Известувања
◼ Понуда на литература за октомври: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Ноември: Што навистина учи Библијата? Треба особено да се трудиме да започнуваме библиски студии. Декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Ако некој каже дека има деца, понуди ја книгата Учи од Големиот Учител.
◼ Забелешка за претседавачките надгледници и за надгледниците на Теократската школа за служба: Новиот распоред за собраниските состаноци започнува од седмицата од 29 декември 2008 год. Овој променет распоред ќе биде даден во Нашата служба за Царството од декември 2008. Кога ќе го водите Повторувањето во Теократската школа за служба за таа седмица, применете ги упатствата од Распоредот за Теократската школа за служба за 2009 год. На тој состанок нема да се разгледува метода во говорништвото.
◼ Бидејќи има пет цели викенди, ноември би бил одличен месец за помошна пионерска служба.
◼ На еден Состанок за нашата служба во јануари, ќе се дискутира за видеопрограмата Лечење без крви — медицина удовољава изазову. Таа е дел од ДВД-то Лекување без трансфузија — документарна програма (на српски). Ако е потребно, треба да се нарачаат примероци од ова ДВД преку собранието колку што е можно побрзо.