„Ќе земам списанија, ако вие земете од моите“
Понекогаш го слушаме ова. Како би можеле тактично да одговориме со оглед на тоа што нашата литература наменета за проучување на Библијата не ја даваме во замена за литература која шири погрешни учења? (Рим. 1:25). Би можеле да речеме: „Ви благодарам. Според таа публикација, кое е решението за проблемите на човештвото? [Почекај да одговори. Ако ти рече да прочиташ самиот за да го најдеш одговорот, можеш да речеш дека ти не му понуди литература без да му кажеш за што се зборува во неа. Потоа прочитај или цитирај Матеј 6:9, 10.] Исус укажал дека Божјето Царство ќе направи Божјата волја да се врши на Земјата. Затоа, јас читам само религиозна литература која зборува за Божјето Царство како единствено решение за проблемите на човештвото. Дали може да Ви покажам од Библијата некои конкретни работи што ќе ги направи Божјето Царство?“