Распоред за седмицата од 25 јануари
СЕДМИЦА ОД 25 ЈАНУАРИ
□ Собраниско проучување на Библијата:
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Судиите 5-7
Бр. 1: Судиите 7:1-11
Бр. 2: Која е „големата блудница“ опишана во Откровение 17:1?
Бр. 3: Дали некој ќе излезе од пеколот за кој се зборува во Библијата? (rs-SB стр. 262, пас. 4 — стр. 263, пас. 2)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
10 мин.: Што ќе нудиме во февруари. Накратко осврни се на корисните обележја на публикациите што ќе ги нудиме тој месец. Нека има презентација во која еден објавител ќе прикаже како би можеле да ги користиме тие публикации во неформални прилики за да започнеме библиска студија.
20 мин.: „Дали одложуваш?“ Дискусија со прашања и одговори. Точката треба да ја одржи еден старешина. Нека има презентација во која еден објавител му објаснува на својот лекар која е целта на ТП картичката и го замолува да стави фотокопија во неговиот здравствен картон. Лекарот му ветува дека ќе го стори тоа. Во заклучокот, прочитај го последниот пасус.