Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
25 ФЕВРУАРИ — 3 МАРТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | РИМЈАНИТЕ 9-11
Најди духовни бисери
it-1-E стр. 1260, пас. 2
Ревност која не е во склад со Божјата волја. Некој може да биде ревносен од искрени мотиви за одредена работа, а сепак да биде во грешка и Бог да не го одобрува начинот на кој постапува. Тоа било случај со многу Евреи во првиот век. Тие сметале дека ќе бидат прогласени за праведни поради делата што ги правеле држејќи го Мојсеевиот закон. Но, Павле истакнал дека нивната ревност не била исправна бидејќи немале точно спознание. Затоа не биле праведни пред Бог. Тие требало да сфатат дека се во грешка и да побараат помош од Бог преку Христос за да бидат прогласени за праведни и да не бидат осудени од Законот (Ри 10:1-10). Савле од Тарс бил токму таков. Тој бил ревносен за јудаизмот до таа мера што дури го прогонувал „Божјето собрание“ и сакал да го сотре. Савле беспрекорно се држел за Законот (Га 1:13, 14; Фп 3:6). Сепак, неговата ревност за јудаизмот не била во склад со Божјата волја. Но, бидејќи имал искрено срце, Јехова му покажал незаслужена доброта преку Христос и му помогнал да почне да служи на исправен начин (1Ти 1:12, 13).