Распоред за седмицата од 1 јули
СЕДМИЦА ОД 1 ЈУЛИ
Песна 69 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
jr погл. 11, пас. 9-14 (30 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Дела 11-14 (10 мин.)
Бр. 1: Дела 11:1-18 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Како треба откупнината да влијае врз нашиот начин на живот? (rs-SB стр. 253, пас. 6—стр. 254, пас. 1) (5 мин.)
Бр. 3: Кои ти се пријатели? (Пс. 119:63) (5 мин.)
□ Состанок за служба:
10 мин.: Идеи за нудење на списанијата во јули. Дискусија. Одвој од 30 секунди до една минута за да кажеш зошто списанијата може да бидат интересни за вашето подрачје. Потоа, користејќи ги уводните статии од Стражарска кула, замоли ги присутните да дадат предлози за прашање со кое би можеле да побудиме интерес, а потоа и за стих што би можеле да го читаме. На ист начин дискутирајте и за уводните статии од Разбудете се! и, ако дозволува времето, за некоја друга статија од овие две списанија. Нека има по една презентација за секое списание.
10 мин.: Локални потреби.
10 мин.: Што учиме од овие стихови? Дискусија. Замоли некој да прочита Лука 12:16-31, а потоа дискутирајте како овие стихови може да ни помогнат во службата на проповедање.
Песна 35 и молитва