Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
7-13 ДЕКЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 3. МОЈСЕЕВА 10-11
Најди духовни бисери
it-1-E 111, пас. 5
Животни
Оваа забрана која е наведена во 3. Мојсеева 11:8 се однесувала само на оние што биле под Мојсеевиот закон, односно на Израелците. Со укинувањето на Законот на темел на жртвата на Исус Христос оваа забрана престанала да важи. Луѓето можат повторно да ги користат сите животни како храна, според она што Бог му го кажал на Ное по Потопот (Кол 2:13-17; 1Мо 9:3, 4).
21-27 ДЕКЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 3. МОЈСЕЕВА 14-15
Најди духовни бисери
it-1-E 665, пас. 5
Уво
Кога било воспоставено свештенството во Израел, Мојсеј заклал еден овен за жртва. Потоа зел од неговата крв и со неа ги намачкал десното уво, палецот од десната рака и палецот од десната нога на првосвештеникот Арон и на неговите синови. Ова служело како знак дека спремно ќе ги слушаат Божјите упатства, дека нивните раце ќе ја вршат Јеховината волја и дека нивните нозе никогаш нема да застранат од исправниот пат (3Мо 8:22-24). Слично на тоа, според Законот, на оној кој бил очистен од лепра свештеникот требало да му стави масло и крв од жртвата за вина на ресичката од десното уво (3Мо 14:14, 17, 25, 28). Нешто кое имало слично значење се правело и кога еден роб сакал да остане кај својот господар и да продолжи да му служи. Во тој случај, господарот требало да го доведе робот кај довратникот и да му го продупчи увото со шило. Тоа што робот имал ваков видлив знак на увото било показател дека сака и понатаму да го слуша и да му служи на својот господар (2Мо 21:5, 6).