Распоред за Теократска школа за служба за 2009
УПАТСТВА
Во текот на 2009 год. ќе важат следниве упатства за водење на Теократската школа за служба:
ИЗВОР НА МАТЕРИЈАЛОТ: Свето Писмо — Превод Нов свет [bi12], „Јеховината реч е жива“ (статии што почнаа да излегуваат во Стражарска кула од 1.1.2004 год.), Учи од Големиот Учител [lr] и Расправљање на темељу Писма [rs].
Школата треба да започне НАВРЕМЕ со срдечен поздрав и потоа да продолжи како што е наведено подолу. По секоја точка, надгледникот на Школата ќе ја најави следната точка.
ИЗБРАНИ СТИХОВИ ОД ЧИТАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА: 10 минути. Во првите четири минути еден способен старешина или слуга-помошник треба да обработи некои стихови од седмичното читање на Библијата. Исклучок од ова ќе се прави кога на распоред ќе биде првото поглавје од некоја библиска книга. Во тој случај, говорникот треба да користи материјал од редовните статии „Јеховината реч е жива“ што почнаа да излегуваат во Стражарска кула од 1 јануари 2004 год. На пример, во седмицата од 5 јануари, ќе се разгледуваат првите пет поглавја од 1. Мојсеева, па говорникот треба да избере неколку главни мисли од статијата „Јеховината реч е жива“ што се наоѓа во Стражарска кула од 1 јануари 2004 год., стр. 28. Тој треба да го обработи материјалот на начин што ќе биде од корист за собранието. Сеедно дали ќе зборува за стихови од седмичното читање на Библијата или пак, ќе изнесе некои мисли од статијата „Јеховината реч е жива“, главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како информациите можат да им користат. Говорникот треба да внимава да не ги пречекори предвидените четири минути, колку што има на располагање за своето излагање. Треба да им даде можност на присутните во следните шест минути да даваат кратки коментари од 30 секунди или помалку за оние мисли од Библијата што им оставиле впечаток. Потоа, надгледникот на Школата ќе ги замоли учесниците во втората Школа да отидат во помошната просторија.
ЗАДАЧА БР. 1: 4 минути или помалку. Ова е читање на одреден материјал кое треба да го изнесе еден брат. Учесникот само ќе го прочита материјалот и нема да даде увод ниту заклучок. Надгледникот на Школата особено ќе биде заинтересиран да им помогне на учесниците да читаат со разбирање, течно, со исправно смисловно нагласување и модулација, со соодветни паузи и природно.
ЗАДАЧА БР. 2: 5 минути. Оваа задача треба да се додели на сестра. Ако рамката не им биде одредена однапред, тогаш учесничките можат сами да си изберат некоја рамка од списокот што се наоѓа на 82. страница во учебникот Школа за служба. Учесничката треба да ја користи доделената тема и на реалистичен и практичен начин да ја примени на некоја ситуација од службата на проповедање која е вообичаена за вашето подрачје. Кога во задачата не е наведен извор на материјалот, учесничката ќе треба сама да најде материјал така што ќе истражува во нашите публикации. Надгледникот на Школата ќе обрне особено внимание на тоа како учесничката го обработува доделениот материјал и на кој начин ѝ помага на соговорничката да размислува за библиските стихови и да ги разбере клучните мисли од разговорот. Надгледникот на Школата ќе одреди кој ќе биде соговорник.
ЗАДАЧА БР. 3: 5 минути. Оваа задача може да се додели на брат или на сестра. Учесникот треба да ја обработи доделената тема. Кога во задачата не е наведен извор на материјалот, учесникот ќе треба сам да најде материјал така што ќе истражува во нашите публикации. Кога се доделува на брат, оваа точка треба да ја изнесе како говор, имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството. Кога оваа точка се доделува на сестра, секогаш треба да се изнесе на ист начин како задачата бр. 2. Те молиме, имај на ум дека темите што се одбележани со ѕвездичка секогаш треба да им се доделат на браќа и да се изнесат како говори. Ако во вашето собрание има повеќе старешини и слуги-помошници кои можат да изнесат различни точки од Теократската школа за служба и од Состанокот за нашата служба, пожелно е темите со ѕвездичка да им се доделат ним секогаш кога е можно.
СОВЕТ: 1-2 минути. Надгледникот на Школата нема однапред да најави на кои методи во говорништвото работат учесниците. По задачите бр. 1, бр. 2 и бр. 3, надгледникот на Школата ќе даде позитивни коментари за оној аспект на говорот кој заслужува пофалба. Притоа треба конкретно да објасни зошто тој аспект на говорот бил делотворен и често да се осврнува на учебникот Школа за служба. По состанокот или во некое друго време, според потребите на ученикот, може насамо да му се даде дополнителен изградувачки совет за она на што би требало да работи.
ВРЕМЕ: Секој говор треба да заврши навреме, а и советите треба да се дадат за онолку време колку што е предвидено. Задачите бр. 1, бр. 2 и бр. 3 треба тактично да се прекинат кога ќе истече времето. Ако братот што ги изнесува избраните стихови од читањето на Библијата го пречекори времето, треба да му се даде совет насамо. Сите треба да внимаваат на зададеното време. Состанокот трае 30 минути.
ФОРМУЛАР ЗА СОВЕТИ: Се наоѓа во учебникот Школа за служба.
ПОМОШЕН СОВЕТНИК: Ако во собранието освен надгледникот на Школата има некој друг способен старешина, тогаш старешинството може да го избере како помошен советник. Ако има повеќе такви старешини во собранието, тие можат секоја година да се менуваат за оваа задача. Задачата на помошниот советник е, кога тоа ќе биде потребно, насамо да им даде совет на браќата што ги изнесуваат избраните стихови од Библијата. Нема потреба по секој таков говор да им даде совети на старешините или на слугите-помошници.
ПОВТОРУВАЊЕ ВО ТЕОКРАТСКАТА ШКОЛА ЗА СЛУЖБА: 20 минути. Секои два месеца, надгледникот на Школата ќе води повторување. Пред тоа ќе се разгледуваат избрани стихови од читањето на Библијата, како што е изложено погоре. Повторувањето ќе се темели на материјалот што се обработувал во Школата во текот на претходните два месеца, вклучувајќи ја и тековната седмица. Ако вашето собрание има покраински собир или посета од покраинскиот надгледник во текот на седмицата кога треба да има повторување во Теократската школа за служба, тогаш повторувањето треба да се одложи за една седмица, а задачите бр. 1, бр. 2 и бр. 3 треба да се земат од распоредот за наредната седмица. Не треба да се прават промени во распоредот за седмичното читање на Библијата ниту во изнесувањето на избраните стихови.
РАСПОРЕД
5 јан. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 1-5
Бр. 1: 1. Мојсеева 3:1-15
Бр. 2: Зошто Исус бил голем учител (lr погл. 1)
Бр. 3: Што не е никогаш залудно? (1. Кор. 15:58)
12 јан. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 6-10
Бр. 1: 1. Мојсеева 9:1-17
Бр. 2: Како да се одговори на приговорите во врска со верувањето во Бог (rs стр. 57 пас. 6 до стр. 59 пас. 1)
Бр. 3: Писмо од еден Бог што те сака (lr погл. 2)
19 јан. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 11-16
Бр. 1: 1. Мојсеева 14:1-16
Бр. 2: Оној што ги направил сите работи (lr погл. 3)
Бр. 3: Како Јехова нѐ обликува? (Иса. 64:8)
26 јан. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 17-20
Бр. 1: 1. Мојсеева 17:1-17
Бр. 2: Зошто луѓето не можат да воспостават праведна влада (rs стр. 73 до стр. 74 пас. 1)
Бр. 3: Бог има име (lr погл. 4)
2 фев. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 21-24
Бр. 1: 1. Мојсеева 22:1-18
Бр. 2: „Ова е мојот син“ (lr погл. 5)
Бр. 3: a На кои начини можеме широко да го отвориме своето срце кон другите (2. Кор. 6:11-13)
9 фев. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 25-28
Бр. 1: 1. Мојсеева 25:1-18
Бр. 2: Големиот учител им служел на другите луѓе (lr погл. 6)
Бр. 3: Зошто луѓето не можат трајно да ги решат проблемите (rs стр. 74 пас. 2 до стр. 75 пас. 2)
16 фев. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 29-31
Бр. 1: 1. Мојсеева 29:1-20
Бр. 2: Зошто треба ‚да престанеме да се грижиме‘ (Мат. 6:25, фус.)
Бр. 3: Послушноста те заштитува (lr погл. 7)
23 фев. Читање на Библијата: 1. Мојсеева 32-35
Повторување во Теократската школа за служба
2 март Читање на Библијата: 1. Мојсеева 36-39
Бр. 1: 1. Мојсеева 39:1-16
Бр. 2: Други се на повисока положба од нас (lr погл. 8)
Бр. 3: Божјето Царство — единствено решение за вистинските потреби на човештвото (rs стр. 75 пас. 3 до стр. 76 пас. 1)
9 март Читање на Библијата: 1. Мојсеева 40-42
Бр. 1: 1. Мојсеева 40:1-15
Бр. 2: Треба да им се спротивставиме на искушенијата (lr погл. 9)
Бр. 3: b Чувај се од духот на независност!
16 март Читање на Библијата: 1. Мојсеева 43-46
Бр. 1: 1. Мојсеева 44:1-17
Бр. 2: Исус има моќ над демоните (lr погл. 10)
Бр. 3: Библиските пророштва се покажале сосема точни (rs стр. 76 пас. 2-5)
23 март Читање на Библијата: 1. Мојсеева 47-50
Бр. 1: 1. Мојсеева 48:1-16
Бр. 2: Дали треба да се плашиме од Ѓаволот?
Бр. 3: Помош од Божјите ангели (lr погл. 11)
30 март Читање на Библијата: 2. Мојсеева 1-6
Бр. 1: 2. Мојсеева 1:1-19
Бр. 2: Исус нѐ учи да се молиме (lr погл. 12)
Бр. 3: Дали чудотворните лекувања денес се вршат со Божјиот дух? (rs стр. 204 пас. 2 до стр. 205 пас. 2)
6 апр. Читање на Библијата: 2. Мојсеева 7-10
Бр. 1: 2. Мојсеева 9:1-19
Бр. 2: Оние што станале ученици на Исус (lr погл. 13)
Бр. 3: c Како можеме да го усогласиме стихот од Галатите 6:2 со Галатите 6:5?
13 апр. Читање на Библијата: 2. Мојсеева 11-14
Бр. 1: 2. Мојсеева 12:21-36
Бр. 2: Зошто треба да простуваме (lr погл. 14)
Бр. 3: Има разлика меѓу лекувањата што ги вршеле Исус и неговите апостоли и чудотворните лекувања денес (rs стр. 205 пас. 3-6)
20 апр. Читање на Библијата: 2. Мојсеева 15-18
Бр. 1: 2. Мојсеева 15:1-19
Бр. 2: Што треба да правиме за да се држиме настрана од лажната религија?
Бр. 3: Поука да бидеме љубезни (lr погл. 15)
27 апр. Читање на Библијата: 2. Мојсеева 19-22
Повторување во Теократската школа за служба
4 мај Читање на Библијата: 2. Мојсеева 23-26
Бр. 1: 2. Мојсеева 24:1-18
Бр. 2: Што е навистина важно? (lr погл. 16)
Бр. 3: По што се препознаваат вистинските христијани денес (rs стр. 206 пас. 1-5)
11 мај Читање на Библијата: 2. Мојсеева 27-29
Бр. 1: 2. Мојсеева 29:1-18
Бр. 2: Како да бидеме среќни (lr погл. 17)
Бр. 3: d Што е погрешно насочена лојалност и зошто е опасна?
18 мај Читање на Библијата: 2. Мојсеева 30-33
Бр. 1: 2. Мојсеева 31:1-18
Бр. 2: Зошто во првиот век биле дадени дарови на лекување (rs стр. 207 пас. 1 до стр. 208 пас. 1)
Бр. 3: Дали не забораваш да кажеш „благодарам“? (lr погл. 18)
25 мај Читање на Библијата: 2. Мојсеева 34-37
Бр. 1: 2. Мојсеева 37:1-24
Бр. 2: Дали е добро да се тепаш? (lr погл. 19)
Бр. 3: e Што е попустливост и зошто треба да ја избегнуваме?
1 јуни Читање на Библијата: 2. Мојсеева 38-40
Бр. 1: 2. Мојсеева 40:1-19
Бр. 2: Дали секогаш сакаш да бидеш прв? (lr погл. 20)
Бр. 3: Каква надеж постои за вистинско лечење на целото човештво? (rs стр. 208 пас. 2-4)
8 јуни Читање на Библијата: 3. Мојсеева 1-5
Бр. 1: 3. Мојсеева 4:1-15
Бр. 2: Треба ли да се фалиме за нешто? (lr погл. 21)
Бр. 3: f Како треба христијаните да го користат својот авторитет?
15 јуни Читање на Библијата: 3. Мојсеева 6-9
Бр. 1: 3. Мојсеева 8:1-17
Бр. 2: ‚Верувате ли во излекување?‘ (rs стр. 208 пас. 5, 6)
Бр. 3: Зошто не треба да лажеме (lr погл. 22)
22 јуни Читање на Библијата: 3. Мојсеева 10-13
Бр. 1: 3. Мојсеева 11:29-45
Бр. 2: Зошто луѓето се разболуваат (lr погл. 23)
Бр. 3: Какви благослови имаат крстените ученици
29 јуни Читање на Библијата: 3. Мојсеева 14-16
Повторување во Теократската школа за служба
6 јули Читање на Библијата: 3. Мојсеева 17-20
Бр. 1: 3. Мојсеева 19:1-18
Бр. 2: Дали сите постоиме во духовното подрачје пред да се родиме како луѓе? (rs стр. 233 пас. 2 до стр. 234 пас. 4)
Бр. 3: Немој никогаш да станеш крадец! (lr погл. 24)
13 јули Читање на Библијата: 3. Мојсеева 21-24
Бр. 1: 3. Мојсеева 22:17-33
Бр. 2: Можат ли да се променат оние што прават лоши работи? (lr погл. 25)
Бр. 3: Како вистинските христијани покажуваат грижа за сиромашните
20 јули Читање на Библијата: 3. Мојсеева 25-27
Бр. 1: 3. Мојсеева 25:39-54
Бр. 2: Зошто е тешко да се прави добро (lr погл. 26)
Бр. 3: Ако Адам не згрешел, дали на крајот би отишол на небо? (rs стр. 234 пас. 5, 6)
27 јули Читање на Библијата: 4. Мојсеева 1-3
Бр. 1: 4. Мојсеева 3:1-20
Бр. 2: Зошто благоста бара самосовладување
Бр. 3: Кој е твојот Бог? (lr погл. 27)
3 авг. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 4-6
Бр. 1: 4. Мојсеева 4:1-16
Бр. 2: Од каде да знаеме на кого да му бидеме послушни (lr погл. 28)
Бр. 3: Мора ли човек да отиде на небо за да има навистина среќна иднина? (rs стр. 235 пас. 1-3)
10 авг. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 7-9
Бр. 1: 4. Мојсеева 9:1-14
Бр. 2: Дали сите забави му се допаѓаат на Бог? (lr погл. 29)
Бр. 3: Како можеме да докажеме дека сме му лојални на Јехова
17 авг. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 10-13
Бр. 1: 4. Мојсеева 13:17-33
Бр. 2: Помош за да го победиме нашиот страв (lr погл. 30)
Бр. 3: Какво е значењето на 1. Петрово 3:19, 20? (rs стр. 235 пас. 4)
24 авг. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 14-16
Бр. 1: 4. Мојсеева 14:26-43
Бр. 2: Што значи да се сака Божјиот закон? (Пс. 119:97)
Бр. 3: Каде да се најде утеха (lr погл. 31)
31 авг. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 17-21
Повторување во Теократската школа за служба
7 сеп. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 22-25
Бр. 1: 4. Мојсеева 22:20-35
Бр. 2: Како Исус бил заштитен (lr погл. 32)
Бр. 3: Какво е значењето на 1. Петрово 4:6? (rs стр. 236 пас. 1)
14 сеп. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 26-29
Бр. 1: 4. Мојсеева 27:1-14
Бр. 2: Што значи да се усвои начин на размислување и зошто е тоа важно? (Еф. 6:4)
Бр. 3: Исус може да нѐ заштити нас (lr погл. 33)
21 сеп. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 30-32
Бр. 1: 4. Мојсеева 32:1-15
Бр. 2: Што ќе се случи ако умреме? (lr погл. 34)
Бр. 3: Дали сите христијани имаат надеж за небесен живот? (rs стр. 236 пас. 2 до стр. 237 пас. 1)
28 сеп. Читање на Библијата: 4. Мојсеева 33-36
Бр. 1: 4. Мојсеева 33:1-23
Бр. 2: Можеме да се разбудиме од смртта! (lr погл. 35)
Бр. 3: Во кој поглед Божјето Царство е многу подобро од сите човечки влади
5 окт. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 1-3
Бр. 1: 5. Мојсеева 2:1-15
Бр. 2: Што вели „Новиот завет“ за вечниот живот на земјата? (rs стр. 237 пас. 2 до стр. 238 пас. 3)
Бр. 3: Кои ќе бидат воскреснати? Каде ќе живеат? (lr погл. 36)
12 окт. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 4-6
Бр. 1: 5. Мојсеева 4:15-28
Бр. 2: Сеќавај се на Јехова и на неговиот син (lr погл. 37)
Бр. 3: Кога може да се каже дека е подобро да имаш помалку (Изр. 15:16)
19 окт. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 7-10
Бр. 1: 5. Мојсеева 9:1-14
Бр. 2: Зошто треба да го сакаме Исус (lr погл. 38)
Бр. 3: Според Библијата, колку луѓе имаат надеж за небесен живот? (rs стр. 238 пас. 4, 5)
26 окт. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 11-13
Повторување во Теократската школа за служба
2 ное. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 14-18
Бр. 1: 5. Мојсеева 15:1-15
Бр. 2: Што опфаќа стравот од Бог?
Бр. 3: Бог не го заборава својот Син (lr погл. 39)
9 ное. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 19-22
Бр. 1: 5. Мојсеева 22:1-19
Бр. 2: Како да го израдуваме Бог (lr погл. 40)
Бр. 3: Дали сите 144.000 се само родени Евреи? (rs стр. 238 пас. 6 до стр. 239 пас. 3)
16 ное. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 23-27
Бр. 1: 5. Мојсеева 25:1-16
Бр. 2: Деца што го радуваат Бог (lr погл. 41)
Бр. 3: g Кои работи треба да ги сметаме за свети?
23 ное. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 28-31
Бр. 1: 5. Мојсеева 30:1-14
Бр. 2: Зошто треба да работиме (lr погл. 42)
Бр. 3: Каква е библиската надеж за „големото мноштво“? (rs стр. 239 пас. 4 до стр. 240 пас. 1)
30 ное. Читање на Библијата: 5. Мојсеева 32-34
Бр. 1: 5. Мојсеева 32:1-21
Бр. 2: Што е „големиот ден на Јехова“? (Соф. 1:14)
Бр. 3: Кои се наши браќа и сестри? (lr погл. 43)
7 дек. Читање на Библијата: Исус Навин 1-5
Бр. 1: Исус Навин 5:1-15
Бр. 2: Нашите пријатели треба да го сакаат Бог (lr погл. 44)
Бр. 3: Што е Божјето Царство? Како да покажеме дека сакаме да дојде (lr погл. 45)
14 дек. Читање на Библијата: Исус Навин 6-8
Бр. 1: Исус Навин 8:1-17
Бр. 2: Еден свет е уништен со вода — ќе се случи ли тоа пак? (lr погл. 46)
Бр. 3: Зошто е корисен советот од Проповедник 7:21, 22?
21 дек. Читање на Библијата: Исус Навин 9-11
Бр. 1: Исус Навин 9:1-15
Бр. 2: Од каде знаеме дека Армагедон е близу (lr погл. 47)
Бр. 3: Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму (lr погл. 48)
28 дек. Читање на Библијата: Исус Навин 12-15
Повторување во Теократската школа за служба
[Фусноти]
a Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги-помошници.
b Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги-помошници.
c Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги-помошници.
d Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги-помошници.
e Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги-помошници.
f Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги-помошници.
g Да се додели само на браќа, по можност старешини или слуги-помошници.