ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr18 Ноември стр. 1-5
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, ноември 2018

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, ноември 2018
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
  • Поднаслови
  • 5-11 НОЕМВРИ
  • 12-18 НОЕМВРИ
  • 19-25 НОЕМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
mwbr18 Ноември стр. 1-5

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

5-11 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВАН 20-21

„Ме сакаш ли повеќе отколку овие?“

nwtsty белешки за Јвн 21:15, 17

Исус го праша Симон Петар: Овој разговор се случил кратко откако Петар трипати се одрекол од Исус. Исус трипати го прашал Петар што чувствува кон него, така што на крајот Петар се нажалил (Јвн 21:17). Во извештајот што Јован го запишал во Јвн 21:15-17 има два грчки глаголи: агапао и филео. На македонски, и двата глаголи се преведени со „сакаш“. Исус трипати го прашал Петар: „Ме сакаш ли?“ После секое прашање, Петар потврдил дека го сака. Секогаш кога Петар ќе речел дека го сака, Исус истакнувал дека таа љубов требало да го поттикне да ги храни и да ги пасе неговите јагниња, или овчички, односно да се грижи за неговите ученици во духовен поглед (Јвн 21:16, 17; 1Пе 5:1-3). Исус му дал можност на Петар трипати да потврди дека го сака, и потоа му ја доверил грижата за неговите овчички. На тој начин, Исус јасно покажал дека му простил на Петар што се одрекол од него трипати.

ме сакаш ли повеќе отколку овие?: Граматички, изразот „повеќе отколку овие“ може да се разбере на повеќе начини. Некои изучувачи сметаат дека значи „дали повеќе ме сакаш мене отколку што ги сакаш овие ученици?“ или „дали ме сакаш повеќе отколку што ме сакаат овие ученици?“ Сепак, најверојатно таа реченица значи „ме сакаш ли повеќе отколку овие работи“, односно рибите што ги уловиле или, пак, што и да било друго поврзано со рибарењето. Се чини дека смислата на овој стих е: „Ме сакаш ли повеќе од материјалните работи? Ако да, храни ги моите јагниња“. Ако се земе предвид минатото на Петар, не е ништо чудно што Исус му поставил едно такво прашање. Иако бил меѓу првите ученици на Исус (Јвн 1:35-42), Петар во почетокот не се посветил целосно на службата, туку се вратил на рибарењето. Неколку месеци подоцна, Исус го повикал Петар да ја напушти работата која му одземала доста време и сили, и да стане рибар на луѓе (Мт 4:18-20; Лк 5:1-11). Но, и кратко откако Исус умрел, Петар отишол да лови риба, а му се придружиле и некои од другите апостоли (Јвн 21:2, 3). Значи, Исус најверојатно сакал да му укаже на Петар колку е важно да се одлучи дали на прво место во животот ќе му биде работата, претставена со купот уловени риби или, пак, ќе се посвети на тоа духовно да ги храни јагнињата на Исус, односно неговите следбеници (Јвн 21:4-8).

по третпат: Петар се одрекол од својот Господар трипати, а Исус му дал можност трипати да потврди дека го сака. Секогаш кога Петар ќе кажел дека го сака, Исус му велел да ја покаже својата љубов така што ќе ја стави службата за Бог пред сѐ друго. Заедно со другите одговорни браќа, Петар требало да биде духовен пастир, односно да ги храни, да ги зајакнува и да се грижи за верните следбеници на Христос. Иако тие следбеници биле помазани христијани, и понатаму имале потреба од духовна храна (Лк 22:32).

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Јвн 20:17

Немој да ме држиш: Грчкиот глагол аптоме може да значи „да допреш“ или „да се фатиш за нешто; цврсто да се држиш за нешто“. Во некои преводи на Библијата, на ова место стои: „Не допирај ме“. Но, можеме да заклучиме дека Исус немал ништо против тоа Марија Магдалена да го допре, бидејќи на други жени кои го виделе откако воскреснал им дозволил да го фатат за нозете (Мт 28:9). По сѐ изгледа, Марија Магдалена се плашела дека Исус ќе се вознесе на небото. Бидејќи многу сакала да биде со својот Господар, цврсто го држела и не сакала да го пушти. За да ја увери дека сѐ уште нема да замине, Исус ѝ рекол повеќе да не го држи, туку да оди и да им каже на неговите ученици дека тој воскреснал.

nwtsty белешка за Јвн 20:28

Господар мој и Бог мој!: Некои изучувачи сметаат дека овој израз е извик на восхит кој му е кажан на Исус но, всушност, му е упатен на неговиот Татко, на Бог. Други тврдат дека, според изворниот грчки јазик, овие зборови не можат да се сфатат поинаку освен дека му се упатени на Исус. Дури и да е така, значењето на изјавата „Господар мој и Бог мој“ најдобро може да се разбере ако се земе предвид целата Библија. Од извештајот гледаме дека претходно Исус ѝ кажал на Марија Магдалена да им ги пренесе следниве зборови на неговите ученици: „Одам горе кај мојот Татко и вашиот Татко, кај мојот Бог и вашиот Бог“. Според тоа, логично е дека Тома не го сметал Исус за Семоќниот Бог. (Види ја белешката за Јвн 20:17.) Исто така, Тома го слушнал Исус како му се моли на својот „Татко“, кого го нарекол „единствениот вистински Бог“ (Јвн 17:1-3). Според тоа, Тома можеби му се обратил на Исус со зборовите „Бог мој“ поради некоја од следниве причини: Тој не гледал на Исус како на Семоќниот Бог, туку како на некој што по природа е како бог. Или, можеби му се обратил на Исус на сличен начин како што Божјите слуги им се обраќале на ангелите кои служеле како Јеховини гласници, како што читаме во Хебрејските списи. На Тома сигурно му биле познати извештаите во кои некои луѓе, како и некои од писателите на Библијата, им се обраќале на ангели или, пак, зборувале за нив исто како да се Јехова Бог. (Спореди со 1Мо 16:7-11, 13; 18:1-5, 22-33; 32:24-30; Су 6:11-15; 13:20-22.) Можеби во таа смисла Тома го нарекол Исус „Бог мој“. Тој ја признал неговата улога како претставник и гласник на вистинскиот Бог.

12-18 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 1-3

„Светиот дух бил излеан врз христијанското собрание“

w87 1/6 стр. 26-27, пас. 5-6

Прилози кои го радуваат срцето

Уште од првиот ден кога било формирано христијанското собрание во 33 год. од н.е., оние што се крстиле, а биле околу 3.000 души, меѓусебно делеле сѐ што имале, заедно јаделе и истрајно се молеле. Зошто? За да можат да се зајакнат во верата која штотуку ја пронашле и да се посветат на апостолското учење (Дела 2:41, 42).

Преобратениците и Евреите кои дошле во Ерусалим за Педесетница имале намера да останат таму само за време на празникот. Но, оние што станале христијани сакале да останат малку подолго за да научат нешто повеќе и да си ја зајакнат верата. Поради тоа, се појавила потреба од храна и сместување. Некои од оние што дошле во Ерусалим немале доволно пари, а други имале и повеќе отколку што им било потребно. Затоа, браќата решиле да ги собираат средствата на едно место, и потоа секому да му дадат колку што му било потребно (Де 2:43-47).

Дали некој ќе го продал својот имот и дали ќе ги приложел тие средства било прашање на личен избор. Никој не бил принуден на такво нешто ниту, пак, се поттикнувало на сиромаштво. Од богатите христијани не се очекувало да го продадат целиот свој имот и така да осиромашат. Напротив, од сочувство кон соверниците кои се нашле во такви околности, тие продавале дел од својот имот, и средствата ги приложувале за да го поддржат делото на Царството. (Спореди со 2. Коринќаните 8:12-15.)

Најди духовни бисери

it-2-Е стр. 61, пас. 1

Исус Христос

„Главниот Застапник на животот.“ Христос Исус го жртвувал својот совршен живот, што било израз на незаслужената доброта на неговиот Татко. Благодарение на таа жртва, некои од следбениците на Христос добиваат можност да владеат со него на небото, а останатите луѓе ќе можат да живеат на Земјата под власта на неговото Царство (Мт 6:10; Јвн 3:16; Еф 1:7; Ев 2:5). Така Христос станал „Главниот Застапник на животот“ за сите луѓе (Де 3:15). Грчкиот збор што е употребен во овој стих во основа значи „главен водач“, и е сроден со еден друг збор со кој Мојсеј е опишан како „владетел“ во Израел (Де 7:27, 35).

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

it-1-Е стр. 129, пас. 2-3

Кој го заменил Јуда Искариот како 12-ти апостол?

Откако Јуда Искариот го предал Исус и умрел, останале 11 апостоли. Во текот на 40-те дена што поминале од воскресението на Исус па сѐ до неговото вознесување на небото, тој не назначил никој кој би го заменил Јуда. Меѓутоа, во текот на 10-те дена меѓу вознесувањето на Исус и празникот Педесетница, апостолите заклучиле дека мора да најдат некој што ќе го пополни местото на Јуда — не затоа што тој повеќе не бил жив, туку затоа што го предал Исус, како што се гледа од стиховите што ги цитирал Петар (Де 1:15-22; Пс 69:25; 109:8; спореди со От 3:11). За разлика од тој случај, откако верниот апостол Јаков бил погубен, нема запис дека апостолите размислувале за тоа некој друг да го заземе неговото место (Де 12:2).

Од она што го кажал Петар, очигледно е дека оној што требало да го пополни местото на Јуда и да стане апостол на Исус Христос морал да исполнува одредени услови — лично да го познавал Исус, да бил очевидец на неговите дела и на чудата што ги правел, како и да бил сведок на неговото воскресение. Од ова се гледа дека со текот на времето би било невозможно да се избираат нови апостоли кои би можеле да ги заменат оние што ќе починат, освен ако Бог преку чудо не се погрижел некој да ги исполни условите. Меѓутоа, во деновите пред Педесетница имало некои што ги исполнувале условите, и двајца од нив биле предложени како замена за неверниот Јуда. Била фрлена ждрепка, веројатно на темел на Изреки 16:33, и тогаш бил избран Матиј, кој бил „додаден кон единаесетте апостоли“ (Де 1:23-26). Така тој бил еден од „дванаесеттемина“ кои го решиле проблемот во врска со учениците што зборувале грчки (Де 6:1, 2). Освен тоа, очигледно Павле го вбројал и него во „дванаесеттемина“ кога во 1. Коринќаните 15:4-8 зборувал за појавувањето на Исус по неговото воскресение. Така, кога дошол празникот Педесетница, имало 12 апостоли кои биле темелот на духовниот Израел.

19-25 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 4-5

„Тие и понатаму зборувале за Божјата Реч со смелост“

it-1-Е стр. 128, пас. 3

Апостол

Улога во христијанското собрание. Апостолите биле многу зајакнати кога на Педесетница врз нив бил излеан светиот дух. Првите пет поглавја од книгата Дела на апостолите се жив доказ за нивната голема храброст да ја објавуваат добрата вест и да им кажуваат на другите дека Исус воскреснал, и покрај тоа што биле фрлани во затвор, биле тепани и добивале закани по својот живот. Благодарение на тоа што апостолите ревносно предводеле со помош на силата што ја добивале од светиот дух, во деновите по Педесетница бројот на верници во христијанското собрание нагло се зголемил (Де 2:41; 4:4). На почетокот, апостолите проповедале во Ерусалим, подоцна во Самарија, а со текот на времето и по целиот тогашен свет (Де 5:42; 6:7; 8:5-17, 25; 1:8).

Најди духовни бисери

it-1-Е стр. 514, пас. 4

Аголен камен

Во Псалм 118:22 пишува дека каменот што го отфрлиле градителите станал „аголен камен“ (буквално: „глава на аголот“; хебрејски: рош пина). Исус го цитирал ова пророштво, укажувајќи на себе како на „главен аголен камен“ (грчки: кефалин гониас, глава на аголот; Мт 21:42; Мр 12:10, 11; Лк 20:17). Некои градби имале еден посебен аголен камен кој се ставал најгоре. Христијанското собрание од помазаници е споредено со една таква градба, со храм кој го изградил Бог, а главата на тоа собрание е Исус Христос. И Петар го применил Псалм 118:22 на Христос, посочувајќи дека тој е каменот што луѓето го отфрлиле, а којшто Бог го избрал да стане аголен камен (Де 4:8-12; види и 1Пе 2:4-7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели