23 ФЕВРУАРИ — 1 МАРТ
ИСАИЈА 38 — 40
Песна 4 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
Еден овчар од древниот Израел нежно држи во својата прегратка едно јагне
1. „Како овчар ќе го пасе своето стадо“
(10 мин.)
Библијата е дар од Јехова кој тој го зачувал за да може да се зближиме со него (Иса 40:8; w23.02 2-3, пас. 3-4)
Тој нежно и со љубов се грижи за нас (Иса 40:11; cl 70, пас. 7)
Тој го познава секого од нас поединечно и ни помага да се справиме со проблемите (Иса 40:26-29; w18.01 8, пас. 4-6)
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Како описот за овчарот од Исаија 40:11 влијае врз твоите чувства кон Јехова?
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Иса 40:3 — Како овие зборови се исполниле во првиот век од н.е.? (ip-1 400, пас. 7)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Иса 40:21-31 (th лекција 11)
4. Започнување разговори
(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Во разговор, создај прилика да му кажеш на лицето за нешто што си го научил на некој неодамнешен состанок. (lmd лекција 4: точка 3)
5. Започнување разговори
(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Во разговор, создај прилика да му кажеш на лицето за тоа дека ги поучуваш луѓето за Библијата. (lmd лекција 4: точка 4)
6. Правење повторни посети
(2 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. (lmd лекција 7: точка 5)
7. Водење библиски курсеви
(5 мин.) lff лекција 18: Што научи, Како би одговорил и Цел. Користи една статија од делот „Истражувај“ за да му помогнеш на твојот интересент да ја цени љубовта што постои меѓу Јеховините сведоци. (lmd лекција 11: точка 3)
Песна 160
8. Годишен извештај за службата
(15 мин.) Дискусија.
Откако ќе го прочиташ известувањето од подружницата во врска со годишниот извештај, присутните нека истакнат други позитивни детали од Извештајот на Јеховините сведоци од целиот свет за 2025 службена година. Некои објавители со кои однапред си се договорил нека раскажат охрабрувачки искуства од службата од изминатата година.
Based on NASA/Visible Earth imagery
Во 2025 год., Јеховините слуги продолжија ревносно да проповедаат од куќа до куќа и да ги поучуваат другите за Библијата
Кои позитивни детали од Извештајот на Јеховините сведоци од целиот свет за 2025 службена година би сакал да ги споделиш?
9. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 64-65