19-25 ЈАНУАРИ
ИСАИЈА 24 — 27
Песна 159 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. „Тоа е нашиот Бог!“
(10 мин.)
Имаме многу причини да се гордееме со нашиот Бог, Јехова (Иса 25:9; cl 15, пас. 21)
Тој ќе ни даде многу добри работи во новиот свет — вклучувајќи и изобилство вкусна храна (Иса 25:6; w24.12 6, пас. 14)
Тој ќе ни даде вечен живот (Иса 25:7, 8; w25.01 28-29, пас. 11-12)
ПРАШАЈ СЕ: „Додека ги извршувам секојдневните обврски оваа седмица, кому може да му кажам за Јеховините ветувања?“
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Иса 24:2 — Како овој стих истакнува едно обележје на ревидираното издание на Преводот Нов свет? (w15 15/12 17, пас. 1-3)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Иса 25:1-9 (th лекција 10)
4. Започнување разговори
(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Дознај која тема го интересира лицето. Покажи му на станарот нешто од нашата интернет-страница jw.org. (lmd лекција 1: точка 3)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Сподели некоја вистина од додаток А од брошурата Сакај ги луѓето. (lmd лекција 9: точка 4)
6. Објасни ги своите верувања
(5 мин.) Приказ. ijwbq статија 160 — Тема: Зошто Исус е наречен Божји Син? (th лекција 3)
Песна 144
7. Имај потполна доверба во Јехова кога се подготвуваш за медицински третман или операција
(15 мин.) Дискусија.
Јехова ги чува оние што имаат потполна доверба во него. (Прочитај Исаија 26:3.) Кога се подготвуваме за медицински третман или операција, може да покажеме дека потполно се потпираме на Јехова со тоа што ќе го користиме сето она што тој ни го обезбедува.
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Дали си подготвен за ситуации кога е потребна медицинска интервенција? Потоа, прашај ги присутните:
Кои три работи може да ни помогнат кога се подготвуваме за медицински третман или операција?
На кој начин ни помагаат документитеa со медицински информации?
Кога е најдобро да стапиме во контакт со Одборот за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци?
Како гледаш на сето она што Јехова со љубов ни го дава?
Ветувањето за „траен мир“ запишано во Исаија 26:3 не значи дека Јехова ќе нѐ штити од здравствени проблеми. Наместо тоа, тој ни помага во такви ситуации така што преку својата организација ни го дава она што ни е потребно за да се чувствуваме сигурно и смирено.
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 54-55
Заклучни зборови (3 мин.) | и молитва
a Документите Информации за идни мајки (S-401), Информации за пациенти на кои им е потребна операција или хемотерапија (S-407) и Информации за родителите чие дете има потреба од медицински третман (S-55) можеш да ги добиеш од старешините доколку ти бидат потребни.