ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp21 Бр. 2 стр. 10-12
  • Што треба да правиш за да живееш во новиот свет?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што треба да правиш за да живееш во новиот свет?
  • Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОБРО ЗАПОЗНАЈ ГО БОГ ЗА ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ КРАЈОТ
  • ЧИТАЈ ЈА БОЖЈАТА РЕЧ, БИБЛИЈАТА, СЕКОЈ ДЕН
  • МОЛИ ГО БОГ ЗА ПОМОШ
  • Што направил Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму
    Учи од Големиот Учител
  • Живот по смртта — не е невозможен!
    Разбудете се! 2008
  • Зошто Исус страдал и умрел?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
Повеќе
Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
wp21 Бр. 2 стр. 10-12

Што треба да правиш за да живееш во новиот свет?

Од претходните статии дознавме дека Бог ќе му стави крај на ова безбожно човечко општество заедно со сите негови проблеми. Зошто можеме да бидеме уверени во ова? Бидејќи во Божјата Реч, Библијата, е дадено следново ветување:

„Светот поминува“ (1. ЈОВАНОВО 2:17).

Можеме да бидеме сигурни дека ќе има преживеани бидејќи во истиот библиски стих е ветено и следново:

„Оној што ја врши Божјата волја, останува засекогаш”.

Според тоа, ако сакаме да преживееме, треба да постапуваме во склад со Божјата волја. А за да откриеме која е Божјата волја, прво мора да го запознаеме Бог.

ДОБРО ЗАПОЗНАЈ ГО БОГ ЗА ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ КРАЈОТ

Слики: 1. Една медицинска сестра седи на подот во болница, исцрпена во физички и во емоционален поглед. 2. Таа прави пауза за кафе и забележува една колешка која изгледа среќно и чита списание. 3. Колешката ѝ чита еден библиски стих и ѝ дава визит-картичка за jw.org.

Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог“ (Јован 17:3). За да го преживееме крајот и за да живееме вечно, треба добро да го запознаеме Бог. Во тоа е вклучено повеќе отколку само да веруваме дека Бог постои или да знаеме неколку факти за него. Треба да бидеме пријатели со него. Ако сакаме нашето пријателство со некого да биде цврсто, треба да минуваме време со тоа лице. Истото може да се каже и за нашето пријателство со Бог. Да разгледаме неколку важни вистини од Библијата кои може да ни помогнат да станеме пријатели со Бог и да останеме блиски со него.

Вистини кои ги дознаваме од Библијата

Откако оди дома, медицинската сестра ја отвора интернет-страницата jw.org.

Дознаваме дека Бог имал намера да живееме во рај.

Тој ги создал првите луѓе, Адам и Ева, и ги сместил во една прекрасна рајска градина. Тие биле совршени и Бог им обезбедил сѐ што им било потребно за да имаат среќен живот. Адам и Ева имале можност да живеат засекогаш. Доколку останеле пријатели со Бог, немало никогаш да умрат. Но, тие одлучиле да не послушаат една едноставна заповед што им ја дал Бог.

Дознаваме зошто страдаме.

Бидејќи му бил непослушен на Бог, првиот човек, Адам, ја изгубил можноста да живее засекогаш, а му ја одзел таа можност и на целото човештво. Библијата објаснува: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе“ (Римјаните 5:12). Исто како што еден човек може да добие наследна болест од своите родители, сите потомци на Адам наследиле несовршеност од него. И поради тоа, ние старееме и умираме.

Дознаваме што Бог веќе направил за да ни помогне.

Библијата вели: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Бог го испратил Исус на Земјата за да го даде својот живот за нас. Во врска со ова, еден 86-годишен човек од Индија го рекол следново: „Тоа покажува колку многу ме сака Јехова.a Поради таквата љубов добив надеж за вечен живот“.

Дознаваме како можеме да покажеме благодарност за она што Бог го направил за нас.

Библијата вели дека можеме да покажеме благодарност за она што Бог го направил за нас така што ќе „ги држиме неговите заповеди“ (1. Јованово 2:3). Јехова Бог со љубов ни покажува како можеме да му се радуваме на животот уште сега (Исаија 48:17, 18). Бог не сака да страдаме. Тој ни ветува дека, ако ги слушаме неговите совети, не само што ќе му се радуваме на животот сега, туку ќе имаме можност и да живееме вечно.

ЧИТАЈ ЈА БОЖЈАТА РЕЧ, БИБЛИЈАТА, СЕКОЈ ДЕН

На паузата за ручек, медицинската сестра чита нешто од Библијата, а потоа размислува и гледа кон небото.

Ти можеш да го преживееш крајот на светот така што ќе го молиш Бог за помош и ќе постапуваш во склад со неговата волја

За да останеме живи, ние мора редовно да јадеме. Но, Исус рекол: „Човек не смее да живее само од леб, туку треба да живее и од секој збор што излегува од Јеховината уста“ (Матеј 4:4).

Денес Божјите зборови ги наоѓаме на страниците од Библијата. Додека ја проучуваш таа света книга ќе дознаеш што направил Бог за луѓето во минатото, што прави сега и што ќе направи во иднина.

МОЛИ ГО БОГ ЗА ПОМОШ

Што можеш да направиш ако сакаш да му бидеш послушен на Бог, но не ти е лесно да престанеш со некои работи за кои тој вели дека се погрешни? Во тој случај, ќе ти биде од голема корист ако добро го запознаеш Бог.

Размисли за една жена, што ќе ја наречеме Сузана, која порано водела неморален начин на живот. Кога почнала да ја проучува Библијата, дознала за Божјата заповед: „Бегајте од блуд“, односно од сексуален неморал (1. Коринќаните 6:18). Сузана го молела Бог да ѝ даде сила да престане со овој лош начин на живот, и успеала во тоа. Но, таа сѐ уште мора да се бори со искушенија. Сузана вели: „Кога ќе ми дојдат неморални мисли, отворено зборувам со Јехова во молитва, бидејќи знам дека не можам сама да се борам со ова. Молитвата многу ми помогна да станам блиска со Јехова“. Исто како Сузана, милиони луѓе учат за Бог и го запознаваат. Тој им ја дава потребната сила за да направат промени и да почнат да живеат на начин со кој ќе го радуваат (Филипјаните 4:13).

Колку подобро ќе го запознаваш Бог толку повеќе тој ќе те запознава тебе како свој скапоцен пријател (Галатите 4:9; Псалм 25:14). Така ќе можеш да го преживееш крајот на овој свет и да живееш во Божјиот нов свет. Но, каков ќе биде тој нов свет? Одговорот ќе го дознаеш во следната статија.

a Јехова е името на Бог кое го дознаваме од Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели