Младите прашуваат — како можам да стекнам вистински пријатели?
Јехова ги создал луѓето со способност да комуницираат и да склопуваат пријателства (Изр. 17:17; 18:1, 24). За да бидат пријателствата заемно корисни, нашите пријатели треба внимателно да ги избираме (Изр. 13:20). Изгледај го филмот Младите прашуваат — како можам да стекнам вистински пријатели? и види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања.
Вовед:
1) Кој е вистински пријател?
Пречки во пријателството:
2) Како можеш да го совладаш чувството дека другите те избегнуваат? (Фил. 2:4). 3) Зошто мораме да бидеме спремни да се менуваме и кој може да ни помогне во тоа? (2. Кор. 13:11). 4) Како се создаваат можности за склопување нови пријателства? (2. Кор. 6:13).
Пријателство со Бог:
5) Како можеш да станеш близок пријател со Јехова, и зошто вреди да се потрудиш околу тоа? (Пс. 34:8). 6) Како тоа што Јехова ни е најдобар пријател ќе ни помогне да најдеме добри пријатели?
Погрешни пријатели:
7) Кој спаѓа во лошо друштво? (1. Кор. 15:33). 8) Како дружењето со погрешни пријатели може некого духовно да го уништи?
Современа драма:
9) Што учиме од извештајот за Дина? (1. Мој. 34:1, 2, 7, 19). 10) Какви изговори си наоѓаше Тара за тоа што се дружеше со младите од светот? 11) Во какви опасни ситуации ја доведоа другарките од школо? 12) Зошто нејзините родители не забележаа во каква опасност се наоѓа, но како ѝ помогнаа да си го обнови пријателството со Бог? 13) Како една пионерка покажа дека ѝ е вистински пријател на Тара? 14) На што почна Тара поинаку да гледа?
Заклучок:
15) Што научи од овој филм? 16) На кој начин можеш да го користиш за да им помогнеш на другите?
Да избираме пријатели што ќе ни помогнат да го задржиме најдоброто пријателство што постои — пријателството со Бог! (Пс. 15:1, 4; Иса. 41:8).