Стани повешт во службата — поучи го интересентот како да проучува
Зошто е важно: За интересентот да напредува духовно, не е доволно да ги знае само основните библиски учења (Евр. 5:12—6:1). За проучување треба да се вложи труд. Да проучуваш значи да ги поврзуваш новите информации со она што веќе го знаеш и да ја согледаш нивната практична вредност (Изр. 2:1-6). Со тоа што ќе научи да истражува, интересентот ќе може да најде одговор на библиски прашања во нашите публикации. Тоа што ќе се труди да го применува она што го учи, ќе му помогне да им одолее на искушенијата со кои ќе се соочи како христијанин (Лука 6:47, 48).
Предлог за месецот:
Кога ќе завршите поднаслов или поглавје, замоли го интересентот накратко да каже што научил. Ако моментално не проучуваш со никого, прави го тоа самиот кога ја читаш Библијата или Стражарска кула за да научиш полесно да ја увидиш поентата на прочитаното.