ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 117
  • Како социјалните мрежи влијаат врз мене?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како социјалните мрежи влијаат врз мене?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како социјалните мрежи влијаат врз моето време?
  • Како социјалните мрежи влијаат врз мојот сон?
  • Како социјалните мрежи влијаат врз моите чувства?
  • Што ако моите родители не ми дозволуваат да користам социјални мрежи?
    Младите прашуваат
  • Врвен здравствен експерт предупредува за штетното влијание на социјалните мрежи врз младите — што вели Библијата?
    Разно
  • Социјални мрежи — дали се штетни за твоето дете? Како може Библијата да им помогне на родителите
    Разно
  • Дали сум зависник од електронски медиуми?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 117
Една тинејџерка гледа во својот телефон. Таа е опкружена со различни емоџи.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како социјалните мрежи влијаат врз мене?

Дали твоите родители ти дозволуваат да користиш социјални мрежи? Ако да, оваа статија ќе ти помогне на три важни полиња од твојот живот.

Овде ќе дознаеш:

  • Како социјалните мрежи влијаат врз моето време?

  • Како социјалните мрежи влијаат врз мојот сон?

  • Како социјалните мрежи влијаат врз моите чувства?

  • Што велат некои млади

Како социјалните мрежи влијаат врз моето време?

Користењето социјални мрежи е како да јаваш темпераментен коњ — мора да го држиш под контрола, во спротивно тој ќе те контролира тебе.

„Ќе се вклучам на некоја социјална мрежа — само кратко да проверам нешто — но, потоа останувам со часови. Социјалните мрежи може да создадат зависност и да ти го потрошат времето“ (Џоана).

Дали си знаел? Социјалните мрежи се направени да создадат зависност. Веб дизајнерите знаат дека рекламната индустрија е спремна да плаќа повеќе пари ако една интернет-страница е популарна и ако луѓето поминуваат многу време на неа.

Прашај се: „Дали често ми се случува да изгубам осет за времето додека гледам што има на некоја социјална мрежа? Дали би можел тоа време да го потрошам за покорисни работи?“

Што можеш да направиш. Одреди си колку време ќе поминуваш на некоја социјална мрежа, и потоа држи се за тој план.

Слика на која еден тинејџер истовремено е прикажан во две различни ситуации. 1. Тој лежи на креветот со слушалки на ушите и е задлабочен во телефонот. 2. Тој ужива играјќи кошарка надвор со своите пријатели.

Одреди си колку време ќе трошиш на социјалните мрежи

„Си поставувам тајмер на мојот телефон за да се заклучат одредени апликации откако веќе некое време сум ги користела. Откако некое време се држев за овој план, можев поурамнотежено да ги користам социјалните мрежи и да не трошам премногу време на нив“ (Тина).

Библиско начело: „Добро користете го времето што го имате“ (Ефешаните 5:16, фуснота).

Како социјалните мрежи влијаат врз мојот сон?

Повеќето експерти велат дека на тинејџерите им се потребни најмалку осум часа сон секоја ноќ, но многумина спијат помалку од тоа. Една причина е тоа што тинејџерите користат социјални мрежи наместо да спијат.

„Пред да си легнам го проверувам телефонот за да видам дали има нешто важно, но потоа трошам часови проверувајќи објави на социјални мрежи. Се трудам да прекинам со оваа лоша навика“ (Марија).

Дали си знаел? Недоволното спиење може да води до анксиозност и депресија. Според Џин Твенџи, професорка по психологија, недостатокот на сон е една од главните причини зошто луѓето не се чувствуваат среќно и задоволно. Таа додава дека, ако некој не спие доволно подолг временски период, тоа може да води до „сериозни проблеми со менталното здравје“.a

Прашај се: „Колку часови спијам секоја вечер? Дали ги проверувам социјалните мрежи кога е време за одмор и спиење?“

Што можеш да направиш. Навечер, чувај ги електронските уреди надвор од собата каде што спиеш. Секогаш кога е можно, немој да користиш електронски уреди два часа пред да си легнеш. Ако ти е потребен аларм да те разбуди, размисли дали би можел да користиш аларм што не е на телефон или таблет.

Слика на која една тинејџерка истовремено е прикажана во две различни ситуации. 1. Таа седи на креветот и се мачи да се расони. 2. Таа седи на креветот и радосно се растегнува.

