Распоред за Теократска школа за служба за 2008
УПАТСТВА
Во текот на 2008 година ќе важат следниве упатства за водење на Теократската школа за служба:
ИЗВОР НА МАТЕРИЈАЛОТ: Свето Писмо — Превод Нов свет [bi12], Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба [be], „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“ [si] и Расправљање на темељу Писма [rs].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со срдечен поздрав, песна и молитва, а потоа да продолжи како што е наведено подолу. По секоја точка, надгледникот на школата ќе ја најави следната точка.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО: 5 минути. Надгледникот на школата, помошниот советник или некој друг способен старешина ќе дискутира за една метода во говорништвото што се темели на учебникот Школа за служба. (Во собранијата во кои нема многу старешини, овој говор може да го изнесе и некој способен слуга помошник.)
ЗАДАЧА БР. 1: 10 минути. Оваа задача треба да ја одржи способен старешина или слуга помошник. Таа ќе се темели на книгите Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба или „Све је Писмо од Бога надахнуто и корисно“. Оваа задача треба да се изнесе како 10-минутен поучен говор. Целта не треба да биде само да се помине материјалот, туку да се нагласи практичната вредност на информациите што се изнесуваат, при што ќе биде истакнато она што е од најголема корист за собранието. Треба да се користи наведената тема. Се очекува браќата на кои им е доделен овој говор да го одржат во предвиденото време. Ако е потребно, може да им се даде совет насамо.
ИЗБРАНИ СТИХОВИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 10 минути. Првите пет минути еден способен старешина или слуга помошник треба да го обработи материјалот на начин што ќе биде од корист за собранието. Може да коментира за кој и да било дел што е доделен за читање на Библијата за таа седмица. Ова не треба да биде само резиме на материјалот што е предвиден за читање. Главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите им користат ним. Говорникот треба да внимава да не ги пречекори предвидените пет минути, колку што има на располагање за своето излагање, за да им даде можност на присутните да коментираат во следните пет минути. Присутните ќе бидат замолени да дадат кратки коментари (30 секунди или помалку) за оние мисли од Библијата што им оставиле впечаток и за тоа како можат да се применат. Потоа, надгледникот на школата ќе замоли да отидат во помошната просторија учениците што имаат учество во втората школа.
ЗАДАЧА БР. 2: 4 минути или помалку. Ова е читање што ќе го изнесе еден брат. Учесникот треба да го прочита доделениот материјал без да даде увод или заклучок. Надгледникот на школата особено ќе биде заинтересиран да им помогне на учесниците да читаат со разбирање, течно, со исправно смисловно нагласување, модулација, соодветни паузи и природно.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Ќе биде доделена на сестра. Ако рамката не им биде одредена однапред, тогаш ученичките сами ќе си изберат некоја рамка од списокот што се наоѓа на 82. страница во учебникот Школа за служба. Ученичката треба да ја користи доделената тема и на реалистичен и практичен начин да ја примени на некоја ситуација од службата на проповедање која е вообичаена за вашето подрачје. Кога во задачата не е наведен извор на материјалот, ученичката ќе треба сама да најде материјал така што ќе истражува во нашите публикации. На поновите ученички треба да им бидат доделени задачи за кои е наведен извор на материјалот. Надгледникот на школата ќе обрне особено внимание на тоа како ученичката го обработува доделениот материјал и на кој начин ѝ помага на соговорничката да размислува за библиските стихови и да ги разбере клучните мисли од разговорот. Надгледникот на школата ќе одреди која ќе биде соговорничка.
ЗАДАЧА БР. 4: 5 минути. Ученикот треба да ја обработи доделената тема. Кога во задачата не е наведен извор на материјалот, ученикот ќе треба сам да најде материјал така што ќе истражува во нашите публикации. Кога се доделува на брат, оваа точка треба да ја изнесе како говор, имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството. Кога оваа точка се доделува на сестра, секогаш треба да се изнесе на ист начин како задачата бр. 3. Надгледникот на школата може да ја додели задачата бр. 4 на брат секогаш кога смета дека тоа одговара. Те молиме, имај на ум дека темите што се одбележани со ѕвездичка секогаш треба да им се доделат на браќа и да се изнесат како говори. Ако во вашето собрание има повеќе старешини и слуги помошници кои можат да изнесат различни точки од Теократската школа за служба и од Состанокот за нашата служба, пожелно е темите со ѕвездичка да им бидат доделени на некој старешина или на слуга помошник секогаш кога е можно.
СОВЕТ: 1 минута. Надгледникот на школата нема однапред да најави на кои методи во говорништвото работат учениците. По задачите бр. 2, бр. 3 и бр. 4, надгледникот на школата ќе даде позитивни забелешки за некој аспект на говорот кој заслужува пофалба. Неговата цел не е само да рече ‚Беше добро‘, туку треба и да го сврти вниманието на конкретни причини зошто тој аспект на говорот бил делотворен. По состанокот или во некое друго време, според потребите на ученикот, може насамо да му се даде дополнителен изградувачки совет за она на што би требало да работи.
ВРЕМЕ: Секој говор треба да заврши навреме, а и советите треба да се дадат за онолку време колку што е предвидено. Задачите бр. 2, бр. 3 и бр. 4 треба тактично да се прекинат кога ќе истече времето. Ако браќата што го изнесуваат уводниот говор за методи во говорништвото, задачата бр. 1 или избраните стихови од читањето на Библијата го пречекорат времето, треба да им се даде совет насамо. Сите треба да внимаваат на зададеното време. Состанокот трае 45 минути, без песна и молитва.
ФОРМУЛАР ЗА СОВЕТИ: Се наоѓа во учебникот.
ПОМОШЕН СОВЕТНИК: Ако во собранието освен надгледникот на школата има некој друг способен старешина, тогаш старешинството може да го избере како помошен советник. Ако има повеќе такви старешини во собранието, тие можат секоја година да се менуваат за оваа задача. Задачата на помошниот советник е, кога тоа ќе биде потребно, насамо да им даде совет на браќата што ја изнесуваат задачата бр. 1 и избраните стихови од Библијата. Нема потреба по секој таков говор да им даде совети на старешините или на слугите помошници.
ПОВТОРУВАЊЕ ВО ТЕОКРАТСКАТА ШКОЛА ЗА СЛУЖБА: 30 минути. Секои два месеца, надгледникот на школата ќе води повторување. Пред тоа ќе се разгледува една метода во говорништвото и избрани стихови од читањето на Библијата, како што е изложено погоре. Повторувањето ќе се темели на материјалот што се разгледувал во школата во текот на претходните два месеца, вклучувајќи ја и тековната седмица. Ако вашето собрание има покраински собир во текот на седмицата кога треба да има повторување во Теократската школа за служба, тогаш повторувањето (и останатиот материјал од седмичниот распоред) треба да се одложат за една седмица, а следниот седмичен распоред треба да се користи во седмицата на покраинскиот собир. Ако имате посета од покраинскиот надгледник во седмицата за која е предвидено повторување, тогаш песната, методата во говорништвото и избраните стихови од Библијата треба да се изнесат според распоредот. Поучниот говор (кој се одржува по методата во говорништвото) треба да се земе од распоредот за наредната седмица. Теократската школа за служба за следната седмица ќе продолжи според распоредот со говорот за методите во говорништвото и избраните стихови од Библијата, по што ќе следи повторувањето.
РАСПОРЕД
7 јан. Читање на Библијата: Матеј 1-6 Песна 62
Методи во говорништвото: Дај го потребното објаснување (be стр. 228 пас. 2, 3)
Бр. 1: Вовед во Матеј (si стр. 175-177 пас. 1-10)
Бр. 2: Матеј 5:1-20
Бр. 3: Зошто луѓето умираат? (rs стр. 359 пас. 2 до стр. 360 пас. 7)
Бр. 4: На кои начини ни помага Божјиот свет дух
14 јан. Читање на Библијата: Матеј 7-11 Песна 224
Методи во говорништвото: Како е вклучено срцето (be стр. 228 пас. 4-6)
Бр. 1: Уживај во Божјата реч (be стр. 9 пас. 1 до стр. 10 пас. 1)
Бр. 2: Матеј 10:1-23
Бр. 3: Зошто се исплаќа да си чесен
Бр. 4: Каде се мртвите и во каква состојба се наоѓаат? (rs стр. 361 пас. 1 до стр. 363 пас. 2)
21 јан. Читање на Библијата: Матеј 12-15 Песна 133
Методи во говорништвото: Информативно за публиката (be стр. 230 пас. 1-6)
Бр. 1: Читај ја Библијата секојдневно (be стр. 10 пас. 2 до стр. 12 пас. 4)
Бр. 2: Матеј 14:1-22
Бр. 3: Зошто Јеховините сведоци не учествуваат во традиционалните обичаи на оплакување? (rs стр. 363 пас. 3 до стр. 364 пас. 5)
Бр. 4: Што или кој е антихристот?
