ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp20 Бр. 3 стр. 12
  • Како да покажуваме љубов кон другите луѓе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да покажуваме љубов кон другите луѓе
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО ПИШУВА ВО СВЕТОТО ПИСМО ЗА ЉУБОВТА
  • ШТО ЗНАЧИ ДА ГИ САКАМЕ ДРУГИТЕ ЛУЃЕ
  • „Живејте во љубов“
    Приближи му се на Јехова
  • Љубов (агапе) — што е таа, а што не е
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Љубовта — скапоцена особина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Како може нашата љубов кон другите да остане силна
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
wp20 Бр. 3 стр. 12
Самарјанинот од споредбата што ја кажал Исус му ги премачкува со масло раните на човекот кој бил претепан и оставен да лежи покрај патот.

Љубовта нѐ поттикнува да го ставаме доброто на другите пред своето

Како да покажуваме љубов кон другите луѓе

Сите луѓе потекнуваат од првиот човек, Адам. Поради тоа, сите ние сме едно семејство. Членовите на семејството треба да покажуваат љубов и почит еден кон друг, но денес тоа е реткост. Нашиот Бог, кој е полн со љубов, немал намера да биде така.

ШТО ПИШУВА ВО СВЕТОТО ПИСМО ЗА ЉУБОВТА

„Сакај го својот ближен како самиот себе“ (3. МОЈСЕЕВА 19:18).

„Сакајте ги своите непријатели“ (МАТЕЈ 5:44).

ШТО ЗНАЧИ ДА ГИ САКАМЕ ДРУГИТЕ ЛУЃЕ

Забележи како Бог ја опишал љубовта во својата Реч, во 1. Коринќаните 13:4-7:

Љубовта е „долготрпелива и љубезна“.

Размисли: Како се чувствуваш кога другите се стрпливи и љубезни со тебе и не реагираат грубо на твоите грешки?

Љубовта „не е завидлива“.

Размисли: Како се чувствуваш кога другите се претерано сомничави кон тебе или ти завидуваат?

Љубовта „не ја бара својата корист“.

Размисли: Како се чувствуваш кога другите го почитуваат твоето мислење и не инсистираат секогаш да биде по нивно?

Љубовта „не го памти злото“.

Размисли: Бог спремно им простува на оние што се каат за своите гревови. Во Светото писмо за него пишува: „Нема да наоѓа грешки за сите времиња, ниту ќе чувствува гнев довека“ (Псалм 103:9). Нам ни е убаво кога некој што сме го навредиле ќе ни прости. Затоа и ние треба спремно да им простиме на другите кога ќе нѐ навредат (Псалм 86:5).

Љубовта „не ѝ се радува на неправдата“.

Размисли: Кога ќе ни се случи нешто лошо, ние не сакаме другите да се радуваат затоа што страдаме. Поради тоа, и ние не се радуваме кога другите доживуваат тешкотии, дури и ако постапувале лошо со нас.

За да ги добиеме благословите од Бог, ние мора да ги сакаме другите без оглед на нивната возраст, националност или религија. Еден начин на кој покажуваме љубов е така што им помагаме на оние што имаат потреба од помош.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели