Распоред за седмицата од 16 септември
СЕДМИЦА ОД 16 СЕПТЕМВРИ
Песна 21 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
jr погл. 14, пас. 8-13 (30 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 2. Коринќаните 1-7 (10 мин.)
Бр. 1: 2. Коринќаните 1:15—2:11 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Колкава разлика постои помеѓу реинкарнацијата и надежта изнесена во Библијата? (rs-SB стр. 319, пас. 1-2) (5 мин.)
Бр. 3: Што може да направи некој за да најде засолниште во името на Јехова? (Соф. 3:12) (5 мин.)
□ Состанок за служба:
10 мин.: Млади — што ќе правите со својот живот? — Дел 2. Говор на темел на трактатот Својот живот, од пасус 10 до крајот. Накратко интервјуирај некој што почнал со полновремена служба како млад. Зошто донел таква одлука? Какви благослови добил?
10 мин.: Кога проповедаш сам. Дискусија. 1) Што ќе ни помогне да останеме радосни дури и кога мораме сами да одиме во служба? 2) На што треба да внимаваме кога одиме сами на повторна посета? 3) Ако често се случува да нема со кого да одиме во служба, како можеме да ги поттикнеме другите во собранието да дојдат со нас? 4) Кои се предностите ако намерно одлучиме да одиме во служба сами, се разбира, ако тоа е безбедно?
10 мин.: „Кој ја врши Јеховината волја денес?“ Прашања и одговори. Накратко разгледајте го дизајнот и обележјата на брошурата. (Види во Нашата служба за Царството од март 2013, страница 3.)
Песна 107 и молитва