Предлози
Стражарска кула 1 октомври
„Денеска разговараме со луѓето за оваа интересна тема. [Покажи ја насловната страница.] Некои сметаат дека молитвата е чисто губење време затоа што никој не слуша. Но, други се уверени дека Бог ги слуша молитвите. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Погледнете што пишува во Библијата за нашите молитви. [Прочитај Еремија 29:12.] Во ова списание се изнесени докази дека Бог нѐ слуша и дека ни одговара ако се молиме на исправен начин и за исправни работи.“
Разбудете се! Октомври
„Многу луѓе се прашуваат зошто Бог ги дозволува страдањата. Што мислите, дали е во ред да се прашуваме зошто Бог прави или не прави нешто? [Почекај да одговори.] Во минатото, еден праведен човек по име Јов отворено кажал дека има прашања до Бог. [Прочитај Јов 23:3-5.] Во ова списание се разгледани три прашања кои многу луѓе би сакале да му ги постават на Бог. Ќе дознаете и каков одговор дал Бог на тие прашања во Библијата.“