Распоред за седмицата од 29 септември
СЕДМИЦА ОД 29 СЕПТЕМВРИ
Песна 69 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 13, пас. 19-23, рамка на стр. 137 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 4. Мојсеева 33-36 (10 мин.)
Бр. 1: 4. Мојсеева 33:24-49 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Не ја потценувај моќта на Сатана (rs-SB стр. 344, пас. 2 — стр. 345, пас. 1) (5 мин.)
Бр. 3: Исус — Верата во Исус Христос е неопходна за спасение (td 12Б) (5 мин.)
Состанок за нашата служба:
10 мин.: Започни библиска студија првата сабота. Дискусија. Нека има приказ од кој ќе се види како може да се започне библиска студија првата сабота во октомври на темел на предлогот на 4. страница. Поттикни ги сите да се трудат да започнат студии првата сабота во месецот.
10 мин.: Што учиме од овие стихови? Дискусија. Замоли некој да прочита Дела 4:13 и 2. Коринќаните 4:1, 7. Потоа дискутирајте како овие стихови може да ни помогнат во службата на проповедање.
10 мин.: Интервјуирај го координаторот на старешинството. Кои одговорности ги има еден координатор? Кои работи ги зема предвид кога доделува точки за Состанокот за нашата служба? Зошто координаторот не е главен во старешинството и во собранието?
Песна 4 и молитва