ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕРЕМИЈА 12-16
Го заборавиле Јехова
Еремија добил тешка задача со која Јехова покажал колку е решен да ги уништи тврдоглавите и горди жители на Јуда и Ерусалим
Еремија купил ленен појас
Појасот со кој Еремија си ги опашал колковите го претставувал блискиот однос што Израелците можеле да го имаат со Јехова
Еремија го однел појасот кај реката Еуфрат
Тој го скрил во пукнатината на една карпа, а потоа се вратил во Ерусалим
Еремија се вратил кај реката Еуфрат за да го земе појасот
Појасот бил гнил
Откако Еремија ја извршил задачата, Јехова објаснил што значи сето тоа
Тоа што Еремија бил послушен во навидум безначајна работа одиграло важна улога во Јеховините напори да допре до срцето на својот народ