ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb20 Април стр. 7
  • „Отстранете ги туѓите богови“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Отстранете ги туѓите богови“
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Сличен материјал
  • Јехова ќе ти помогне да им се спротивставиш на злите духови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Што ни открива Библијата за спиритизмот?
    Разбудете се! 2017
  • Биди му оддаден само на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Дали е можна вистинска заштита?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
mwb20 Април стр. 7
Еден човек фрла во канта бројаница која е поврзана со спиритизам.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

„Отстранете ги туѓите богови“

Јаков знаел дека Јехова заслужува луѓето да му бидат оддадени само нему иако сѐ уште немало закон кој го забранувал идолопоклонството (2Мо 20:3-5). Затоа, откако Јехова му заповедал да се врати во Ветил, Јаков им кажал на своите домашни да ги отстранат идолите. Потоа тој ги фрлил сите идоли, вклучувајќи ги и обетките кои веројатно се носеле како амајлии (1Мо 35:1-4). Јехова сигурно многу се радувал што Јаков го направил тоа.

Како денес можеме да му бидеме оддадени само на Јехова? Една важна работа е да немаме контакт со ништо што е поврзано со идолопоклонство или спиритизам. Ова значи дека треба да ги отстраниме сите предмети поврзани со окултизам и внимателно да размислиме за нашата забава. На пример, прашај се: „Дали сакам да читам книги или да гледам филмови во кои се прикажуваат вампири, зомбија или други натприродни работи? Дали во нив магиите, клетвите или уроците се прикажани како безопасна забава?“ Треба да се држиме настрана од сето она што Јехова го мрази (Пс 97:10).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ „СПРОТИВСТАВЕТЕ МУ СЕ НА ЃАВОЛОТ“, КОЈ СЕ ТЕМЕЛИ НА ЗАМИСЛЕНО СЦЕНАРИО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Бебенце лежи на кревет, со амајлија на рачето. Во заднина се гледа мајка му, која разговара со брачниот пар што ја проучува Библијата со неа.

    Со каков проблем се соочи една интересентка по име Палеса?

  • Двајца старешини се среќаваат со брачниот пар и со нивната интересентка за да им помогнат.

    Зошто е мудро да се побара помош од старешините ако некој има проблем поврзан со спиритизам?

  • Интересентката ја гори амајлијата на бебето во шпорет.

    Спротивставете му се на Ѓаволот, и приближете му се на Бог (Јк 4:7, 8).

    Од што треба потполно да се ослободиме ако сакаме Јехова да нѐ штити?

  • Кои одлучни чекори ги презеде Палеса?

  • Како можеш да се заштитиш од влијанието на демоните?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели