Известувања
◼ Јануари: Ќе се нуди која и да било постара книга од 192 страници. Ако собранието нема такви постари книги во резерва, може да се користи книгата Спознание или брошурата Бдејте! Февруари: Ќе се нуди книгата Приближи му се на Јехова. Март: Ќе се нуди книгата Што учи Библијата. Обиди се да започнеш библиски студии. Април и мај: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Кога повторно ги посетуваме заинтересираните лица, меѓу кои спаѓаат и оние што присуствувале на Спомен-свеченоста или на некој друг состанок, а не се активно поврзани со собранието, треба да им ја понудиме книгата Што учи Библијата. Притоа, со тие луѓе треба да се обидеме да започнеме да ја проучуваме Библијата.
◼ Почнувајќи од февруари, и не подоцна од 4 март, новото јавно предавање за покраинските надгледници ќе биде „Божјиот нов свет — кој ќе влезе во него?“.
◼ На еден Состанок за служба во април, ќе се дискутира за DVD-то Младите прашуваат — што ќе сторам со својот живот? (Young People Ask—What Will I Do With My Life?). Ако е потребно, треба да се нарачаат примероци од ова DVD преку собранието што е можно побрзо.
◼ Нашата кинеска литература се издава на две писма. Луѓето од Хонгконг и Тајван обично го читаат традиционалното писмо, кое го означивме како „кинеско“ (СН). Многу други кинески читатели обично читаат едно поедноставено писмо означено како „поедноставен кинески“ (СНЅ). Бидејќи писмото што лицето го чита не е поврзано со тоа дали зборува кантонски, мандарински или друг дијалект, важно е да утврдиме кое писмо повеќе сака да го чита. За споредба може да ни послужи брошурата Добра вест за сите народи, страници 12, 13. На овој начин, ќе биде нарачана литературата со исправното писмо.
◼ Собранијата треба соодветно да се подготват за да ја одржат Спомен-свеченоста оваа година во понеделник, 2 април, по зајдисонце. Иако говорот може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Зајдисонцето во Скопје ќе биде во 19.00 часот, а во Охрид во 19.04 часот. Пожелно е секое собрание посебно да ја одржи Спомен-свеченоста. Меѓутоа, ова нема секогаш да биде возможно. Онаму каде што обично неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да обезбедат друг објект за таа вечер. Таму каде што е возможно, предлагаме помеѓу двете програми да поминат барем 40 минути, за да можат сите да бидат охрабрени од краткото дружење по Спомен-свеченоста. Треба да се размисли и за сообраќајот и паркирањето, вклучувајќи го и оставањето и земањето патници. Старешинството треба да одлучи за тоа кои подготовки ќе бидат најдобри локално.
◼ Собраниските секретари треба да проверат дали имаат писмо за промени за општи пионери (S-202) за секој општ пионер во собранието. Доколку немаат, треба да пишат до Бетелот.
◼ По вторпат во текот на 6 месеци достигнавме нов највисок број на објавители. Во септември 2006, извештај за својата проповедничка активност дадоа 1.171 објавител, а тоа се 9 објавители повеќе отколку во март 2006. Тоа е навистина многу добар почеток на новата службена година.