Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
© 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
16-22 ФЕВРУАРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ИСАИЈА 36 — 37
Духовни бисери
it „Узда“ пас. 4-mwbr
Узда
Јехова му рекол на Сенахирим, царот на Асирија: „Ќе ти ја ставам својата кука во носот и своите узди во устата, и ќе те вратам по патот по кој дојде“ (2Ца 19:28; Иса 37:29). Јеховината рака го принудила Сенахирим да направи нешто против негова волја — да се откаже од каква и да било опсада над Ерусалим и да се врати во Ниневија, каде што подоцна бил убиен од неговите сопствени синови (2Ца 19:32-37; Иса 37:33-38). Тоа што Јехова „става“ узди во челуста на непријателските народи покажува дека има целосна контрола врз нив исто како што уздите им помагаат на луѓето да имаат контрола врз животните (Иса 30:28).