ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/12 стр. 2
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 2012
  • Сличен материјал
  • Скршени срца, скршена вера
    Разбудете се! 2007
  • Што ако сме сиромашни?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Јехова богато го благословува спремниот дух
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Покажи дека ја цениш дарежливоста на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 2012
km 6/12 стр. 2

Прашања

◼ За кои работи треба да размислиме ако сакаме по нашата смрт дел или сиот наш имот да ѝ припадне на Јеховината организација?

Кога ќе умре човек, повеќе нема контрола над своите материјални средства (Проп. 9:5, 6). Затоа, мнозина однапред прават тестамент или друг правен документ во кој изјавуваат како сакаат да се распределат нивните средства (2. Цар. 20:1). Во еден ваков правен документ обично се наведува кого лицето го именува за ополномоштеник или извршител на тестаментот. Ако не постои таков документ, во многу земји властите одредуваат како ќе се поделат средствата на починатиот. Затоа, ако имаме конкретни желби во врска со нашите средства, на пример, дел од нив или сите да ѝ припаднат на Јеховината организација, многу е важно да имаме правен документ во кој е наведено тоа и добро да размислиме кого ќе именуваме како ополномоштеник или извршител на тестаментот.

Ополномоштеникот или извршителот има сериозна одговорност. Во зависност од големината на оставината, може ќе треба многу работа и време за да го собере и потоа да го подели имотот. Освен тоа, властите обично имаат правила што мора да се почитуваат. Тоа што некој е член на собранието не значи дека автоматски би бил добар ополномоштеник или извршител. Оној што ќе го избереме треба да биде некој што знаеме дека е способен, доверлив и спремен да ги следи нашите желби. (Види ја статијата „Составување тестамент — зошто е мудро и корисно?“ во српското издание на Разбудете се! од 8 декември 1998.)

Ако си замолен да бидеш ополномоштеник или извршител: Ако некој те праша дали би бил спремен да се погрижиш за оваа правна одговорност по неговата смрт, прво добро размисли што сѐ вклучува тоа, моли се и одреди дали би можел да ја исполниш таа одговорност (Лука 14:28-32). По смртта на лицето, ти ќе треба да ги известиш сите што се наведени како корисници на имотот. Потоа, твоја должност е да ја поделиш оставината според законот и точно онака како што е наведено во тестаментот. Ополномоштеникот или извршителот треба да е свесен дека, без разлика дали оставината е мала или голема, не смее да не го почитува она што е наведено во тестаментот. Сите подароци што се оставаат на правно лице кое ги застапува Јеховините сведоци се средства што ѝ припаѓаат на Јеховината организација (Лука 16:10; 21:1-4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели