Распоред за седмицата од 20 септември
СЕДМИЦА ОД 20 СЕПТЕМВРИ
□ Собраниско проучување на Библијата:
cf погл. 10, пас. 18-23, рамка на стр. 107
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 2. Царевите 19 — 22
Бр. 1: 2. Царевите 20:1-11
Бр. 2: Зошто да бидеме кротки (Мат. 5:5)
Бр. 3: Како може некој да го сака Јехова ако во исто време треба да се плаши од него? (rs-SB стр. 162, пас. 3-4)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
10 мин.: Што постигнавме минатата година? Говор од надгледникот за служба. Осврни се на активностите на собранието во минатата службена година, посебно истакни ги добрите резултати и пофали го собранието. Интервјуирај еден или двајца објавители кои имале посебно охрабрувачки искуства од службата. Спомни еден или два аспекта од службата на кои собранието треба да обрне внимание во новата службена година и наведи практични предлози за подобрување.
10 мин.: „Упатства за оние што имаат точки на Состанокот за нашата служба.“ Говор од еден старешина.
10 мин.: Помогни му на твоето дете да стане објавител. Дискусија на темел на 82. страница од книгата Организирани. Интервјуирај еден примерен родител што има мало дете кое е некрстен објавител. Како му помогнал на своето дете да ги исполни условите за да стане објавител?