28 јан. Читање на Библијата: Матеј 16-21 Песна 176
Методи во говорништвото: Истражувањето помага говорот да биде информативен (be стр. 231 пас. 1-3)
Бр. 1: ‚Обрни внимание на тоа како слушаш‘ (be стр. 13 пас. 1 до стр. 14 пас. 5)
Бр. 2: Матеј 17:1-20
Бр. 3: Како да се одговори на неисправните гледишта во врска со смртта (rs стр. 365 пас. 1-3)
Бр. 4: Кои работи се свети за вистинските христијани
4 фев. Читање на Библијата: Матеј 22-25 Песна 151
Методи во говорништвото: Да се објаснат библиските стихови (be стр. 231 пас. 4, 5)
Бр. 1: Слушај на состаноците и на конгресите (be стр. 15 пас. 1 до стр. 16 пас. 5)
Бр. 2: Матеј 23:1-24
Бр. 3: Нема да биде досадно да живееме вечно
Бр. 4: Соништа — вдахновени и други (rs стр. 366 пас. 1 до стр. 367 пас. 5)
11 фев. Читање на Библијата: Матеј 26-28 Песна 110
Методи во говорништвото: Да се објасни значењето на термините (be стр. 232 пас. 1)
Бр. 1: Матеј — зошто е корисна (si стр. 180, 181 пас. 29-33)
Бр. 2: Матеј 27:1-22
Бр. 3: Зошто не е доволно само да се верува дека постои Бог
Бр. 4: Зошто дрогата е забранета за христијаните (rs стр. 91 пас. 3 до стр. 93 пас. 3)
18 фев. Читање на Библијата: Марко 1-4 Песна 167
Методи во говорништвото: Да се обработат библиските стихови (be стр. 232 пас. 2-4)
Бр. 1: Вовед во Марко (si стр. 181-183 пас. 1-11)
Бр. 2: Марко 2:1-17
Бр. 3: Зошто христијаните не користат марихуана (rs стр. 94 пас. 1 до стр. 95 пас. 1)
Бр. 4: Како љубовта влева храброст
25 фев. Читање на Библијата: Марко 5-8 Песна 72
Методи во говорништвото: Да се изберат информации што ќе им користат на слушателите (be стр. 233 пас. 1-5)
Повторување во Теократската школа за служба
3 март Читање на Библијата: Марко 9-12 Песна 195
Методи во говорништвото: Користење на доделениот материјал (be стр. 234 пас. 1 до стр. 235 пас. 3)
Бр. 1: Можеш да ја подобриш меморијата (be стр. 17 пас. 1 до стр. 19 пас. 1)
Бр. 2: Марко 11:1-18
Бр. 3: Зошто Бог не може да лаже
Бр. 4: Зошто христијаните не пушат (rs стр. 95 пас. 2 до стр. 97 пас. 1)
10 март Читање на Библијата: Марко 13-16 Песна 87
Методи во говорништвото: Делотворно користење прашања (be стр. 236 пас. 1-5)
Бр. 1: Марко — зошто е корисна (si стр. 186 пас. 31-33)
Бр. 2: Марко 14:1-21
Бр. 3: Како да се победат лошите навики? (rs стр. 97 пас. 2 до стр. 98 пас. 1)
Бр. 4: Зошто „човековиот гнев не ја донесува праведноста што ја бара Бог“ (Јак. 1:20)
17 март Читање на Библијата: Лука 1-3 Песна 13
Методи во говорништвото: Прашања за да воведеш важни мисли (be стр. 237 пас. 1, 2)
Бр. 1: Вовед во Лука (si стр. 187, 188 пас. 1-9)
Бр. 2: Лука 1:1-23
Бр. 3: Зошто „верата без дела е бескорисна“ (Јак. 2:20)
Бр. 4: Народите нема да ја спречат Божјата намера со Земјата (rs стр. 128 пас. 3 до стр. 129 пас. 5)
24 март Читање на Библијата: Лука 4-6 Песна 156
Методи во говорништвото: Прашања за да резонираш на некоја тема (be стр. 237 пас. 3 до стр. 238 пас. 3)
Бр. 1: Улогата на Божјиот дух во помнењето (be стр. 19 пас. 2 до стр. 20 пас. 3)
Бр. 2: Лука 4:1-21
Бр. 3: Дали Јехова ќе ја уништи Земјата со оган? (rs стр. 129 пас. 6 до стр. 131 пас. 1)
Бр. 4: Стравот од Бог ни помага да не згрешиме
31 март Читање на Библијата: Лука 7-9 Песна 122
Методи во говорништвото: Прашања за да ги извлечеш внатрешните чувства (be стр. 238 пас. 4-6)
Бр. 1: Зошто да се посветиш на читањето? (be стр. 21 пас. 1 до стр. 23 пас. 3)
Бр. 2: Лука 7:1-17
Бр. 3: Докази дека Бог нѐ сака и ни го мисли најдоброто
Бр. 4: Помазаниците нема да се вратат на Земјата откако ќе бидат уништени злите (rs стр. 131 пас. 2 до стр. 132 пас. 1)
7 апр. Читање на Библијата: Лука 10-12 Песна 68
Методи во говорништвото: Прашања за да нагласиш важни мисли (be стр. 239 пас. 1, 2)
Бр. 1: Како да се посветиш на читањето (be стр. 23 пас. 4 до стр. 26 пас. 5)
Бр. 2: Лука 11:37-54
Бр. 3: Дали Божјата намера со Земјата се променила? (rs стр. 132 пас. 2 до стр. 133 пас. 2)
Бр. 4: Кое е значењето на Откровение 17:17?
14 апр. Читање на Библијата: Лука 13-17 Песна 86
Методи во говорништвото: Прашања за да разоткриеш погрешно размислување (be стр. 239 пас. 3-5)
Бр. 1: Како се проучува (be стр. 27 пас. 1 до стр. 31 пас. 2)
Бр. 2: Лука 16:1-15
Бр. 3: Што учиме од Божјиот закон за доприбирање (3. Мој. 19:9, 10)
Бр. 4: Како да ги охрабриме болните? (rs стр. 271 пас. 4 до стр. 272 пас. 2)
21 апр. Читање на Библијата: Лука 18-21 Песна 182
Методи во говорништвото: Компарации и метафори што поучуваат (be стр. 240 пас. 1 до стр. 241 пас. 1)
Бр. 1: Лука — зошто е корисна (si стр. 192, 193 пас. 30-35)
Бр. 2: Лука 18:1-17
Бр. 3: Како да ги охрабриме ужалените (rs стр. 272 пас. 3-7)
Бр. 4: Што значи да не мрмориме (Фил. 2:14)
28 апр. Читање на Библијата: Лука 22-24 Песна 218
Методи во говорништвото: Користи примери (be стр. 241 пас. 2-4)
Повторување во Теократската школа за служба
5 мај Читање на Библијата: Јован 1-4 Песна 31
Методи во говорништвото: Примери од Светото писмо (be стр. 242 пас. 1, 2)
Бр. 1: Вовед во Јован (si стр. 193-195 пас. 1-9)
Бр. 2: Јован 3:1-21
Бр. 3: Што учиме од тоа што Давид не дозволил цар Саул да биде убиен
Бр. 4: Охрабрување за оние што се прогонувани затоа што ја вршат Божјата волја (rs стр. 272 пас. 8 до стр. 273 пас. 5)
12 мај Читање на Библијата: Јован 5-7 Песна 150
Методи во говорништвото: Дали ќе се разбере? (be стр. 242 пас. 3 до стр. 243 пас. 1)
Бр. 1: Проучувањето наградува (be стр. 31 пас. 3 до стр. 32 пас. 4)
Бр. 2: Јован 6:1-21
Бр. 3: Што учиме од извештајот за Ананија и Сапфира
Бр. 4: Како да ги охрабриме оние што се потиштени заради неправдите? (rs стр. 273 пас. 6 до стр. 274 пас. 2)
19 мај Читање на Библијата: Јован 8-11 Песна 102
Методи во говорништвото: Илустрации од познати ситуации (be стр. 244 пас. 1, 2)
Бр. 1: Како се истражува со помош на Библијата (be стр. 33 пас. 1 до стр. 35 пас. 2)
Бр. 2: Јован 11:38-57
Бр. 3: Како да ги охрабриме оние што имаат економски проблеми? (rs стр. 274 пас. 3-7)
Бр. 4: Зошто била дадена десеттата заповед, иако не било можно да се казнат оние што не ја држеле?
26 мај Читање на Библијата: Јован 12-16 Песна 3
Методи во говорништвото: Илустрации што одговараат за публиката (be стр. 244 пас. 3 до стр. 245 пас. 4)
Бр. 1: Научи да ги користиш другите алатки за истражување (be стр. 35 пас. 3 до стр. 38 пас. 4)
Бр. 2: Јован 12:1-19
Бр. 3: Охрабрување за оние што се разочарани заради своите недостатоци (rs стр. 274 пас. 8 до стр. 275 пас. 3)
Бр. 4: Како му ја доверуваме својата грижа на Јехова (Пс. 55:22, фус.)
2 јуни Читање на Библијата: Јован 17-21 Песна 198
Методи во говорништвото: Делотворно користење визуелни помагала (be стр. 247 пас. 1, 2)
Бр. 1: Јован — зошто е корисна (si стр. 198, 199 пас. 30-35)
Бр. 2: Јован 21:1-14
Бр. 3: Зошто да веруваме во Бог, кого не можеме да го видиме?
Бр. 4: Еволуцијата — научна дилема (rs стр. 111 пас. 1 до стр. 112 пас. 2)
9 јуни Читање на Библијата: Дела 1-4 Песна 92
Методи во говорништвото: Како Исус користел визуелни помагала (be стр. 247 пас. 3)
Бр. 1: Вовед во Дела (si стр. 199, 200 пас. 1-8)
Бр. 2: Дела 1:1-14
Бр. 3: Еволуцијата, фосилните записи и разумноста (rs стр. 112 пас. 3 до стр. 115 пас. 4)
Бр. 4: Што значи да се има „слобода на говорот“ (Евр. 3:6)
16 јуни Читање на Библијата: Дела 5-7 Песна 2
Методи во говорништвото: Начини на користење визуелни помагала (be стр. 248 пас. 1-3)
Бр. 1: Правење нацрт (be стр. 39-42)
Бр. 2: Дела 5:1-16
Бр. 3: Како да се одговори на приговорите на еволуционистите? (rs стр. 115 пас. 5 до стр. 118 пас. 2)
Бр. 4: Зошто стравот Јеховин е првото нешто потребно за да се стекне мудрост? (Пс. 111:10)
23 јуни Читање на Библијата: Дела 8-10 Песна 116
Методи во говорништвото: Користење географски карти, печатени програми од собирите и видеокасети (be стр. 248 пас. 4 до стр. 249 пас. 2)
Бр. 1: Подготвување ученички задачи за школата (be стр. 43 пас. 1 до стр. 44 пас. 3)
Бр. 2: Дела 8:1-17
Бр. 3: Како Исус „ќе го избави сиромавиот“ (Пс. 72:12)
Бр. 4: Зошто многу луѓе немаат вера (rs стр. 70 пас. 1 до стр. 71 пас. 1)
30 јуни Читање на Библијата: Дела 11-14 Песна 79
Методи во говорништвото: Користење визуелни помагала за поголеми групи (be стр. 249 пас. 3 до стр. 250 пас. 1)
Повторување во Теократската школа за служба
7 јули Читање на Библијата: Дела 15-17 Песна 203
Методи во говорништвото: Зошто е важно да се резонира (be стр. 251 пас. 1-3)
Бр. 1: Работење со тема и рамка (be стр. 44 пас. 4 до стр. 46 пас. 1)
Бр. 2: Дела 16:1-15
Бр. 3: Зошто треба бестрашно да му служиме на Јехова
Бр. 4: Како може да се стекне вера? (rs стр. 71 пас. 2-5)
14 јули Читање на Библијата: Дела 18-21 Песна 32
Методи во говорништвото: Каде да почнеш (be стр. 251 пас. 4 до стр. 252 пас. 3)
Бр. 1: Подготвување говори за собранието (be стр. 47 пас. 1 до стр. 49 пас. 1)
Бр. 2: Дела 20:1-16
Бр. 3: Верата во праведниот нов свет се докажува со дела (rs стр. 71 пас. 7 до стр. 72 пас. 4)
Бр. 4: Што можеме да научиме од забраната што се наоѓа во 2. Мојсеева 23:19б?
21 јули Читање на Библијата: Дела 22-25 Песна 200
Методи во говорништвото: Кога да попуштиш (be стр. 252 пас. 4 до стр. 253 пас. 2)
Бр. 1: Подготвување точки за Состанокот за нашата служба и други говори (be стр. 49 пас. 2 до стр. 51 пас. 1)
Бр. 2: Дела 22:1-16
Бр. 3: Како Јеховините сведоци живеат во склад со Јован 13:34, 35?
Бр. 4: Како може да се препознаат лажните пророци? (rs стр. 199 пас. 1 до стр. 200 пас. 4)
28 јули Читање на Библијата: Дела 26-28 Песна 29
Методи во говорништвото: Поставувај прашања и наведи причини (be стр. 253 пас. 3 до стр. 254 пас. 2)
Бр. 1: Дела — зошто е корисна (si стр. 203-205 пас. 32-40)
Бр. 2: Дела 26:1-18
Бр. 3: Вистинските пророци не разбирале секогаш како и кога ќе се исполни она што го прорекле (rs стр. 200 пас. 5 до стр. 201 пас. 2)
Бр. 4: Зошто Јехова покажува стрпливост
4 авг. Читање на Библијата: Римјаните 1-4 Песна 170
Методи во говорништвото: Цврсти аргументи кои се темелат на Божјата реч (be стр. 255 пас. 1 до стр. 256 пас. 2)
Бр. 1: Вовед во Римјаните (si стр. 205, 206 пас. 1-7)
Бр. 2: Римјаните 3:1-20
Бр. 3: Како ангелите ги заштитуваат и ги зајакнуваат Божјите слуги
Бр. 4: Јеховините сведоци го поддржуваат вистинското обожавање (rs стр. 201 пас. 3, 4)
11 авг. Читање на Библијата: Римјаните 5-8 Песна 207
Методи во говорништвото: Поддржи ги своите аргументи со дополнителни докази (be стр. 256 пас. 3-5)
Бр. 1: Подготвување предавања за јавност (be стр. 52 пас. 1 до стр. 54 пас. 1)
Бр. 2: Римјаните 6:1-20
Бр. 3: Јеховините сведоци се препознаваат по нивните плодови (rs стр. 202 пас. 1 до стр. 203 пас. 2)
Бр. 4: Како нѐ штити праведноста
18 авг. Читање на Библијата: Римјаните 9-12 Песна 152
Методи во говорништвото: Да се изнесат доволно докази (be стр. 257 пас. 1-4)
Бр. 1: Римјаните — зошто е корисна (si стр. 208, 209 пас. 20-25)
Бр. 2: Римјаните 9:1-18
Бр. 3: Зошто е опасно да оговараме и да шириме гласини?
Бр. 4: Како да им одговориме на оние што нѐ нарекуваат лажни пророци (rs стр. 203 пас. 3 до стр. 204 пас. 1)
25 авг. Читање на Библијата: Римјаните 13-16 Песна 16
Методи во говорништвото: Напор да се достигне срцето (be стр. 258 пас. 1 до стр. 259 пас. 1)
Повторување во Теократската школа за служба
1 сеп. Читање на Библијата: 1. Коринќаните 1-9 Песна 199
Методи во говорништвото: Откриј што има во срцето на човекот (be стр. 259 пас. 2-4)
Бр. 1: Вовед во 1. Коринќаните (si стр. 210, 211 пас. 1-7)
Бр. 2: 1. Коринќаните 4:1-17
Бр. 3: Бог не предодредува кога ќе умре некој (rs стр. 386 пас. 1-3)
Бр. 4: Дали материјалното богатство е доказ за благослов од Бог?
8 сеп. Читање на Библијата: 1. Коринќаните 10-16 Песна 35
Методи во говорништвото: Побудувај корисни чувства (be стр. 259 пас. 5 до стр. 260 пас. 1)
Бр. 1: 1. Коринќаните — зошто е корисна (si стр. 213, 214 пас. 23-26)
Бр. 2: 1. Коринќаните 13:1 — 14:6
Бр. 3: Зошто се среќни оние што ја извршуваат речта
Бр. 4: Дали сѐ што се случува е по Божја волја? (rs стр. 387 пас. 1 до стр. 388 пас. 5)
15 сеп. Читање на Библијата: 2. Коринќаните 1-7 Песна 58
Методи во говорништвото: Помогни им на другите да стекнат страв од Бог (be стр. 260 пас. 2, 3)
Бр. 1: Вовед во 2. Коринќаните (si стр. 214, 215 пас. 1-4)
Бр. 2: 2. Коринќаните 1:1-14
Бр. 3: Дали Бог знае и одредува сѐ однапред? (rs стр. 388 пас. 6 до стр. 389 пас. 1)
Бр. 4: Зошто вистинските христијани се радуваат кога се прогонувани
22 сеп. Читање на Библијата: 2. Коринќаните 8-13 Песна 12
Методи во говорништвото: Нашето однесување му е важно на Бог (be стр. 260 пас. 4 до стр. 261 пас. 1)
Бр. 1: 2. Коринќаните — зошто е корисна (si стр. 216, 217 пас. 18-20)
Бр. 2: 2. Коринќаните 9:1-15
Бр. 3: Зошто вистинските христијани не се дел од светот
Бр. 4: Божјата способност да ги предвидува и однапред да ги одредува настаните (rs стр. 389 пас. 2 до стр. 390 пас. 1)
29 сеп. Читање на Библијата: Галатите 1-6 Песна 163
Методи во говорништвото: Помогни им на другите да направат самоиспитување (be стр. 261 пас. 2-4)
Бр. 1: Вовед во Галатите и зошто е корисна (si стр. 217-220 пас. 1-6, 14-18)
Бр. 2: Галатите 1:1-17
Бр. 3: Зошто Бог не ја употребил својата способност за предвидување во врска со Адам (rs стр. 390 пас. 2-4)
Бр. 4: Како љубовта може да го победи стравот од човек
6 окт. Читање на Библијата: Ефешаните 1-6 Песна 99
Методи во говорништвото: Поттикнувај на послушност од сѐ срце (be стр. 262 пас. 1-4)
Бр. 1: Вовед во Ефешаните и зошто е корисна (si стр. 220-223 пас. 1-8, 16-19)
Бр. 2: Ефешаните 3:1-19
Бр. 3: Не е знак на слабост да се извиниш
Бр. 4: Бог не ја предодредил судбината на Јаков, Исав или Јуда (rs стр. 391 пас. 1-3)
13 окт. Читање на Библијата: Филипјаните 1-4— Колошаните 1-4
Методи во говорништвото: Да соработуваме со Јехова за да ги достигнеме срцата на луѓето (be стр. 262 пас. 5)
Бр. 1: Вовед во Филипјаните и зошто е корисна (si стр. 223-225 пас. 1-7, 12-14)
Бр. 2: Филипјаните 3:1-16
Бр. 3: Во која смисла било предодредено христијанското собрание? (rs стр. 391 пас. 4 до стр. 392 пас. 1)
Бр. 4: a Колошаните — зошто е корисна (si стр. 228 пас. 12-14)
20 окт. Читање на Библијата: 1. Солуњаните 1-5— 2. Солуњаните 1-3
Методи во говорништвото: Да се постигне исправно времетраење (be стр. 263 пас. 1 до стр. 264 пас. 4)
Бр. 1: Вовед во 1. и 2. Солуњаните и зошто се корисни (si стр. 229-231 пас. 1-5, 13-15; стр. 232, 233 пас. 1-4, 10, 11)
Бр. 2: 1. Солуњаните 1:1 — 2:8
Бр. 3: Кое е библиското гледиште за астрологијата? (rs стр. 392 пас. 2 до стр. 393 пас. 3)
Бр. 4: b 1. и 2. Тимотеј — зошто се корисни (si стр. 236, 237 пас. 15-19; стр. 238, 239 пас. 10-12)
27 окт. Читање на Библијата: 1. Тимотеј 1-6— 2. Тимотеј 1-4
Методи во говорништвото: Делотворно поттикнување (be стр. 265 пас. 1 до стр. 266 пас. 1)
Повторување во Теократската школа за служба
Методи во говорништвото: Поттикнување на темел на љубовта (be стр. 266 пас. 2-5)
Бр. 1: Вовед во Тит и зошто е корисна (si стр. 239-241 пас. 1-4, 8-10)
Бр. 2: Тит 1:1-16
Бр. 3: Кои се некои добри причини за да се верува во Бог? (rs стр. 53 пас. 1 до стр. 54 пас. 1)
