Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
14-20 АВГУСТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕЗЕКИЕЛ 32-34
„Стражарот има голема одговорност“
w88 1/5 22, пас. 13
Продолжи да го проповедаш Царството
Избегни вина за крв
13 Одговорноста на Јеховините сведоци да ги предупредуваат луѓето за Божјиот суд кој доаѓа може да се спореди со одговорноста што ја имал Езекиел. Тој бил одреден да биде стражар на Израеловиот дом. Негова задача била да ги предупреди Израелците дека ќе бидат уништени ако не се одвратат од лошите патишта. Ако тој како стражар не го објавувал предупредувањето, злобните ќе биле уништени, но нивната крв ќе паднела на негова глава. Следниве зборови покажуваат со каков став Јехова извршува пресуда: „Не ми е мило да умре злосторникот, туку злосторникот да се одврати од својот пат и да остане жив. Одвратете се, одвратете се од своите зли патишта! Зошто да умрете, доме Израелов?“ (Езекиел 33:1-11).
21-27 АВГУСТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕЗЕКИЕЛ 35-38
Најди духовни бисери
w89 1/2 18, пас. 11
„Народите ќе знаат дека јас сум Јехова“
11 Кога изгнаниците се вратиле во Јуда, опустошената земја станала „како еденската градина“. (Прочитај Езекиел 36:33-36.) Од 1919 година, Јехова ја претворил запустената „земја“ на помазаниците во духовен рај во кој сега се наоѓа и големото мноштво. Секој христијанин треба да се труди овој духовен рај да го одржува чист, бидејќи во него живее свет народ (Езекиел 36:37, 38).
28 АВГУСТ — 3 СЕПТЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕЗЕКИЕЛ 39-41
Најди духовни бисери
w89 1/12 24, пас. 20
Отворен е патот до рајот
20 Што ќе биде со воената опрема што народите ќе ја остават? Бидејќи симболично е претскажано дека ќе треба многу време за да се уништат само запаливите делови, очигледно се работи за огромна количина оружје (Езекиел 39:8-10). По Армагедон преживеаните можеби ќе можат да употребат делови од оружјето за корисни цели (Исаија 2:2-4).