ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/10 стр. 2
  • „Појди по мене!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Појди по мене!“
  • Нашата служба за Царството 2010
  • Сличен материјал
  • „Појди по мене!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „За тоа сум испратен“
    „Појди по мене!“
  • Дали се трудиш потполно да ја извршиш службата за Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • „Појди по мене!“ — што сакал да каже Исус?
    „Појди по мене!“
Повеќе
Нашата служба за Царството 2010
km 2/10 стр. 2

„Појди по мене!“

1. Каква можност ќе имаме на Собраниското проучување на Библијата во наредните месеци?

1 Четирите евангелија, во кои е опишан Исусовиот живот на Земјата, ни даваат многу јасна слика за Божјиот Син. Бидејќи од христијаните се очекува ‚во сѐ да одат по неговите стапки‘, треба добро да се подготвуваме и да обрнеме сериозно внимание кога ќе ја обработуваме книгата „Појди по мене!“ на Собраниското проучување на Библијата, почнувајќи од 1 март (1. Пет. 2:21; Мар. 10:21). Посебно внимание треба да обрнеме на оние аспекти од животот на Исус кои можат да ни помогнат во службата.

2. Како ни помага примерот за истрајност што го оставил Исус?

2 Примерот што го дал Исус: Дали некогаш си наишол на негативна реакција додека си проповедал од куќа до куќа? Кога ќе се соочиме со таква ситуација, појасни ни стануваат Исусовите зборови: „Ако ме прогонуваа мене, ќе ве прогонуваат и вас“ (Јован 15:20). Тоа не значи дека секоја негативна реакција е некој вид на прогонство. Сепак, радоста што стоела пред Исус му помогнала да истрае во секакви испити и неволји. И ние треба да бидеме сконцентрирани на тоа да го радуваме Јехова и на наградата што ќе ни ја даде тој ако му останеме верни. Ова ќе ни помогне ‚да не се умориме и душите да не ни папсаат‘ (Евр. 12:2, 3; Изр. 27:11). Исто така, додека истрајно ја извршуваме службата, можеме да бидеме уверени дека имаме поддршка од Христос Исус (Мат. 28:20).

3. Како можеме да се угледаме на Исус во поглед на проповедањето?

3 „За тоа сум испратен“: За Исус, проповедањето на добрата вест за Царството била на прво место во животот (Лука 4:43). Тој проповедал со цела душа. Сметал дека службата е многу важна, и затоа ја користел секоја прилика да зборува за Царството. Бидејќи ние сме следбеници на Исус, зарем не треба да одиме по неговите стапки? Додека ги извршуваме секојдневните работи, би можеле ли да им ја пренесеме добрата вест на луѓето што ги сретнуваме? Христовата љубов нека нѐ тера да ја шириме добрата вест во колку што е можно поголема мера (2. Кор. 5:14).

4. Како можеме да го подобриме квалитетот на нашата служба?

4 „Никој никогаш не зборувал така“: Луѓето биле восхитени од начинот на кој поучувал Исус (Јован 7:46; Мат. 7:28, 29). По што се разликувал од другите учители? Тој ги сакал вистините за кои зборувал, ги сакал луѓето што ги поучувал и користел различни методи на поучување. Ако се угледаме на Големиот Учител, ќе можеме поквалитетно да ја извршуваме нашата служба (Лука 6:40).

5. Каква цел треба да имаме додека ја проучуваме книгата „Појди по мене!“?

5 Ова се само некои скапоцени поуки од животот на Исус. Можеме ли да најдеме и други? Кога на Собраниското проучување на Библијата ќе учиме за животот на Исус, постави си за цел ‚да ја спознаеш Христовата љубов‘ така што ќе го следиш неговиот начин на зборување и постапување (Еф. 3:19).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели