Распоред за седмицата од 23 мај
СЕДМИЦА ОД 23 МАЈ
Песна 39 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
bt погл. 4, рамка на стр. 33 (25 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Псалми 19-25 (10 мин.)
Бр. 1: Псалм 23:1–24:10 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Дали сите Евреи ќе станат христијани? (rs-SB стр. 151, пас. 5 — стр. 152, пас. 1) (5 мин.)
Бр. 3: Кога и како ќе се исполнат зборовите од Римјаните 8:21? (5 мин.)
□ Состанок за нашата служба:
10 мин.: Известувања. „Како да се користи формуларот Те молиме, посети го ова лице.“ Дискусија.
10 мин.: Три обележја на делотворните уводи. Говор на темел на брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, страница 2, пасус 1. Откако ќе го обработите пасусот, нека има два приказа во кои ќе се види како би можеле да ја понудиме литературата што е предвидена за јуни.
15 мин.: Дали си се обидел да ги примениш? Дискусија. Прво, одржи говор во кој накратко ќе повториш некои важни мисли од следниве статии од Нашата служба за Царството: „Користи го во секоја прилика“ и „Нова рубрика наменета за започнување библиски студии“ (km 12/10), како и „Помош за семејствата“ (km 1/11). Потоа, замоли ги присутните да кажат како ги примениле предлозите од овие статии и на кој начин им биле од помош.
Песна 56 и молитва