Помогни им да се ‚утврдат во верата‘
Секоја година се крштаваат повеќе од 250.000 луѓе. Многу сме радосни кога гледаме како Јехова ја благословува духовната жетва (5. Мој. 28:2). Откако студентот ќе се крсти, објавителот можеби ќе сака да ја прекине студијата и да продолжи да им помага на други лица. Можеби и студентот ќе сака да ја прекине студијата за да има повеќе време за службата на проповедање. Но, многу е важно оние кои ја проучуваат Библијата да имаат цврст темел во вистината. Тие треба да бидат „вкоренети“ во Христос и да бидат ‚утврдени во верата‘ (Кол. 2:6, 7; 2. Тим. 3:12). Затоа, откако студентот ќе се крсти, треба да продолжи да проучува сѐ додека не ги заврши книгите Што учи Библијата и Божјата љубов. (Види во Нашата служба за Царството од април 2011, страница 2.)