Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
11-17 НОЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. ЈОВАНОВО 1-13; 3. ЈОВАНОВО 1-14; ЈУДА 1-25
Најди духовни бисери
it-2-E стр. 279
Гозби на љубовта
Во Библијата не е опишано како изгледале овие братски гозби, односно гозби на љубовта, а не е ни кажано колку често се одржувале (Ју 12, фус.). Ниту Исус ниту апостолите не дале заповед тие да се одржуваат, и очигледно е дека не треба да се сметаат како нешто задолжително. Некои изучувачи велат дека побогатите христијани понекогаш правеле гозби на кои ги канеле своите сиромашни соверници. На овие гозби, сираците, вдовиците, богатите и сиромашните заедно се дружеле и уживале во богата трпеза.