Немој да користиш социјални мрежи пред да си легнеш

„Понекогаш го користам телефонот до доцна во ноќта, но се трудам да го сменам тоа. Сакам да станам позрел, а тоа вклучува и да бидам поодговорна личност. Си поставив за цел да си легнувам порано за да бидам доволно одморен и за да можам да ги завршам сите обврски следниот ден“ (Џереми).

Библиско начело: „[Проценете] што е најважно“ (Филипјаните 1:10).

Како социјалните мрежи влијаат врз моите чувства?

Според едно истражување, речиси половина од испитаните девојчиња на средношколска возраст изјавиле дека „постојано се чувствуваат тажно и безнадежно“. Социјалните мрежи може делумно да се причината за таквите чувства. „Колку повеќе време поминуваш на социјалните мрежи, споредувајќи се со другите, толку поверојатно е дека ќе се чувствуваш депресивно“, вели д-р Ленард Сакс.b

„Вообичаено е младите да се споредуваат со другите, а преку социјалните мрежи тоа е уште полесно. Можеш со часови да ги гледаш сликите што другите ги објавиле и да се споредуваш со нив или да гледаш како твоите пријатели се забавуваат и да си мислиш дека твојот живот е досаден во споредба со нивниот“ (Фиби).

Дали си знаел? Точно е дека социјалните мрежи можат да ти помогнат да останеш во контакт со пријателите, сепак многу е подобро кога разговараме лице в лице со нив. Д-р Николас Кардерас напишал: „Изгледа дека комуникацијата преку електронски уред не ја задоволува вистински нашата длабоко вкоренета потреба да имаме контакт со другите. Таквата комуникација не нѐ прави среќни, бидејќи како луѓе имаме потреба лично да разговараме со другите“.c

Прашај се: „Дали се чувствувам осамено кога гледам што прават пријателите? Дали мислам дека мојот живот е здодевен во споредба со навидум интересниот живот што моите пријатели го прикажуваат на сликите на социјалните мрежи? Дали се обесхрабрувам кога добивам малку или воопшто не добивам лајкови на некоја моја објава?“

Што можеш да направиш. Пробај да направиш пауза од социјалните мрежи — неколку денови, една седмица, па дури и еден месец. Поминувај повеќе време со пријателите лице в лице или преку телефон. Веројатно ќе забележиш дека чувствуваш помалку стрес и дека си посреќен додека паузираш од социјалните мрежи.

Слика на која една тинејџерка истовремено е прикажана во две различни ситуации. 1. Таа е тажна додека гледа слики од другите на својот телефон. 2. Таа ужива во разговорот со нејзините пријателки додека јадат сладолед надвор.

Можеш ли да поминуваш повеќе време со пријателите лице в лице?

„Сфатив дека, додека користев социјални мрежи, ми беше многу важно што прават другите. Откако ги избришав моите профили, се почувствував како голем камен да ми падна од рамениците. Така имав повеќе време за покорисни работи“ (Бриана).

Библиско начело: „Секој нека го испита своето дело, па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други“ (Галатите 6:4).

a Од книгата iGen.

b Од книгата Why Gender Matters.

c Од книгата Glow Kids.

Што велат некои млади

Фиби.

„Социјалните мрежи ми одземаа многу време, и не ме правеа посреќна. Одлучив да престанам да ги користам и сфатив дека не ми недостасуваат. Всушност, сега сум посреќна, покреативна и можам повеќе да се посветам на другите работи“ (Фиби).

Џејкоб.

„Одвреме-навреме паузирам од социјалните мрежи така што привремено ја бришам апликацијата. Тоа ми помага да не заборавам кои работи ми се навистина важни и да посветам време на нив. Има многу подобри работи кои би можел да ги правам наместо бесцелно да губам време на социјалните мрежи“ (Џејкоб).

Сиена.

„Можеби во иднина повторно ќе го активирам мојот профил. Но засега одлучив да не го користам. Наместо да си го трошам времето гледајќи што прават другите, сакам да правам нешто корисно во животот за себе. Поради социјалните мрежи лесно може да се случи да ги заборавиме своите цели, па дури и вистинските пријатели“ (Сиена).

Резиме: Како социјалните мрежи влијаат врз мене?

  • Дали влијаат врз моето време? Одреди си колку време ќе трошиш на некоја социјална мрежа и потоа држи се за тој план.

  • Дали влијаат врз мојот сон? Немој да користиш електронски уреди два часа пред да си легнеш.

  • Дали влијаат врз моите чувства? Направи пауза од социјалните мрежи и поминувај повеќе време со пријателите лице в лице.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели