Распоред за седмицата од 24 декември
СЕДМИЦА ОД 24 ДЕКЕМВРИ
Песна 5 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
jr погл. 3, пас. 1-6 (30 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Захарија 9-14 (10 мин.)
Бр. 1: Захарија 11:1-13 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Чии молитви ги слуша Бог? (rs-SB стр. 220, пас. 3 — стр. 221, пас. 5) (5 мин.)
Бр. 3: Во кои ситуации би можеле да го примениме советот од Изреки 15:1? (5 мин.)
□ Состанок за нашата служба:
30 мин.: Како да ја користиме нашата веб-страница. Дискусија на темел на страници 3-6. Кога ќе ја разгледувате 4. страница, нека има приказ од три минути во кој едно семејство ја завршува својата Семејна вечер. Поглаварот бара предлози што би можеле да проучуваат следната седмица, а децата посочуваат теми од делот „Тинејџери“ на веб-страницата за кои би сакале да зборуваат. Замоли ги присутните да кажат како тие ја користат или планираат да ја користат jw.org/mk за лично и семејно проучување. Кога ќе ја разгледувате 5. страница, нека има приказ од три минути во кој еден објавител ја отвора веб-страницата на мобилен уред за да одговори некому на прашање во врска со нашите верувања. Кога ќе ја разгледувате 6. страница, нека има приказ од четири минути во кој еден објавител разговара со заинтересирано лице кое повеќе сака да чита на друг јазик. Објавителот го користи својот мобилен уред или компјутерот на станарот за да му покаже страница од трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? или од книгата Што учи Библијата? на неговиот јазик, а потоа дискутираат за материјалот. Замоли ги присутните да кажат како ја користеле jw.org во службата.
Песна 101 и молитва