. 68 пас. 2 до стр. 70 пас. 3)
Бр. 2: Езекиел 23:1-17
Бр. 3: Причини зошто да ѝ обрнеме внимание на Библијата (rs стр. 43, 44)
Бр. 4: Кое е исправното гледиште за славата и угледот?
6 авг. Читање на Библијата: Езекиел 24 — 27 Песна 37
Методи во говорништвото: Прави зборови во право време (be стр. 199 пас. 1-4)
Бр. 1: Комуницирање преку писма (be стр. 71-73)
Бр. 2: Езекиел 24:1-14
Бр. 3: На кои начини Мојсеј бил одличен пример за христијаните?
Бр. 4: Докази од Исаија и од Еремија за вдахновеноста на Библијата (rs стр. 45 пас. 1 до стр. 46 пас. 2)
13 авг. Читање на Библијата: Езекиел 28 — 31 Песна 123
Методи во говорништвото: Покажувај тактичност со семејството и другите (be стр. 200 пас. 1-4)
Бр. 1: Биди прогресивен — напредувај (be стр. 74 пас. 1 до стр. 75 пас. 3)
Бр. 2: Езекиел 28:1-16
Бр. 3: Исполнувањето на Исусовите пророштва е доказ за вдахновеноста на Библијата (rs стр. 46 пас. 3, 4)
Бр. 4: Што значи зборот „мрази“ во Библијата?
20 авг. Читање на Библијата: Езекиел 32 — 34 Песна 215
Методи во говорништвото: Изградувачки настроен и позитивен (be стр. 202 пас. 1 до стр. 203 пас. 2)
Бр. 1: Користи го својот дар (be стр. 75 пас. 4 до стр. 77 пас. 2)
Бр. 2: Езекиел 34:1-14
Бр. 3: Како ни помага Божјиот дух?
Бр. 4: Библијата е научно точна (rs стр. 47 пас. 1 до стр. 49 пас. 1)
27 авг. Читање на Библијата: Езекиел 35 — 38 Песна 94
Методи во говорништвото: Задржи позитивен тон (be стр. 203 пас. 3 до стр. 204 пас. 1)
Усно повторување
3 сеп. Читање на Библијата: Езекиел 39 — 41 Песна 194
Методи во говорништвото: Кога разговараш со соверници
(be стр. 204 пас. 2 до стр. 205 пас. 4)
Бр. 1: Зошто да ја сакаме Божјата реч? (w 15.4.05 стр. 15, 16 пас. 3-6)
Бр. 2: Езекиел 40:1-15
Бр. 3: Можат ли навистина луѓето да го радуваат Бог?
Бр. 4: i Да се одговори на приговори во врска со Библијата (rs стр. 49 пас. 2 до стр. 52 пас. 4)
10 сеп. Читање на Библијата: Езекиел 42 — 45 Песна 77
Методи во говорништвото: Повторување заради нагласување (be стр. 206 пас. 1-4)
Бр. 1: Кога староста ќе стане „венец на слава“ (w 15.1.05 стр. 8, 9)
Бр. 2: Езекиел 43:1-12
Бр. 3: Зошто христијаните не слават роденден? (rs стр. 337 пас. 1 до стр. 339 пас. 1)
Бр. 4: j Како можеме да го препознаеме „гласот на туѓинците“? (Јован 10:5)
17 сеп. Читање на Библијата: Езекиел 46 — 48 Песна 164
Методи во говорништвото: Повторување во службата на теренот и во говорите (be стр. 207 пас. 1 до стр. 208 пас. 4)
Бр. 1: Езекиел — зошто е корисна (si стр. 137 пас. 29-33)
Бр. 2: Езекиел 47:1-14
Бр. 3: Зошто христијаните се воздржуваат од крв? (rs стр. 184 пас. 3 до стр. 186 пас. 2)
Бр. 4: k Зошто богатото духовно наследство е најдобриот дар што родителите можат да им го дадат на своите деца
24 сеп. Читање на Библијата: Даниел 1 — 3 Песна 179
Методи во говорништвото: Да се развие темата (be стр. 209 пас. 1-3)
Бр. 1: Вовед во Даниел (si стр. 138, 139 пас. 1-6)
Бр. 2: Даниел 2:1-16
Бр. 3: Зошто бројот 144.000 се сфаќа дословно (Отк. 7:4)
Бр. 4: Зошто вистинските христијани не прифаќаат трансфузија на крв (rs стр. 186 пас. 3 до стр. 187 пас. 3)
1 окт. Читање на Библијата: Даниел 4 — 6 Песна 14
Методи во говорништвото: Користење соодветна тема (be стр. 210 пас. 1 до стр. 211 пас. 1; стр. 211, рамка)
Бр. 1: Кога е оправдано да се навредиме? (w 1.8.05 стр. 13-15)
Бр. 2: Даниел 4:1-17
Бр. 3: Како можеме да се угледаме на добрите особини на Мефивостеј?
