Предлози
За посебната акција за Спомен-свеченоста
„Оставаме кај сите покана за еден многу важен настан. На 14 април, милиони луѓе низ целиот свет ќе се соберат за да ја одбележат годишнината од смртта на Исус Христос. Ќе можат да слушнат и еден библиски говор во кој се објаснува зошто неговата смрт е за наше добро. На поканата е наведено кога и каде ќе се одржи оваа свеченост. Влезот е бесплатен.“
Стражарска кула 1 април
„Дојдовме да поразговараме за нешто што им е заедничко на повеќето луѓе. Речиси секој човек се молел некогаш во животот, сеедно на која религија ѝ припаѓа. Верувате ли дека Бог ги слуша молитвите, или мислите дека луѓето се молат само за да им олесни на душата? [Почекај да одговори.] Видете што пишува во Библијата за молитвите. [Прочитај 1. Јованово 5:14.] Во ова списание е објаснето како ни користи молитвата.“
Разбудете се! Април
„Дојдовме да поразговараме за еден сѐ почест проблем. Некои луѓе се толку разочарани од животот што помислуваат на самоубиство. Што мислите, кога некој е во таква состојба, дали навистина сака да умре или само сака да си ги скрати маките? [Почекај да одговори.] Сакам да ви прочитам едно ветување од Библијата што им помогнало на многумина да имаат позитивно гледиште [Прочитај Откровение 21:3, 4.] Во ова списание се разгледани три добри причини зошто вреди да се живее и покрај сегашните проблеми.”