Бр. 4: c Филемон — зошто е корисна (si стр. 242, 243 пас. 7-10)
10 ное. Читање на Библијата: Евреите 1-8 Песна 144
Методи во говорништвото: Поттикнување на темел на Библијата (be стр. 267 пас. 1, 2)
Бр. 1: Вовед во Евреите (si стр. 243, 244 пас. 1-9)
Бр. 2: Евреите 3:1-19
Бр. 3: Злото и страдањата не се доказ дека не постои Бог (rs стр. 54 пас. 2-4)
Бр. 4: Кои се разликите меѓу вистинската и лажната понизност
17 ное. Читање на Библијата: Евреите 9-13 Песна 28
Методи во говорништвото: Да се има слобода на говорот (be стр. 267 пас. 3, 4)
Бр. 1: Евреите — зошто е корисна (si стр. 247, 248 пас. 23-27)
Бр. 2: Евреите 10:1-17
Бр. 3: Бог е вистинска личност која има чувства (rs стр. 55 пас. 1-7)
Бр. 4: Како се зајакнува единството кога простуваме
24 ное. Читање на Библијата: Јаков 1-5 Песна 88
Методи во говорништвото: Зошто е важно да ја охрабриме публиката (be стр. 268 пас. 1-3)
Бр. 1: Вовед во Јаков и зошто е корисна (si стр. 248-251 пас. 1-7, 15-17)
Бр. 2: Јаков 1:1-21
Бр. 3: Бог немал почеток (rs стр. 55 пас. 8 до стр. 56 пас. 2)
Бр. 4: Како „милосрдноста слави победа над судот“ (Јак. 2:13)
1 дек. Читање на Библијата: 1. Петрово 1-5— 2. Петрово 1-3
Методи во говорништвото: Потсети ги слушателите што сторил Јехова (be стр. 268 пас. 4 до стр. 269 пас. 2)
Бр. 1: Вовед во 1. Петрово и зошто е корисна (si стр. 251-254 пас. 1-5, 11-13)
Бр. 2: 1. Петрово 2:1-17
Бр. 3: За да се спасиме неопходно е да го користиме Божјето име (rs стр. 56 пас. 3-6)
Бр. 4: d 2. Петрово — зошто е корисна (si стр. 255, 256 пас. 8-10)
8 дек. Читање на Библијата: 1. Јованово 1-5; 2Јо 1-13; 3Јо 1-14 — Јуда 1-25
Методи во говорништвото: Потсети ги слушателите како Јехова му помогнал на својот народ (be стр. 269 пас. 3-5)
Бр. 1: Вовед во 1., 2. и 3. Јованово и зошто се корисни (si стр. 256-258 пас. 1-5, 11-13; стр. 259 пас. 1-3, 5; стр. 260, 261 пас. 1-3, 5)
Бр. 2: 1. Јованово 4:1-16
Бр. 3: Дали сите религии се добри? (rs стр. 56 пас. 7 до стр. 57 пас. 3)
Бр. 4: e Јуда — зошто е корисна (si стр. 262, 263 пас. 8-10)
15 дек. Читање на Библијата: Откровение 1-6 Песна 219
Методи во говорништвото: Покажи восхит од она што Бог го прави сега (be стр. 270 пас. 1 до стр. 271 пас. 2)
Бр. 1: Вовед во Откровение (si стр. 263, 264 пас. 1-6)
Бр. 2: Откровение 3:1-13
Бр. 3: Каков „Бог“ е Исус (rs стр. 57 пас. 4, 5)
Бр. 4: Зошто стрпливоста и милоста имаат граници?
22 дек. Читање на Библијата: Откровение 7-14 Песна 21
Методи во говорништвото: Извлечи целосна корист од Теократската школа за служба (be стр. 5 пас. 1 до стр. 8 пас. 1)
Бр. 1: Откровение — зошто е корисна (si стр. 268, 269 пас. 28-34)
Бр. 2: Откровение 8:1-13
Бр. 3: Како да се одговори на приговорите во врска со верувањето во Бог (rs стр. 57 пас. 6 до стр. 59 пас. 1)
Бр. 4: Што значи изразот „Бог е поголем од нашето срце“ (1. Јов. 3:20)
29 дек. Читање на Библијата: Откровение 15-22 Песна 60
Методи во говорништвото: Точно читање (be стр. 83 пас. 1 до стр. 84 пас. 1)
овторување во Теократската школа за служба
[Фусноти]
a Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги помошници.
b Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги помошници.
c Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги помошници.
d Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги помошници.
e Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги помошници.