Бр. 4: l Да се одговори на тврдењата во врска со трансфузијата на крв (rs стр. 188 пас. 1 до стр. 190 пас. 2)
8 окт. Читање на Библијата: Даниел 7 — 9 Песна 34
Методи во говорништвото: Да се истакнат главните точки (be стр. 212 пас. 1 до стр. 213 пас. 1)
Бр. 1: Јеховиното „слово“ нека те чува (w 1.9.05 стр. 28-31)
Бр. 2: Даниел 7:1-12
Бр. 3: Што значи да се биде повторно роден? (rs стр. 293 пас. 2 до стр. 294 пас. 8)
Бр. 4: Кои посебни радости доаѓаат од редовното учество во службата на проповедање?
15 окт. Читање на Библијата: Даниел 10 — 12 Песна 210
Методи во говорништвото: Не премногу главни точки (be стр. 213 пас. 2 до стр. 214 пас. 5)
Бр. 1: Даниел — зошто е корисна (si стр. 141, 142 пас. 19-23)
Бр. 2: Даниел 11:1-14
Бр. 3: Како може понизноста да ни помогне да ги надминеме недоразбирањата
Бр. 4: Спасението не зависи од тоа дали некој е повторно роден (rs стр. 295 пас. 1 до стр. 296 пас. 1)
22 окт. Читање на Библијата: Осија 1 — 7 Песна 66
Методи во говорништвото: Вовед што побудува интерес (be стр. 215 пас. 1 до стр. 216 пас. 5)
Бр. 1: Вовед во Осија и зошто е корисна (si стр. 143-145 пас. 1-8, 14-17)
Бр. 2: Осија 5:1-15
Бр. 3: a Да се одговори на гледиштата што некои ги имаат во врска со повторното раѓање (rs стр. 296 пас. 3 до стр. 297 пас. 2)
Бр. 4: На кои начини вистинските христијани покажуваат стрпливост
29 окт. Читање на Библијата: Осија 8 — 14 Песна 59
Методи во говорништвото: Да се привлече вниманието на луѓето во службата на проповедање (be стр. 217 пас. 1-4)
Усно повторување
5 ное. Читање на Библијата: Јоил 1 — 3 Песна 166
Методи во говорништвото: Наведи ја темата во воведот (be стр. 217 пас. 5 до стр. 219 пас. 4)
Бр. 1: Вовед во Јоил и зошто е корисна (si стр. 146-148 пас. 1-5, 12-14)
Бр. 2: Јоил 2:1-14
Бр. 3: Што значи да се има ‚совршена љубов‘ (1. Јов. 4:18)
Бр. 4: Исповед пред свештеник — зошто не е библиски? (rs стр. 138 пас. 1 до стр. 139 пас. 3)
12 ное. Читање на Библијата: Амос 1 — 9 Песна 211
Методи во говорништвото: Делотворен заклучок (be стр. 220 пас. 1-3)
Бр. 1: Вовед во Амос и зошто е корисна (si стр. 148-150 пас. 1-6, 13-17)
Бр. 2: Амос 2:1-16
Бр. 3: Зошто искуството не е најдобриот учител
Бр. 4: Исповедање гревови против Бог и против човек (rs стр. 140 пас. 4 до 141 пас. 3)
19 ное. Читање на Библијата: Авдија 1-21— Јона 1-4 Песна 220
Методи во говорништвото: Точки што требаш да ги имаш на ум (be стр. 220 пас. 4 до стр. 221 пас. 4)
Бр. 1: Вовед во Авдија и Јона и зошто се корисни (si стр. 151-153 пас. 1-5, 10-14; стр. 153, 154 пас. 1-4, 9-12)
Бр. 2: Јона 1:1-17
Бр. 3: Зошто пред да дојде рајот на Земјата мора да има духовен рај
Бр. 4: b Зошто треба сериозните гревови да им се исповедаат на старешините? (rs стр. 141 пас. 4-8)
26 ное. Читање на Библијата: Михеј 1 — 7 Песна 18
Методи во говорништвото: Во службата на теренот (be стр. 221 пас. 5 до стр. 222 пас. 6)
Бр. 1: Вовед во Михеј и зошто е корисна (si стр. 155-158 пас. 1-8, 16-19)
Бр. 2: Михеј 2:1-13
Бр. 3: Што значи да се биде кроток, односно со благ нарав
Бр. 4: Зошто е разумно да се верува во создавање (rs стр. 381 пас. 2 до стр. 383 пас. 2)
3 дек. Читање на Библијата: Наум 1-3— Авакум 1-3 Песна 137
Методи во говорништвото: Точност на изјавата (be стр. 223 пас. 1-5)
Бр. 1: Вовед во Наум и Авакум и зошто се корисни (si стр. 158-160 пас. 1-7, 11, 12; стр. 161-163 пас. 1-5, 12-14)
Бр. 2: Авакум 1:1-17
Бр. 3: Да се разбере библискиот извештај за создавањето (rs стр. 383 пас. 3 до стр. 385 пас. 4)
Бр. 4: Зошто вечниот живот нема да биде досаден
10 дек. Читање на Библијата: Софонија 1-3 — Агеј 1-2 Песна 78
Методи во говорништвото: ‚Цврсто да се држиме за верната реч‘ (be стр. 224 пас. 1-4)
Бр. 1: Вовед во Софонија и Агеј и зошто се корисни (si стр. 163-166 пас. 1-6, 10-12; стр. 166-168 пас. 1-7, 13-16)
Бр. 2: Софонија 3:1-17
Бр. 3: Зошто не е библиски да се обожава крстот? (rs стр. 193 пас. 3 до стр. 194 пас. 3)
Бр. 4: c Како влијае духовноста врз бракот?
17 дек. Читање на Библијата: Захарија 1 — 8 Песна 209
Методи во говорништвото: Да се провери точноста на информациите (be стр. 225 пас. 1-3)
Бр. 1: Вовед во Захарија (si стр. 168, 169 пас. 1-7)
Бр. 2: Захарија 7:1-14
Бр. 3: Како се исполнила визијата за преобразувањето?
Бр. 4: Дали годините на луѓето пред Потопот се броеле со години од иста должина како денес? (rs стр. 88 пас. 1-3)
24 дек. Читање на Библијата: Захарија 9 — 14 Песна 202
Методи во говорништвото: Разбирливо за другите (be стр. 226 пас. 1 до стр. 227 пас. 1)
Бр. 1: Захарија — зошто е корисна и вовед во Малахија и зошто е корисна (si стр. 171, 172 пас. 23-27; стр. 172-175 пас. 1-6, 13-17)
Бр. 2: Захарија 10:1-12
Бр. 3: Зошто Јеховините сведоци велат дека Божјето Царство било воспоставено во 1914 година? (rs стр. 88 пас. 4 до стр. 90 пас. 4)
Бр. 4: Како можеме да се подготвиме за прогонство?
31 дек. Читање на Библијата: Малахија 1 — 4 Песна 118
Методи во говорништвото: Да се објаснат непознатите термини (be стр. 227 пас. 2 до стр. 228 пас. 1)
Усно повторување
[Фусноти]
a Колку што дозволува времето, разгледај некои одговори на гледиштата, тврдењата и приговорите што најмногу ќе одговараат на потребите на вашето подрачје.
b Колку што дозволува времето, разгледај некои одговори на гледиштата, тврдењата и приговорите што најмногу ќе одговараат на потребите на вашето подрачје.
c Да се додели само на браќа.
d Да се додели само на браќа.
e Да се додели само на браќа.
f Да се додели само на браќа.
g Да се додели само на браќа.
h Да се додели само на браќа.
i Колку што дозволува времето, разгледај некои одговори на гледиштата, тврдењата и приговорите што најмногу ќе одговараат на потребите на вашето подрачје.
j Да се додели само на браќа.
k Да се додели само на браќа.
l Колку што дозволува времето, разгледај некои одговори на гледиштата, тврдењата и приговорите што најмногу ќе одговараат на потребите на вашето подрачје.
a Колку што дозволува времето, разгледај некои одговори на гледиштата, тврдењата и приговорите што најмногу ќе одговараат на потребите на вашето подрачје.
b Да се додели само на браќа.
c Да се додели само на браќа.