Распоред за седмицата од 21 септември
СЕДМИЦА ОД 21 СЕПТЕМВРИ
Песна 53 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 30, пас. 19-23, рамка на стр. 309 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 2. Царевите 19-22 (8 мин.)
Бр. 1: 2. Царевите 20:12-21 (3 мин. или помалку)
Бр. 2: Религија — само една вистинска религија (td 32А) (5 мин.)
Бр. 3: Можат ли мртвите да ни зборуваат? (fg лекц. 6, точ. 3) (5 мин.)
Состанок за нашата служба:
Тема на месецот: ‚Темелно сведочи за добрата вест‘ (Дела 20:24)
10 мин.: Што постигнавме минатата службена година? Говор од надгледникот за служба. Осврни се на активностите на собранието во службата на проповедање минатата службена година. Посебно истакни ги добрите резултати и пофали го собранието. Спомни еден или два аспекта поврзани со службата на проповедање на кои собранието би можело да се подобри оваа година и наведи практични предлози.
10 мин.: Темелното сведочење дава резултати. Дискусија на темел на Годишникот за 2015, страница 54, пасус 1; страница 56, пасус 2 до страница 57, пасус 1; и од страница 63, пасус 2 до страница 64, пасус 1. Замоли ги присутните да кажат што научиле од овие искуства.
10 мин.: „Угледајте се на нивната вера.“ Прашања и одговори.
Песна 81 и молитва