Известувања
◼ Специјалното предавање во периодот на Спомен-свеченоста за 2016 год. ќе се одржи во текот на седмицата од 28 март. Темата на предавањето ќе ја дознаеме подоцна. Во собранијата кои тој викенд имаат собир или посета од покраинскиот надгледник, специјалното предавање ќе се одржи следната седмица. Во ниедно собрание тоа не треба да се изнесе пред 28 март.
◼ На говорот за одбележување на Христовата смрт што се одржа на 3 април беа присутни вкупно 2.903 лица. Голем број од присутните дојдоа за првпат, како што покажува следново искуство: Во Велес, нашите браќа отишле да поканат една заинтересирана жена која работи во бутик. Кога влегле во бутикот, внатре бил и таткото на жената. Додека разговарале со неа, сфатиле дека и татко ѝ се интересира за духовни теми и затоа му дале покана и нему. Тој дошол на Спомен-свеченоста и на крајот рекол дека многу му се допаднало тоа што го слушнал. Прашал кога има состаноци бидејќи сакал да дојде и на состанок. Почнал редовно да ги посетува нашите состаноци и кога му била понудена книгата Што навистина учи Библијата?, побарал да проучува.
◼ На 26 април, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, во рамките на Покраина 2 во која има 497 објавители, се одржа пролетниот покраински собир. Меѓу 566-те присутни имаше и повеќе заинтересирани лица. На овој собир се крстија 9 браќа и сестри.
◼ Понуда на литература за септември и октомври: Стражарска кула и Разбудете се! Ноември и декември: Што навистина учи Библијата? или некој од следниве трактати: Ќе има ли воскресение?, Што мислиш за Библијата?, Што мислиш за иднината?, Кој е клучот за среќно семејство?, Што е Божјето Царство?, Кој владее со светот?, Ќе им дојде ли крај на страдањата?