ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb17 Октомври стр. 3
  • Како да стекнеш навика длабоко да ја проучуваш Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да стекнеш навика длабоко да ја проучуваш Библијата
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Сличен материјал
  • Јехова му ветува прекрасна награда на Даниел
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Дали Бог навистина се грижи за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Книгата Даниел и ти
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Да се препознаат вистинските обожаватели во времето на крајот
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
mwb17 Октомври стр. 3

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да стекнеш навика длабоко да ја проучуваш Библијата

Дали сакаш да му останеш верен на Јехова во време на неволја, исто како Даниел? Даниел темелно ја проучувал Божјата Реч, вклучувајќи ги и пророштвата со длабоко значење (Да 9:2). И ти ќе можеш да останеш верен ако длабоко ја проучуваш Библијата. Зошто може да се каже тоа? Проучувањето ќе ти ја зајакне увереноста дека Јеховините ветувања ќе се исполнат (ИсН 23:14). Освен тоа, ќе ја зголеми твојата љубов кон Бог, која ќе ти даде сила да постапуваш исправно (Пс 97:10). Но, како да стекнеш навика длабоко да проучуваш? Да видиме неколку предлози.

Даниел ја проучува Божјата Реч
  • Што да проучувам? Во добри навики на проучување спаѓа и подготовката за состаноците. Ќе извлечеш поголема корист од седмичното читање на Библијата ако одвоиш време да ги истражиш стиховите што не ти се јасни. Освен тоа, некои објавители истражуваат нешто повеќе за пророштвата, за некои плодови на духот, за мисионерските патувања на апостол Павле или, пак, за творештвото на Јехова. Ако во текот на денот ти се појави некое библиско прашање, запиши си го, и нека ти биде тема за следното проучување.

  • Каде да најдам материјал? За да добиеш идеи, гледај го видеоклипот Научи да бараш духовни богатства. Како вежба, истражи кои светски сили се прикажани со ѕверовите од Даниел, поглавје 7.

  • Колку време треба да одвојам за проучување? За да бидеш во добра духовна состојба, треба редовно да проучуваш. Во почетокот, проучувањето би можело да трае пократко, а потоа можеш постепено да го зголемуваш времетраењето. Кога ја проучуваш Библијата, тоа е како да бараш скриено богатство; колку повеќе скапоцености наоѓаш толку поголема желба имаш да продолжиш со потрагата (Из 2:3-6). Така ќе ти се зголеми желбата редовно да ја проучуваш Божјата Реч, и тоа ќе ти стане навика (1Пе 2:2).

    Повеќе предлози за тоа како да уживаш во проучувањето, можеш да најдеш во Разбудете се! од февруари 2012, стр. 18-20.

ШТО ПРЕТСТАВУВААТ ЅВЕРОВИТЕ ОД СЕДМОТО ПОГЛАВЈЕ ОД ДАНИЕЛ?

  • Ѕвер кој личи на лав со крилја на орел

    Да 7:4

  • Ѕвер кој личи на мечка со три ребра во устата

    Да 7:5

  • Ѕвер кој личи на леопард со четири глави и четири крилја на грбот

    Да 7:6

  • Страшен ѕвер со големи железни заби и десет рогови

    Да 7:7

ДОПОЛНИТЕЛНО ПРАШАЊЕ:

Како се исполниле зборовите од Даниел 7:8, 24?

Мал рог со очи и уста израснува меѓу десетте рогови, на местото на три рогови

СЛЕДЕН ПРОЕКТ:

Што претставуваат ѕверовите од Откровение, поглавје 13?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели