ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Како да напишеш писмо
Напиши ја твојата адреса на живеење. Ако сметаш дека тоа не е мудро, прашај ги старешините дали ќе ти одобрат да ја наведеш адресата на салата за состаноци заедно со твоето име и презиме. Меѓутоа, НИКОГАШ не треба да ја користиш адресата на подружницата како повратна адреса.
Ако знаеш како се вика станарот, обрати му се по име. Така ќе сфати дека не станува збор за некаква реклама, туку дека писмото е наменето за него лично.
Обрни внимание на правописот, граматиката и интерпункциските знаци. Писмото треба да изгледа уредно. Ако е рачно пишувано, треба да биде читко. Не треба да се изразуваш ниту премногу официјално ниту премногу неформално.
Во ова писмо е обрнато внимание на тие работи. Тоа е дадено само како пример, и целта не е да го препишеш од збор до збор кога сакаш некому да му посведочиш. Секогаш кога пишуваш писмо, имај на ум што сакаш да постигнеш со него, и притоа земи ги предвид околностите и културата на луѓето за кои е наменето.