Предлози
Вест за Царството бр. 38
„Учествуваме во една акција што се извршува низ целиот свет и им пренесуваме на луѓето важна порака. Ова е за Вас.“
Забелешка: За да го обработиш подрачјето, труди се твојата презентација да биде кратка. Сепак, ако станарот покаже интерес и сака да разговара, можеш да го прашаш што мисли за прашањето на првата страница, да му прочиташ што вели Библијата и, ако има време, да разгледате дел од содржината на трактатот. Пред да си заминеш, покажи му го прашањето од делот „Размисли“ на задната страница и договори се да го продолжите разговорот.
Стражарска кула 1 ноември
„Што мислите, која е најголемата лага што некогаш била кажана за Бог? [Почекај да одговори.] Библијата вели дека Бог се радува кога луѓето го сакаат и му веруваат. [Прочитај Исаија 41:13.] Во ова списание се откриени три лаги за Бог поради кои на многумина им е тешко да се зближат со него.“
Разбудете се! ноември
„Многу луѓе мислат дека моралните вредности сѐ повеќе се губат. Што мислите Вие, дали ова навистина се случува? [Почекај да одговори.] Во Библијата пишува дека ставовите и однесувањето на луѓето во нашево време ќе се сменат. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1-5.] Во ова списание ќе прочитате зошто можеме да бидеме уверени дека моралните мерила запишани во Библијата се за наше добро.“